Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 17.09. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 28-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 17.09. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 2 став 1 и член 24-б од Законот за изменување и дополнување на Законот
за основно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2007).
(Реферат У.бр.101/2007)

2. Член 24 став 6 од Законот за полиција („Службен весник на Република
Македонија“ бр.114/2006).
(Реферат У.бр.81/2008)

3. Член 79 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/1997, 25/2000, 101/2000,
50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006 и 29/2007).
(Реферат У.бр.84/2008)

4. Член 86 ставови 1, 2 и 3 од Законот за извршување („Службен весник на
Република Македонија“ бр.35/2005, 50/2006 и 129/ 2006).
(Реферат У.бр.136/2008)

5. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од МЗ „Благој
Стефковски Гојчо“ и дел од МЗ „3-та МУБ“ урбан блок 44 и 48, донесена од
Советот на општина Куманово под. бр.07-72/4 од 30 јануари 2004 година (“Службен
гласник на општина Куманово бр.2/ 2004).
(Реферат У.бр.1/2008)

6. Точката 7 од Работната единица – „Механизација и одржување на кругот на
Фабриката“, предвидена во Правилникот за внатрешна организација на работењето и
систематизација на работните места во Фабриката за шеќер „4-ти Ноември“ АД
Битола, бр.0101-2387/1, донесен од Управниот одбор на Фабриката на 31 август
2007 година.
(Реферат У.бр.140/2008)