Уставниот суд на Република Македонија на 26 ноември 2015 година, со почеток во 11,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.165/2014 за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на заштита од дискриминација по основ на политичка припадност.
Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Македонија во салата за седници на Судот.