Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 20-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.05. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 20-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.05. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 105 став 5 од Законот за странци (“Службен весник на Република
Македонија” бр.35/2006 и 66/2007).
(Реферат У.бр.179/2007)

2. Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007) и
тоа: член 13 став 2 точката 1 и точката 2, во делот: „прекршочна санкција,
односно“; член 83 став 2 точката 3 и точката 4, во делот: „прекршочна санкција,
односно“ и член 152 став 2 точка 5.
(Реферат У.бр.182/2007)

3. Член 3 став 1 точка 3 од Законот за експропријација („Службен весник на
Република Македонија“ бр.33/1995, 20/1998, 40/1999 и 31/2003) и член 1 и 2 од
Законот за дополнување на Законот за експропријација („Службен весник на
Република Македонија“ бр.46/ 2005).
(Реферат У.бр.200/2007)

4. Член 2-а став 1 во делот „освен ако поради посебен интерес не им се
доделат ексклузивни или посебни права“ и член 4 став 1 од Законот за јавните
претпријатија (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/1996, 6/2002,
40/2003 49/2006 и 22/2007)
(Реферат У.бр.262/2007)

5. Одлука за усвојување на измена и дополна на Детален урбанистички план на
град Гостивар за урбан блок 3-урбан модул 8, донесена од Советот на општина
Гостивар на 29 март 2006 година и заведена под број 07-41/1.
(Реферат У.бр.242/2007)

6. Поглавје 17 од Упатството за примена на Законот за данокот на додадена
вредност, број 08-9289/1 од 19 јуни 2000 година, донесено од министерот за
финансии.
(Реферат У.бр.258/2007)

7. Одлука за утврдување на висината на паричен надоместок, кој по основ на
партиципирање во доизградба на секундарната фекална канализација би
претставувал обврска на жителите на Долно Лисиче, број 07-233/1 од 10 јануари
2008 година, донесена од Советот на општина Аеродром („Службен гласник на
општина Аеродром“ бр.1/2008).
(Реферат У.бр.20/2008)

8. Одлуката за утврдување на трошоците и надоместокот за присуство на седници
и другите активности и обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија бр.
07-2278/2 од 26.12.2006 година („Службен гласник на општина Гевгелија“ бр.
24/2006), и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на
трошоците и надоместокот за присуство на седници и други­те активности и
обврски на членовите на Советот на општина Гевгелија бр.07-2706/2 од 30.11.2007
година („Службен гласник на општина Гевгелија“ бр.19/2007), и двете донесени од
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
(Реферат У.бр.34/2008)