Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеja 2 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седницата одржана на 25 декември 2013 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 42-е став 3 во делот
2. Стамен Филипов од Скопје до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на дел од членот 42-е од Законот означен во точкта 1 од ова решение.
Според подносителот на иницијативата оспорениот дел од членот 42-е од Законот не можел да опстои во правниот поредок на Република Македонија, затоа во членот 42-г од Законот прецизно биле одредени суштествените повреди на одредбите на постапката и тие во ниту еден случај не можеле да се одредуваат и со друг закон како што биле Законот за кривичната постапка, Законот за парничната постапка или Законот за вонпарничната постапка. Ова и од причини што во членот 42-г од Законот за управните спорови било предвидено дека суштествените повреди на наведениот закон не можеле да се предвидат во друг закон, освен во Законот за управните спорови.
Од овие причини смета дека со оспорениот дел од одредбата се повредувале членот 8 став 1 алинеи 1 и 3, членот 50 став 2 и членот 51 од Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека според членот 42-е став 3 од Законот за управните спорови, кога на седница на советот ќе се утврди дека пресудата против која е изјавена жалба се заснова на суштествена повреда на одредбите на овој или на друг закон или на погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, а пресудата веќе еднаш била укината, Вишиот управен суд ќе закаже расправа и мериторно ќе одлучи.
Одредбата се оспорува во делот: „или на друг“.
4. Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Според член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Во конкретниот случај, Судот, со Решение У бр.225/2010 од 28 декември 2011 година, по повод иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, не повел постапка за оценување на уставноста на членот 42-е во делот: „или на друг“ од Законот за управните спорови, бидејќи утврдил дека со оспорениот дел од одредбата не се повредуваат членот 8 став 1 алинеите 1 и 3, членот 50 став 2, членот 51 и Амандманот XXI со кој е заменет членот 15 од Уставот.
Во овој предмет, подносителот на иницијативата, повторно бара Судот да се впушти во оцена на оспорениот дел од членот 42-е од Законот и тоа врз основа на идентични наводи како во постапката по предметот У.бр.225/2010.
Врз основа на наведеното произлегува дека оспорениот дел од одредбата веќе бил предмет на оценување пред Уставниот суд на Република Македонија, по повод идентични наводи, на ист подносител на иницијативата, од каде во конкретниот случај нема основи за поинакво одлучување.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претсе-дателот на Судот Елена Гошева и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.
У.бр.150/2013
25 декември 2013 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева