Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 16-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.04. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 16-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.04. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 35 став 2, 3 и 4, член 123 став 2 и 3, член 237 став 4, член 238 став
4, член 302 став 3, член 303 став 3, член 306, член 309, член 327 став 2 и 3,
член 330 став 5, член 333 став 4, член 403, член 404 став 1 и 2, член 405, член
406, член 407 став 3, член 409 став 2, член 419 став 3, член 420 став 5, член
421 став 3 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.
37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006 и
7/2008).
(Реферат У.бр.28/2008)

2. Одлуката за одложување заминување во пензија на претседателот на Судскиот
совет на Република Македонија бр.07-2137/1 од 24 декември 2007 година, донесена
од Судскиот совет на Република Македонија.
(Реферат У.бр.40/2008)

3. Одлуката за определување на висината на надоместокот на членовите на
комисиите, одборите и другите работни тела кои извршуваат работи за Советот на
општина Струга бр. 07-262/6 од 30.01.2008 година.
(Реферат У.бр.43/2008)