Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.01. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 4-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.01. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 5 став 4 во делот “и согласно со овој закон имаат овластување 24 часа
на ден”; член 7 точка 2) во делот “спроведува финансиска истрага за кривични
дела од областа на организиран финансиски криминал кои се гонат по службена
должност и” од Законот за финансиската полиција (“Службен весник на Република
Македонија” бр.55/2007).
(Реферат У.бр.151/2007)

2. а) Член 69 став 1, во делот: „критериуми за склучување на договори со
здравствените установи“ и алинеја 5 од Законот за здравственото осигурување
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2000, 34/2000, 96/2000,
50/2001, 11/2002, 31/ 2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007 и 36/2007), и
б) Член 1, во делот: „критериумите за склучување на договори со здравствените
установи и“, член 2, член 3, член 4, член 6, член 7, член 8 и член 9 од
Правилникот за начинот на плаќањето на здравствените услуги во примарната
здравствена заштита, донесен од Управниот одбор на Фондот за здравствено
осигурување на Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.
48/2001, 31/2003, 137/2006 и 25/2007).
(Реферат У.бр.169/2007)

3. Член 2 став 1 во делот: „еконономски, социјални, културни“ од Законот за
политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр.76/2004, 5/2007
и 8/2007).
(Реферат У.бр.188/2007)

4. Член 39 точка 8 од Законот за менталното здравје („Службен весник на
Република Македонија“ бр.71/2006)
(Реферат У.бр.202/2007)

5. Одлука за усогласување на постапки за продажба, давање под концесија и
долготраен закуп на имот во сопственост на Република Македонија, донесена од
Советот на Општина Чучер -Сандево, бр. 07-241/5 од 11.03.2006 година („Службен
гласник на Општина Чучер-Сандево“ бр. 1 од 24.03.2006 година).
(Реферат У.бр.201/2007)

6. Член 2-б став 3 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за
обрасците на патните исправи и визи на државјаните на Република Македонија, за
начинот на фотографирање за патните исправи и за водење на евиденција („Службен
весник на Република Македонија“ бр.40/2007).
(Реферат У.бр.252/2007)