Уставниот суд на Република Македонија на 3 февруари 2011 година, со почеток во 10,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.107/2010 за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Македонија во салата за седници на Судот.