Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.03. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 13.03. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Mакедонија“ бр.
59/2002, 60/2006 и 29/2007) и тоа: член 12 алинеи 7 и 9, член 12-а, член 18
ставовите 3 и 4, член 35 точка 5 и член 36.
(Реферат У.бр.78/2007)

2. – Член 26 ставови 2 и 3 од Законот за патните исправи на државјаните на
Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.67/1992,
20/2003, 46/2004 и 19/2007).
– Член 2-б став 2 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за
обрасците на патните исправи и визи на државјаните на Република Македонија, за
начинот на фотографирање за патните исправи и за водење на евиденција (“Службен
весник на Република Македонија” бр.40/2007), донесен од министерот за внатрешни
работи.
(Реферат У.бр.220/2007)

3. Член 69 од Законот за надворешни работи („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 46/2007).
(Реферат У.бр.223/2007)

4. Член 8 став 2, член 20 став 1 во делот: „по претходна согласност од Владата
на Република Македонија“ и член 47 во делот: во согласност со Владата на
Република Македонија„ од Законот за Народната банка на Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија„ бр.3/2002, 51/2003, 85/2003, 40/2004
и 61/2006).
(Реферат У.бр.230/2007)

5. Членот 23 став 1 од Законот за цивилните инвалиди од војната („Службен
весник на Социјалистичка Република Македонија„ бр.33/1976, 25/1979, 11/1981,
4/1985 и 12/1989 и „Службен весник на Република Македонија„ бр.17/1991, 38/1991
и 81/1999).
(Реферат У.бр.238/2007)

6. Член 3 став 3 од Законот за комунални такси („Службен весник на Република
Македонија“бр.61/2004, 64/2005 и 92/2007).
(Реферат У.бр.236/2007)

7. Одлука за определување на лицата на кои нема да се врши доделување
под закуп деловен простор со кој стопанисува ЈП ССДП на РМ, донесена од
Управниот одбор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на
Република Македонија, бр. 02-16538/34 од 22.12.2006 година и бр. 02-1077/9 од
23.01. 2008 година.
(Реферат У.бр.237/2007)

8. Правилникот за единствените критериуми и постапката за избор во наставно-
научни, наставни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот “Св.
Климент Охридски“ – Битола; Статутот на Полициската академија во Скопје и
Конкурсот за наставници и соработници на Полициската академија.
(Реферат У.бр.257/2007)