Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 25-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 9.07. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 25-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 9.07. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Членовите 200-к, 200-л, 200-њ, 200-п и 200-ф од Законот за здравствената
заштита („Службен весник на Република Македо­нија“ бр.38/1991, 46/1993,
55/1995, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006 и 5/2007) и
– Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на
здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко-
консултативна стоматолошка здравствена заштита, донесен од Управниот одбор на
Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 9 февруари 2007 година
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.52 /2007).
(Реферат У.бр.126/2007)

2. – Членовите 3, 18 став 2, 24, 34, 35 ставови 2 и 3, 37 став 2, 46, 50, 51,
61, 63, 71, 75 и 81 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во
државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.4/2005 и
13/2007) и
– Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се
приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на
градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 26/
2008).
(Реферат У.бр.199/2007)

3. Член 26 став 7 во дел: „Доколку плановите не се доставуваат во утврдениот
рок, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на
уредување на просторот, ќе и укаже на општината дека е должна постапката за
нивно донесување да ја повтори согласно со овој закон,“; став 8; член 50
ставови 3-9 и став 10 во делот: „и урбанистичкиот проект од ставот 4“, и во
делот: „а урбанистичкиот проект од ставот 3 на овој член со решение го одобрува
министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на
работите од областа на уредување на просторот“ и член 52 став 5 од Законот за
просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.
51/2005 и 137/2007).
(Реферат У.бр.4/2008)

4. Член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/2008)
(Реферат У.бр.36/2008)

5. Поднасловот „Работа на судот во услови на штрајк“ и член 98 од Законот за
судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006 и 35/2008)
(Реферат У.бр.74/2008)

6. Член 381 и член 411 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр.15/1997, 44/2002 и 74/2004)
(Реферат У.бр.90/2008)

7. Член 174 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.
67/2007).
(Реферат У.бр.95/2008)

8. Одлука за основање на Државен студентски дом во Гостивар, број 19–3994/3 од
31 јули 2007 година, („Службен весник на Република Македонија” број 97/2007),
донесена од Владата на Република Македонија.
(Реферат У.бр.234/2007)

9. Одлука за донесување на измени и дополнување на Деталниот урбанистички план
за градска четврт од Дебар Маало 1 – Општина Центар, бр.07-1881/18 донесена од
Советот на Општината на 25 септември 2007 и објавена во „Службен гласник на
Општина Центар“ бр.10.
(Реферат У.бр.72/2008)

10. Точка 17 од Глава III на Упатството за начинот на извршување на налози за
извршување и решенија за присилна наплата кои ја задолжуваат трезорската сметка
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.137/2006).
(Реферат У.бр.96/2008)