Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 2 април 2014 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 36 став 1 точка 5 во делот
2. Националната установа-Центар за култура „Бели мугри“-Кочани, до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Според подносителот на иницијативата, со оспорената одлука се определува дека Управниот одбор на националната установа „дава согласност на актот за организација на работата и систематизација на работните места на установата и правилникот за плати“.
Според член 32 став 3 од Уставот, секој вработен има право на соодветна заработувачка, а согласно став 5 од истиот член, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Од изнесените уставни одредби јасно произлегувало дека со закон и со колективни договори се уредувале правата на вработените и нивната положба, при што на вработените мора да им се обезбеди правото на соодветна заработувачка.
Предлогот за укинување на оспорената одредба од Законот за културата бил во врска со член 28 став 2 точка 5 во делот:„ акт за распределба на плата“ кој бил укинат со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.196/2007 од 16.01.2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2008).
Поради наведеното, се предлага оспорената одредба од Законот да се укине.
3. Судот на седницата утврди дека според член 36 став 1 точка 5 од Законот за културата, управниот одбор на национална установа дава согласност на актот за организација на работата и систематизација на работните места на установата и правилникот за плати.
4. Според членот 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
По поднесувањето на иницијативата, со член 11 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/2014 од 5 март 2014 година), во членот 36 став 1 точка 5 зборовите:„ и правилникот за плати“ се бришат. Според член 30 од истиот закон, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Македонија“.
Со оглед на наведеното, произлегува дека сметано од 13 март 2014 година оспорената одредба од Законот за културата повеќе не е во правниот поредок на Република Македонија, поради што Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата и дека се настапени деловничките претпоставки за отфрлање на иницијативата.
5. Тргнувајќи од наведеното, Судот одлучи како во точка 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Елена Гошева и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.
У.бр.15/2014
2 април 2014 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева