Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 19-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 21.05. 2008
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 47 став 1 и член 48 став 1 од Законот за заштита на конкуренцијата
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.4/ 2005, 70/2006 и 22/2007).
(Реферат У.бр.46/2007)
2. Член 49 алинеја 6 и член 64 алинеја 5 од Законот за надворешни работи
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.46/ 2006).
(Реферат У.бр.225/2007)
3. Член 74 став 1 и 3 и член 287 став 1 и 5 од Законот за кривичната постапка
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.15/1997, 44/2002, 74/2004 и
15/2005-пречистен текст)
(Реферат У.бр.254/2007)
4. Член 17 од Правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторни
возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или да се
користат на нив („Службен весник на Република Македонија“ бр.134/2006, 9/ 2007,
156/2007 и 42/2008).
(Реферат У.бр.207/2007)
5. Одлука за донесување на Детален урбанистички план „Крсте Мисирков“ Кавадарци
донесена од Советот на општина Кавадарци број 07-811/3 од 15 октомври 2004
година, објавена во „Службен гласник на општина Кавадарци“ бр.37 од 20 октомври
2004 година.
Реферат У.бр.3/2008)
6. Правилник за начинот на издавањето под закуп и за критериумите за утврдување
на висината на закупнината за просторот и опремата на јавните здравствени
установи кои се издаваат под закуп („Службен весник на Република Македонија„ бр.
63/2004).
(Реферат У.бр.9/2008)
7. Член 26 став 2 и член 27 став 1 од Колективниот договор на Министерството за
внатрешни работи на Република Македонија („Службен весник на Република
Македонија“ бр.8/1998, 11/1998, 12/2000, 2/2003, 3/2004 и 16/2006).
(Реферат У.бр.35/2008)
8. – Одлука за донесување на Деталниот урбанистички план за дел од Месната
заедница „Крсте Мисирков“-Скопје, бр.07-2906/4 од 13 декември 2005 година,
донесена од Советот на општина Гази Баба и
– Согласност бр.13-1178 од 14 февруари 2005 година на Министерството за
транспорт и врски – Сектор за уредување на просторот.
(Реферат У.бр.44/2008)
9. Одлуката бр.23 од 11 мај 2007 година донесена од Управниот одбор на
здравствената станица на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
(Реферат У.бр.68/2008)
10. Решението за разрешување на Претседател на Советот на Општина Кисела Вода
број 07-1928/2 од 13.03.2008 година.
(Реферат У.бр.92/2008)