Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 26.03. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 12-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 26.03. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 8 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.
67/2007)
(Реферат У.бр.211/2007)

2. Член 60 став 4 алинеја 1, член 70 став 3 алинеја 1 и член 73 став 2 алинеја
1 од Законот за Народната банка на Република Македонија (“Службен весник на
Република Македонија” бр.3/ 2002, 51/2003, 85/2003, 40/2004, 61/2005 и
129/2006).
(Реферат У.бр.222/2007)

3. Член 174, 175 и 179 став 2 од Законот за банките („Службен весник на
Република Македонија“ бр.67/2007).
(Реферат У.бр.228/2007)

4. Глава „VI-а Солидарен фонд посмртна помош и чланарина“ и членовите 130-а,
130-б, 130-в и 130-г и членовите 43, 44, 55 и 56 од Законот за изменување и
дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен
весник на Република Македонија“ број 153/2007).
(Реферат У.бр.266/2007)

5. 1. Одлука за користење на јавните пешачки површини на подрачјето на
општината Центар, бр.07-463/5, донесена од Советот на Општината на 7 март 2006
година (“Службен гласник на општина Центар” бр.2/2006) и
2. Одлука за утврдување висината на надоместокот за изработка на проекти-
елаборати за користење на јавните пешачки површини на подрачјето на општината
Центар, бр.07-833/5, донесена од Советот на Општината на 27 април 2006 година
(“Службен гласник на општина Центар” бр.4/2006).
(Реферат У.бр.140/2007)

6. 1) Програмата за уредување на градежно земмјиште на подрачјето на Општина
Штип за 2007 година, бр.0701-423/1 од 8 февруари 2007 година („Службен гласник
на општина Штип“ бр.1/ 2007).
2) Член 6 од Правилникот за степенот на уреденост на градежното земјиште и
начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште според
степенот на уреденост („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/2001).
(Реферат У.бр.233/2007)

7. Одлука за донесување на измени и дополнувања на Детален урбанистички план за
Централно градско подрачје на Град Скопје „Мал Ринг“ Б1, Б2, Б3, Б4, Б5 и Б6 –
Скопје бр.08-2014/9 донесена од Советот на Општина Центар – Скопје на 9
октомври 2007 година.
(Реферат У.бр.5/2008)

8. Одлука за престанување на важење на Одлуката за прифаќање на старешините на
ЈНА, воените службеници и граѓанските лица на служба во ЈНА од страна на
Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2007).
(Реферат У.бр.26/2008)