Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 19.03. 2008
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. – Член 165 став 1 и 2, член 167 став 2 и 5 и член 169 од Законот за
авторските и сродни права („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2005
– пречистен текст) и
– Член 9 став 1 од Правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/2007)
(Реферат У.бр.97/2007)
2. – Член 11 став 1 точка 13 од Законот за пензиското и инвалидското
осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/1993, 3/1994,
14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005,
84/2005, 101/2005, 70/2006 и 153/2007).
– Одлука на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со која се ускратувало
правото на избор на осигуреникот кој стекнал услови за семејна и старосна
пензија (одлуката не е идентификувана).
(Реферат У.бр.208/2007)
3. Член 128 ставовите 3, 4 и 5 од Законот за градење („Службен весник на
Република Македонија“ бр.51/2005).
(Реферат У.бр.244/2007)
4. – Член 15 став 3 втора реченица во делот: „која важи две години од денот на
нејзиното издавање“ од Законот за државните службеници („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002,
98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005 – 108/2005
Пречистен текст, 61/2006, 36/2007).
– Член 5 и член 16 став 1 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите
за спроведување на стручниот и приправничкиот испит („Службен весник на
Република Македонија“ бр.85/ 2005 и 97/2007) и член 7 од Правилникот за
изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и критериумите
за спрoведување на стручниот и приправничкиот испит („Службен весник на
Република Македонија“ бр.97/2007), донесени од директорот на Агенцијата за
државните службеници.
(Реферат У.бр.264/2007)
5. Член 2 став 2 од Правилникот за начин и постапка за утврдување и одобрување
на користењето на повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија
произведена во мали хидроелектрани, бр.01-230/1, донесен од Регулаторната
комисија за енергетика на Република Македонија на 9 февруари 2007 година
(“Службен весник на Република Македонија” бр.16/2007).
(Реферат У.бр.38/2007)
6. Член 24 став 3 од Колективниот договор на Електростопанство на Македонија,
Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија во
државна сопственост – Скопје од 16 ноември 2005 година („Службен гласник на
ЕСМ“ бр.6/ 2005 од 30 ноември 2005 година).
(Реферат У.бр.183/2007)