Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 70/1992), на седницата одржана на 17 април 2013 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план “Долно Водно” Општина Центар-Скопје, број 07-2780/22 од 05.04.2012 година, донесен од Советот на Општина Центар-Скопје на 75-та седница одржана на 05.04.2012 година, објавен во Службен гласник на Општина Центар број 4/2012 од 09.04.2012 година.
2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија донесени, односно преземени врз основа на Одлуката означена во точката 1 од оваа решение.
3. Коста Јанковски од Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот, означен во точката 1 од ова решение.
Според наводите во иницијативата, Советот на Општина Центар, донел план, кој се разликувал од последно изложениот план по повод повторната јавна презентација и јавна анкета, односно дека по завршувањето на постапката, била направена дополнителна измена на планот кој бил на увид на граѓаните. Имено, според последно изложениот план од последната јавна анкета, неговата градежна парцела била означена со А1, основ за градба, а со донесениот оспорен план основот за градба бил преин ачен со ознака А0. Исто така планот бил изменет и по однос планското решение по однос пристапната улица до градежната парцела на подносителот на иницијативата, односно со конечниот план, пристапот кон градежната парцела на подносителот бил отежнат.
Од наведените причини, со оглед дека на подносителот на иницијативата не му било овозможено, да се произнесе по новонастанатата состојба во донесениот урбанистички план, со иницијативата се бара поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука, како и донесување на решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорената Одлука.
4. Судот, на седницата утврди дека Советот на Општина Центар-Скопје, врз основа на член 15 став 1 точка 1 алинеја 3 и член 26 од Статутот на Општината Центар-Скопје (“Службен гласник на Општина Центар-Скопје” број 1/06) и член 26 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/2011), на 75-та седница одржана на 05.04.2012 година, донел Одлука за донесување на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Долно Водно, Општина Центар-Скопје.
Во членот 1 од Одлуката е предвидено дека со истата се донесува Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Долно Водно, Општина Центар, Скопје, согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје” број 08/2002, Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл ужбен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/2011), Правилникот за поблиската содржина размер и начин на графичка обработка на урбанистичките планови (“Службен весник на Република Македонија” број 78/2006) и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” број 142/2010, 64/2011 и 98/2011).
Во членот 2 од Одлуката е определена границата на планскиот опфат.
Во членот 3 од Одлуката е наведена содржината во утврдените граници на опфатот од членот 2 и тоа: документациона основа, намена на земјиштето, планска документација, сообраќај, паркирање, комунална инфраструктура, атмосферска канализација, фекална канализација, електро-енергетика со локација на објекти, П.П.Т. мрежа и објекти, топлификација, услови за изградба, како и графички дел со документациона основа и планиран развој.
Во членот 4 од Одлуката се наведени составните делови на одлуката и тоа: текстуален дел на планот; графички прилози; нумерички дел; услови за градба; Програма за урбано планирање “Ф” на Општина Центар за 2011 година, број 07-4297/2 од 29.12.2010 година и Програма за дополнување на Програмата за урбано планирање “Ф” на Општина Центар за 2011 година, донесена од Советот на општината, број 07-1193/2 од 18.03.2011 година; Планска програма изработен од изготвувачот на планот од април 2011; Стручна ревизија на планот изготвен од АД за урбанизам, архитектура и инженеринг “ЗУАС”-Скопје, од април 2011 година; Одговор на Стручната ревизија од изготвувачот на планот од мај 2011 година; Решение од градоначалникот на Општина Центар за формирање Комисија за давање Мислење по планот, број 08-1140/1 од 10.03.2011 година; Мислење по Предлог планот од Комисијата формирана од градоначалникот на Општина Центар, број 08-2175/1 од 18.05.2011 година; Одговор на Мислењето од Комисијата од изготвувачот на планот од мај 2011 година; Решение за Јавна презентација и јавна анкета по Предлог планот, број 08-2267/1 од 26.05.2011 година; Соопштение за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог планот, број 08-2267/2 од 26.05.2011 година и доказ за објава во две јавни гласила; Решение за формирање на Стручна комисија за изготвување на Извештај од Јавна презентација и Јавна анкета, број 08-2267/3 од 14.06.2011 година; Записник од спроведената Јавна презентација, број 25-652/24 од 14.06.2011 година; Извештај од Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог планот, број 25-652/25 од 14.06.2011 година; Заклучок за постапување по Извештај по спроведена Јавна анкета и Јавна презентација, број 25-652/26 од 14.06.2011 година; Решение за повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог планот, број 08-2267/4 од 08.08.2011 година; Соопштение за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог планот, број 08-2267/5 од 08.08.2011 година и доказ за објава во две јавни гласила; Решение за формирање на Стручна комисија за изготвување на Извештај од повторна Јавна презентација и Јавна анкета, број 08-2267/6 од 30.08.2011 година; Записник од спр оведената повторна Јавна презентација по Предлог планот, број 25-652/35 од 31.08.2011 година; Извештај од спроведена повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог планот, број 25-652/36 од 31.08.2011 година; Известување за постапување по Извештај по спроведена повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог планот, број 25-652/37 од 31.08.2011 година; Мислење по Предлог планот од Град Скопје, број 13-4931/1 од 15.12.2011 година; Мислење од Дирекција за заштита и спасување, Подрачно одделение за заштита и спасување-Центар, број 10-129/2 од 13.04.2011 година; Мислење од ЈП Водовод-Скопје, број 1202-3408/2 од 19.12.2011 година и Мислење од Министерството за култура-Управа за заштита на културното наследство, број 17-189/4 од 24.08.2011 година; Мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање, број 08-7116/2 од 14.09.2011 година; Мислење од АД ГА-МА-Скопје, број 0308-1491/1 од 09.06.2011 година; Одговор од Друштво за дистрибуција на топлинска енергија “Дистрибуција на топлина” ДООЕЛ-Скопје, број 01-517/1 од 15.08.2011 година; Мислење од ЕВН-Македонија АД Скопје, КЕЦ Скопје, број 27-407/1 од 02.02.2012 година и Согласност од Министерството за транспорт и врски-Сектор за уредување на просторот, број 16-2987/2 од 07.03.2012 година.
Во членот 5 од Одлуката, се наведени административните работи во врска со заверка на предметниот план, бројот на примероците, чувањето, доставувањето на органите и местото на изложување на планот заради достапност на јавноста.
Во членот 6 од Одлуката е наве дена обврската на Секторот за урбанизам во Општина Центар-Скопје, во рок од 30 дена од донесување на предметниот план, да обезбеди картирање на планот на хамер или астралон, како и обврска за предавање на картираните подлоги на Агенцијата за катастар на недвижности на чување и користење.
Во членот 7 од Одлуката е наведена обврска за чување и грижа за реализација на Одлуката за донесување на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Долно Водно, Општина Центар-Скопје со сите нејзини делови од страна на Секторот за урбанизам во Општина Центар-Скопје.
Во член 8 од оваа одлука е предвидено дека истата влегува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на општина Центар“-Скопје.
Одлуката е донесена под број 07-2780/22 од 05.04.2012 година и е објавена во “Службен гласник на Општина Центар-Скопје” со број 4 од 9 април 2012 година.
5. Според член 8 став 1 алинеи 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се утврдени како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Условите и начинот на системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите и содржината на плановите, изработувањето и постапката за донесување на плановите, спроведувањето на плановите и следењето на реализацијата на плановите, надзорот и други прашања од областа на просторното и урбанистичко планирање се уредени со Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл ужбен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010, 18/2011 и 53/2011).
Постапката за донесувањето на оспорената Одлука отпочнала по влегувањето во сила на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање од 2005 година со погоре наведените измени и дополнувања на Законот. Оттука, анализата на правната и фактичката состојба се врши во однос на одредбите од Законот од 2005 година со неговите измени и дополнувања заклучно со последната измена и доплонување на Законот од 2011 година.
Видовите и содржината на плановите, како и постапката за нивно изработување и донесување се уредени во глава II од Законот за просторно и урбанистичко планирање како “Планирање на просторот”, во која се содржани членовите од 7-48 од Законот.
Co член 7 од овој закон се утврдени видовите планови кои се донесуваат во зависност од просторот кој е предмет на планирање, и тоа: просторни планови во кои спаѓа Просторен план на Република Македонија и урбанистички планови во кои спаѓаат генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место.
Cо членот 17 од Законот е уредено:
(1) За изработување на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон, општините и градот Скопје донесуваат годишна програма. Во годишната програма општините и градот Скопје можат да утврдат одредени планови заради економски развој на општината, да се донесат во постапка, пропишана во членот 24-а ставови (2), (3) и (4) на овој закон.
(2) Програмата од ставот (1) на овој ч лен, општините и градот Скопје ја доставуваат до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот и задолжително ја објавуваат во јавните гласила.
(3) Изработката на плановите од програмата од ставот (1) на овој член, се финансира од буџетот на општината и буџетот на градот Скопје.
(4) Градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје формираат Комисија составена најмалку од три члена од кои еден архитект со овластување за изработка на урбанистичките планови и две стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, која дава мислење на нацрт плановите од членот 7 точка 2 на овој закон и дава предлог до градоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документација. Градоначалникот на градот Скопје формира Комисија составена најмалку од пет члена од кои двајца архитекти со овластување за изработка на урбанистичките планови и три стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, која дава мислење на нацртот на Генералниот урбанистички план на градот Скопје. Во комисијата формирана од градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје е потребно најмалку еден член да не е лице вработено во општинската администрација, а во комисијата формирана од градоначалникот на градот Скопје најмалку два члена да не се лица вработени во администрацијата на градот Скопје.
(5) Заради ефикасно спроведување на политиката на планирање и уредување на просторот, општините, општините во градот Скопј е и градот Скопје се должни да обезбедат стручно следење на спроведувањето на плановите и да извршат согледување за степенот на реализација на плановите, заради подготвување на Програма за изработка на урбанистички планови.
(6) За обезбедување на стручност и јавност во процесот на просторното и урбанистичкото планирање советот на општината и Советот на градот Скопје формира партиципативно тело кое ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија за соодветната општина и градот Скопје. Партиципативното тело се состои од: претставници од советот, стручно лице од општинската администрација, истакнати стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, претставници од здруженија на граѓани и граѓани од подрачјето на општината. Бројот на претставниците се утврдува со статутот на општината и Статутот на градот Скопје и не може да биде поголем од десет члена.
(7) Изработката на плановите од програмата од ставот (1) на овој член можат да ја финансираат и заинтересирани правни и физички лица чиишто програмски барања и подрачја на интерес се прифатливи за општината и градот Скопје.
Со членот 21 од Законот е определено:
(1) На нацртот на плановите од членот 7 на овој закон се врши стручна ревизија со која се утврдува дека плановите се изработени во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
(2) Стручна ревизија на планот од членот 7 точка 1 на овој закон, врши стручна комисија што ја формира министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за работите од областа на просторното планирање и се состои од најмалку три члена од стручно-научни институции, истакнати научни и стручни работници од областа на просторното и урбанистичко планирање и од други области суштествени за изработка на планската документација.
(3) Стручна ревизија на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон финансирани од Буџетот на Република Македонија, и на државната урбанистичка планска документација врши стручна комисија што ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот. Стручната комисија се состои од најмалку три члена, од кои најмалку двајца се со овластување за носител на изработка на урбанистички планови.
(4) Стручна ревизија на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон финансирани од буџетот на општините и буџетот на градот Скопје и на локалната урбанистичка планска документација, врши овластено правно лице од членот 18 став (1) на овој закон, определено од градоначалникот на општината или градоначалникот на градот Скопје.
(5) Забелешките од стручната ревизија се вградуваат во нацртот на планот, а изработувачот на планот задолжително дава извештај за постапувањето по забелешките на стручната ревизија, до органот надлежен за донесување на планот. Стручната ревизија и извештајот за постапувањето по забелешките од стручната ревизија се составен дел на планот.
(6) Стручна ревизија не може да врши изработувачот на планот на кој се врши ревизија.
(7) Доколку изработувачот и донесувачот на урбанистичките планови од членот 7 точка 2 на овој закон, на државната и локалната урбанистичка планска документација и на проектот за инфраструктура, не ги прибават потребните податоци и информации согласно со членот 29 од овој закон, на истите не може да се врши стручна ревизија.
Во членот 22 став 1 на овој закон се утврдува дека плановите од членот 7 на овој закон се изработуваат во две фази, односно како нацрт на план и предлог на план.
Со членот 24 на овој закон е определено:
(1) По нацртот на деталниот урбанистички план, урбанистичкиот план за село и урбанистичкиот план вон населено место, општината спроведува јавна презентација и јавна анкета.
(2) Организирањето на јавната презентација и јавната анкета по плановите од ставот (1) на овој член, го врши градоначалникот на општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на советот за кој претходно е добиено мислење од комисијата од членот 17 став (4) на овој закон.
(3) За спроведената јавна презентација и јавна анкета се изработува извештај.
(4) За организирањето на јавна презентација и јавна анкета општината е должна писмено да ги извести субјектите од членот 29 на овој закон. Јавната анкета трае најмалку десет работни дена, во кој рок субјектите од членот 29 на овој закон како и сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот, на анкетни листови. Доколку в о овој рок субјектите од членот 29 на овој закон не достават забелешки и предлози, ќе се смета дека немаат забелешки и предлози на планското решение.
(5) Јавната презентација и јавната анкета од ставот (1) на овој член се спроведува со излагање на планот на јавно место кое се наоѓа во кругот на месната самоуправа.
(6) Јавната презентација е стручно презентирање на планот и се организира во простории и време што ќе го определи градоначалникот на општината.
(7) Извештај од јавната анкета со образложение за прифатените и неприфатените забелешки за плановите од ставот (1) на овој член, изработува стручна комисија формирана од градоначалникот на општината, која е составена од три члена, и тоа: носителот на изработка на планот, одговорно лице од општинската администрација надлежно за урбанистичко планирање и истакнат научен и стручен работник од областа на урбанистичкото планирање.
(8) Извештајот од ставот (6) на овој член е составен дел на одлуката за донесување на предлогот на планот.
(9) Врз основа на извештајот, комисијата од ставот (6) на овој член е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите забелешки или предлози.
(10) Доколку комисијата од став (7) на овој член оцени дека нацртот на планот со прифатените забелешки од јавната анкета претрпел значајни промени (промена на границата на урбанистичкиот опфат, промени на регулационите линии, промена на намената на земјиштето и промени во поголем обем на други параметри утврден и во планот), градоначалникот на општината за нацртот на планот со вградени забелешки во планот повторно спроведува јавна презентација и јавна анкета.
(11) Времето и местото каде што ќе биде изложен планот и спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета, задолжително се објавува со соопштение во најмалку две јавни гласила. Соопштението задолжително ги содржи податоците, местоположбата и површината на опфатот на планот.
Со членот 24-а од Законот е уредено:
(1) Урбанистичките планови за кои Владата на Република Македонија донела програма за приоритетна изработка согласно со членот 16 став (4) од овој закон се донесуваат по скратена постапка во која урбанистичкиот план се изработува и донесува како предлог на планот.
(2) На предлогот на планот се врши стручна ревизија согласно со членот 21 став (3) од овој закон се спроведува стручна расправа согласно со членот 23 од овој закон и се спроведува јавна презентација и јавна анкета согласно со членот 24 од овој закон. Јавната анкета трае десет работни дена и се организира во рок од три работни дена по добивање на одговор на стручното мислење од страна на изготвувачот на планот. Стручната расправа се одржува во периодот на времетраењето на јавната анкета, а извештајот од стручната расправа се изработува во рок од три дена по одржаната стручна расправа. Извештајот од јавната анкета се изработува во рок од пет работни дена по завршување на јавната анкета, а по извештајот на комисијата изработувачот на планот постапува во рок од седум работни дена.
(3) Комисијата од членот 17 став (4) на овој закон дава стручно мислење на предлогот на планот во рок од пет работни дена по доставувањето на предлогот на планот од страна на изработувачот.
(4) На предлогот на планот се бара согласност од органот на д ржавната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот која се издава во рок од пет дена од поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот. Предлогот на планот се донесува во рок од десет работни дена од приемот на согласноста.
Согласно член 25 став 1 од Законот, на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон, изработени во форма на нацрт на план се дава мислење од комисијата од членот 17 став (4) на овој закон, заради согледување на степенот на усогласеноста на плановите со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
Според ставот 2 на овој член од Законот, на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон изработени во форма на предлог план согласност дава органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот, со која се потврдува дека постапката за изработување на предлог планот е спроведена согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
Според ставот 3 од истиот член од Законот, согласноста од ставот (2) на овој член се дава во рок од 15 работни дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на донесувачот на планот. Доколку надлежниот орган за издавање на согласноста не одговори во наведениот рок, ќе се смета дека согласн оста е издадена.
Во ставот 4 на членот 25 од овој Закон, се предвидува дека по добивањето на согласноста од ставот 2 на овој член, планот се доставува до надлежниот орган за донесување.
Според ставот 5 од погоре наведениот член од Законот, градоначалникот на општината е должен најдоцна 15 дена по добивање на согласноста од ставот (2) на овој член да го достави предлогот на планот до Советот на општината, а советот е должен во рок од 15 дена од приемот на предлогот на планот да го стави на седница и да одлучи по истиот.
Според членот 26 став 7 од Законот, општините во градот Скопје, урбанистичките планови ги донесуваат по претходно добиено позитивно мислење од градоначалникот на градот Скопје – за што градоначалникот овластува стручно лице, дипломиран инженер архитект со најмалку три години работно искуство во областа на урбанистичкото планирање. Мислењето од градоначалникот на градот Скопје се издава во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот, а доколку не се издаде во определениот рок ќе се смета дека мислењето е дадено.
Со членот 28 став 5 од Законот е определено дека измени и дополнувања на плановите и делови од плановите од членот 7 на овој закон се вршат по истата постапка пропишана за нивно донесување.
Од изнесените законски одредби произлегува дека законодавецот во функција на обезбедување на уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата како темелна вредност на уставниот поредок на Републик а Македонија, утврдил прецизна регулатива во врска со планирањето на просторот, точно определувајќи ги плановите за просторно и урбанистичко планирање, нивната содржина и постапката за нивно донесување.
Oд приложената и прибавената документација произлегува дека при донесување на оспорената одлука биле преземени следниве дејствија:
-Програма за урбано планирање “Ф” на Општина Центар за 2011 година, број 07-4297/2 од 29.12.2010 година, донесена од Советот на Општина Центар;
-Програма за дополнување на Програмата за урбано планирање “Ф” на Општина Центар за 2011 година, број 07-1193/2 од 18.03.2011 година, донесена од Советот на Општина Центар;
-Планска програма за изработка на изменување и дополнување на Детален урбанистички план “Долно Водно”, Општина Центар, Скопје плански период 2011-2016, од изготвувачот на планот Друштво за планирање, проелтирање и инженеринг “ТАФА-ПЛАН”, од април 2011, тех.бр. 005/01/11;
-Стручна ревизија на изменување и дополнување на Детален урбанистички план Долно Водно, Општина Центар-Скопје, планиран развој 2011-2016 година, Предлог план, изготвен од А.Д. за урбанизам, архитектура и инженеринг “ЗУАС”-Скопје, од април 2011 година;
-Одговор на Стручна ревизија, изменување и дополнување на Детален урбанистички план Долно Водно, Општина Центар-Скопје, планиран развој 2011-2016 година, Предлог план, од изготвувачот на планот од мај 2011 година, технички број 005/01/11;
-Решение за формирање Комисија, донесено од градоначалникот на Општина Центар-Скопје, број 08-1140/1 од 10.03.201 1 година;
-Мислење по Предлог-планот од Комисијата формирана од градоначалникот на Општина Центар-Скопје, број 08-2175/1 од 18.05.2011;
-Одговор на мислење од Комисијата од изготвувачот на планот од мај 2011 година, тех. бр. 005/01/11;
-Решение за Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог- планот, број 08-2267/1 од 26.05.2011 година, во кое помеѓу деугото е наведено дека јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 27.05.2011 година до 09.06.2011 година;
-Соопштение за организирање Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог-планот, број 08-2267/2 од 26.05.2011 година;
-Изводи од дневни весници “Време“ и “Дневник“, двете од 27 мај 2011 година, во кои е објавено Соопштението за Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог-планот;
-Решение за формирање на Стручна комисија за изготвување на Извештај од Јавна презентација и Јавна анкета, број 08-2267/3 од 14.06.2011 година;
-Записник од спроведена Јавна презентација по Предлог-планот, број 25-652/24 од 14.06.2011 година;
Извештај од Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог-планот, во период од 27.05.2011 година до 09.06.2011 година, број 25-652/25 од 14.06.2011 година, за вкупно 80 доставени анкетни листови од граѓани и правни лица, од кои вкупно 26 прифатени и 4 делумно прифатени забелешки и предлози по предметниот Предлог-план;
-Приемна книга (лист) од Македонска пошта, вкупно 5 листови за извршена достава на Извештај од јавна анкета на 78 граѓани и правни лица;
-Заклучок за постапува ње по Извештајот по спроведена Јавна анкета и Јавна презентација по Предлог-планот, број 25-652/26 од 14.06.2011 година, односно заклучок на Комисијата за распишување на повторна Јавна анкета и Јавна презентација поради претрпени значајни промени на предметниот план по разгледувањето на анкетните листови;
-Решение за повторна Јавна презентација и Јавна анкета по предметниот Предлог-план, број 08-2267/4 од 08.08.2011 година, во кое помеѓу деугото е наведено дека јавната анкета ќе трае од 10.08.2011 година до 23.08.2011 година, односно 10 работни дена;
-Соопштение за организирање повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог-планот, број 08-2267/5 од 08.08.2011 година;
-Изводи од дневни весници “Нова Македонија“ и “Дневник“, двете од 10 август 2011 година, во кои е објавено Соопштението за повторена Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог-планот;
-Решение за формирање на Стручна комисија за изготвување на Извештај од повторена Јавна презентација и Јавна анкета, број 08-2267/6 од 30.08.2011 година;
-Записник од спроведена повторна Јавна презентација по Предлог-планот, број 25-652/35 од 31.08.2011 година;
Извештај од повторена Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог-планот, во период од 10.08.2011 година до 23.08.2011 година, број 25-652/36 од 31.08.2011 година, за вкупно 23 доставени анкетни листови од граѓани и правни лица, од кои вкупно 6 прифатени и 1 делумно прифатена забелешки и предлози по предметниот Предлог-план;
– Известување за постапување по Извештајот по спроведена повторна Јав на анкета и Јавна презентација по Предлог-планот;
– Приемна книга (лист) од Македонска пошта, вкупно 2 листови за извршена достава на Извештај од повторена јавна анкета на вкупно 23 граѓани и правни лица;
– Мислење по Предлог-планот, издадено од Град Скопје-Сектор за планирање и уредување на просторот, број 13-4931/1 од 15.12.2011 година;
– Мислење од Дирекцијата за заштита и спасување-Подрачно одделение за заштита и спасување Центар, број 10-129/2 од 13.04.2011 година;
– Мислење од ЈП Водовод-Скопје, број 1202-3408/2 од 19.12.2011 година;
– Мислење од Министерството за култура-Управа за заштита на културното наследство, број 17-189/4 од 24.08.2011 година, по Предлог-план, издадено;
– Мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање, број 08-7116/2 од 14.09.2011 година;
– Мислење од АД ГА-МА-Скопје, број 0308-1491/1 од 09.06.2011 година;
– Одговор од Друштво за дистрибуција на топлинска енергија “Дистрибуција на топлина” ДООЕЛ-Скопје, број 01-517/1 од 15.08.2011 година;
– Мислење од ЕВН-Македонија АД Скопје, КЕЦ Скопје, број 27-407/1 од 02.02.2012 година;
– Согласност од Министерството за транспорт и врски на предметниот Предлог-план, број 16-2987/2 од 07.03.2012 година;
– Одлука за донесување на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план “Долно Водно”, Општина Центар-Скопје, број 07-2780/22 од 05.04.2012 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје;
– Предметната Одлука е објавена во “Службен гласник на Општина Центар-Ск опје” број 4/2012 од 9 април 2012 година.
Во конкретниот случај, а од приложената и прибавена документација произлегува дека во постапката за донесување на оспорениот акт, биле спроведени две Јавни презентации и Јавни анкети по Предлог-планот, бидејќи по прво спроведената Јавна презентација и Јавна анкета, Комисијата заклучила дека Предлог-планот, поради вкупно прифатени 26 забелешки и предлози од вкупно 80 доставени анкетни листови на граѓани и правни лица, претрпел значајни промени, поради што донела Заклучок за повторување на Јавната презентација и Јавната анкета, како заинтересираните граѓани и правни лица, би можеле да се запознаат со содржината на изменетиот план.
На прво спроведената Јавна презентација и Јавна анкета, јавно бил изложен Предлог-планот со технички број: 005/01/11, со дата: Скопје, април 2011.
Од документацијата произлегува и дека по повод повторно спроведената Јавна презентација и Јавна анкета и јавното изложување на изменетиот Предлог-план, од доставени вкупно 32 анкетни листови од граѓани и правни лица, прифатени биле 6 анкетни листови со забелешки и предлози по однос изложениот Предлог-план, по кои забелешки и предлози постапил изготвувачот на планот и ги вградил во планот.
На второ спроведената Јавна презентација и Јавна анкета, јавно бил изложен Предлог-планот со технички број: 005/01/11, со дата: Скопје, јули 2011.
Сo иницијативата ce оспорува предметната одлука број 07-2780/22 од 05.04.2012 година, со наводи дека конечниот план со технички број 005/01/11, со дата: Скопје, февр уари 2012, донесен со оспорената одлука се разликува од последно изложениот Предлог-план, односно дека конечниот план не ги содржел планските решенија по однос класите на намена на земјиштето, односно градежната парцела сопственост од подносителот на иницијативата, вклучително и на поголемиот дел од соседните парцели, а кои претходно биле содржани во Предлог-планот кој бил изложен во јавноста. Имено, Предлог-планот бил изложен со една содржина видена од подносителот и граѓаните, а потоа планот бил донесен, но со изменета содржина, односно помеѓу другите и градежната парцела на подносителот на иницијативата претрпела промена, без негово барање за таква промена, а тоа во фазата на Јавна анкета е единствено можно со уважување на барање од анкетен лист.
Во конкретниот случај, утврдената класа на намена на земјиштето за градежната парцела сопственост од подносителот на иницијативата со Предлог-планот била означена како А1 Домување во станбени куќи, а со донесениот оспорен план, била преиначена на класа на намена на земјиштето означена како А0 Домување во станбени куќи со посебен режим, а воедно изменето било и планираното решение по однос на пристапната улица до градежната парцела, сопственост на подносителот на иницијативата, така што по однос ваквите измени на планските решенија, кои биле утврдени со Предлог-планот, подносителот се запознал откако бил донесен конечниот план, со што бил доведен до состојба на краен чин, без можност да се изјасни по истите.
Од увидот и споредба на изводот од Предлог-планот кој б ил изложен на последно спроведената Јавна анкета и Јавна презентација и изводот од конечниот план донесен со оспорената Одлука, произлегува дека планските решенија во делот од планот кои се оспоруваат со иницијативата, се разликуваат од планските решенија содржани во последно изложениот Предлог-план. Оттука, произлегува дека во конкретниот случај, на увид на граѓаните, јавно бил изложен Предлог-план со плански решенија, вклучително и планските решенија во врска и во однос на градежната парцела од подносителот на иницијативата, но кои плански решенија не се содржани и во конечниот план, односно тие се изменети.
Имено, од увид во Предлог-планот кој последно бил презентиран на јавноста и донесениот оспорен акт, а во делот што се оспорува со иницијативата, произлегува промена на поединечната класа на намена на земјиштето за градежната парцела сопственост на подносителот на иницијативата, и таа со јавно презентираниот Предлог-план, била означена како А1, кое има значење на домување во станбени куќи, а од увидот во донесениот оспорен план, произлегува промена на поединечната класа на намена од А1 на А0, со значење на домување во станбени куќи со посебен режим. Воедно, од увидот произлегува и видна промена на планското решение по однос пристапната улица до парцелата, сопственост на подносителот на иницијативата.
Според членот 30 од Правилникот за стандарди и нормативи (“Службен весник на Република Македонија“, број 142/2010, 64/2011 и 98/2011), а кој бил во примена во време на изработката на оспорениот план, класа та на намена А0 од групата на класи А-Домување, има значење на домување во станбени куќи со посебен режим на користење и заштита и ги опфаќа сите видови станбени куќи со висок стандард и вили за кои минималната површина на градежната парцела изнесува 500 м 2 , додека класата А1 од истата група на класи А-Домување, има значење на домување во станбени куќи која ги опфаќа сите видови станбени куќи со дворови: самостојни, двокуќи, куќи во низови, атриумски куќи и други, како градби со максимум три (3) станбени единици.
Имајќи предвид дека предметот на уредување со урбанистичките планови, помеѓу другото ја опфаќа и намената на земјиштето во рамките на планскиот опфат, вклучително и поединечната намена на земјиштата во планскиот опфат, произлегува дека предмет на запознавање на граѓаните и правните лица со планските решенија претставува севкупноста на уредувањето со урбанистичките планови (граница на планскиот опфат, регулациони линии, парцелација на градежното земјиште, површини за градење на градби определени со градежни линии, максимална висина на градбата изразена во метри до венец, намена на земјиштето и градбите, планско решение на секундарната сообраќајна мрежа со нивелманско решение и плански решенија на сите секундарни комунални и телекомуникациски инфраструктури). Оттука произлегува дека планирањето на просторот кое се врши во постапка и од надлежни органи има за цел задржување или менување на постојната состојба на просторот во постапка во која треба да бидат изразени и потребите на граѓаните што е концепт на законот, заради што и се спроведува јавната анкета. Секакво друго постапување и менување на планот надвор од она што е предвидено во нацрт планот и што не е резултат на јавната анкета во суштина ја обесмислува и ја обезличува целта на јавната анкета.
По однос содржината на урбанистичките планови, за Уставниот суд ирелевантно е со какви и кои содржини и плански решенија, тие се уредени, бидејќи не е во надлежност на овој суд да ја цени содржината на плановите, ниту пак да ги цени заклучоците за оправданоста или неоправданоста на прифатените или неприфатените забелешки и предлози по анкетни листови од граѓани, што е во надлежност на други стручни органи, туку во надлежност на Уставниот суд е да ја цени законитоста на постапката во која плановите се донесуваат, а клучно за постапката во која се донесуваат плановите е и нивното транспарентно изложување во јавноста, со цел истите да бидат достапни до граѓаните и правни лица заради нивно запознавање, односно заради овозможување, заинтересираните субјекти со свои предлози и забелешки преку анкетни листови, да се произнесат по однос планските решенија.
Според Судот, прашањето по однос на уставноста и законитоста на постапката во која е донесен оспорниот план, конкретно делот од планот кој се оспорува со иницијативата, не е во директна корелација со прашањето по однос на тоа дали планот со прифаќањето на забелешките и предлозите од повторното спроведување на Јавна анкета и Јавна презентација, претрпел значајни промени со вградувањето на прифатените предлози и з абелешки или тоа не е случај, туку прашањето е во директна врска со околноста дали планските решенија утврдени со Предлог-планот за кои немало забелешки, како такви, односно неизменети, се содржани и во конечниот план, што во конкретниот случај од документацијата произлегува дека тоа не е запазено, што доведува до правна несигурност и неизвесност за судбината на планските решенија по кои граѓаните немале забелешки, односно се согласилиле.
Според судот, со планираните решенија, битно е граѓанинот да биде запознат во текот на постапката за донесување на планот кога има можност за приговори по однос предложените плански решенија, а не потоа, по донесување на конечниот план, кога се исцрпени можностите за приговори со доставување на анкетен лист. Во оваа насока разбирливо е конечниот план да содржи разлики од оној кој бил јавно изложен, меѓутоа битно е тие разлики да резултираат од предлози и забелешки по однос плански решенија кои биле прифатени како оправдани, но, не и разлики во плански решенија по однос на делови од планот по кои граѓаните или правните субјекти немале забелешки и предлози.
Оттука, со оглед дека оспорениот план во делот кој се оспорува со иницијативата, не е истоветен како и Предлог-планот кој бил изложен по повод последно спроведената Јавна презентација и Јавна анкета, на начин што презентираниот Предлог-план во делот што се оспорува со иницијативата, претпрпел суштинска промена од аспект на поединечната класа на намена на земјиштето, вклучително и по однос на пристапниот пат, граѓанинот, во случајов подносителот на иницијативата, обесправен е во можноста да се изјасни по однос ново настанатата состојба.
При таква состојба, кога јавно изложен план на увид на граѓаните е со едни содржини, а се презентира конечен план со други содржини, на тој начин според Судот, се доведува во прашање принципот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, односно правната сигурност на граѓаните.
6. Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот оцени дека со вака донесената оспорена одлука, се доведува во прашање начелото на владеење на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата од член 8 став 1 алинеите 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, поради што во случајов се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.
У.бр.14/2013
17 април 2013 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски