Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 03 април 2013 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука број 07-1210/7; Одлука број 07-1210/8 и Одлука број 07-1210/9, донесени од Советот на општина Дојран на седницата одржана на 27 септември 2012 година и објавени во („Службен гласник на општина Дојран“ бр.09/2012 од 05 октомври 2012 година).
2. Глигор Чабулев во својство на градоначалник на Општина Дојран до Уставниот суд на Република Македонија поднесе три иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 на ова решение.
Поднесените иницијативи со кои посебно се оспоруваат наведените одлуки на Советот на општина Дојран со идентична содржина, односно истите се разликуват само по однос на субјектот на кој се однесуваат и бројот под кој се заведени.
Според наводите на иницијативите оспорените одлуки не биле во согласност со законските прописи и при нивното донесување биле пречекорени овластувањата на Советот на општина Дојран. Согласно постоечката урбанистичко-планска документација каде биле лоцирани објектите за кои се поведува постапка за легализација, намената на земјиштето била како јавна површина со намена за паркирање на моторни возила и претседателот на Советот на општина Дојран не побарал мислење по конкретната иницијатива од градоначалникот.
Со оглед на наведеното подносителот на иницијативите предлага Судот да ги поништи оспорените одлуки, а до донесување на конечна одлука, да изрече времена мерка.
3. Судот на седницата утврди дека во претходната постапка е утврдено дека градоначалникот на општина Дојран врз основа на член 5 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија “бр.05/2002) и член 33 од Статутот на општина Дојран („Службен гласник нз општина Дојран“бр.09/2006) донел:
Решение за запирање од објавување на одлуката со која се дава согласност за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.540, К.О.Стар Дојран на имателот Киро Костовски од Скопје бр.08-1159/8 од 07 септември 2012 година.
Решение за запирање од објавување на одлуката со која се дава согласност за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект со намена на станбена зграда и помошен објект на К.П.1689/1, К.О. Нов Дојран на имателот Боривој Бојаџиев од Нов Дојран, со бр.08-1159/7 од 07 септември 2012 година.
Решение за запирање од објавување на одлуката со која се дава согласност за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1609, К.О.Нов Дојран на имателот Поп Томов Горге од Валандово бр.08-1159/6 од 07 септември 2012 година.
Во наведените решенија донесени од градоначалникот на општината Дојран, а со кои се запира постапката за објавување на одлуките со кои се дава согласност за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект се наведува дека оспорените одлуки се враќаат на повторно разгледување на Советот на општинa Дојран.
Советот на општина Дојран на седницата одржана на ден 27 септември 2012 година по расправата по решенијата за запирање од објавување на одлуките со кои се дава согласност за поведување на правен статус на бесправно изградени објекти ги донесе следните одлуки:
I. Врз основа на член 18 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2011 и 54/2011), а во врска со член 51 став 2 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/2002), Советот на општина Дојран на седницата одржана на ден 27.09.2012 година по расправата по Решението за запирање од објавување на одлуката со која се дава согласност за поведување на правен статус на бесправно изграден објект со намена индивидуална стамбена зграда на К.П.1609, К.О. Нов Дојран на имателот Поп-Томов Горге од Валандово, ја донесе следната,
О Д Л У К А
Член 1
Со оваа Одлука се дава согласност за поведување постапка за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1609, К.О. Нов Дојран на имателот Поп-Томов од Валандово.
Член 2
Постапката за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект да продолжи согласно одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2011 и 54/2011).
Член 3
Оваа одлука влегува во сила во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување во „Службен гласник на општина Дојран“.
Број 07-1210/7
27 ноември 2012 година
Стар Дојран
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Дојран
Магдалена Шимова
II. Врз основа на член 18 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2011 и 54/2011), а во врска со член 51 став 2 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/2002), Советот на општина Дојран на седницата одржана на ден 27.09.2012 година по расправата по Решението за запирање од објавување на одлуката со која се дава согласност за поведување постапка за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект со намена стмабена зграда и помошен објект на К.П. 1689/1, К.О. Нов Дојран на имателот Боривој Бојаџиев од Нов Дојран, ја донесе следната,
О Д Л У К А
Член 1
Со оваа Одлука се дава согласност за поведување постапка за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1689/1, К.О. Нов Дојран на имателот Боривој Бојаџиев од Нов Дојран.
Член 2
Постапката за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект да продолжи согласно одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2011 и 54/2011).
Член 3
Оваа одлука влегува во сила во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување во „Службен гласник на општина Дојран“.
Број 07-1210/8
27 ноември 2012 година
Стар Дојран
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Дојран
Магдалена Шимова
III.Врз основа на член 18 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2011 и 54/2011), а во врска со член 51 став 2 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/2002), Советот на општина Дојран на седницата одржана на ден 27.09.2012 година по расправата по Решението за запирање од објавување на одлуката со која се дава согласност за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, помошен објект, на К.П. 540, К.О. Стар Дојран на имателот Киро Костовски од Скопје, ја донесе следната,
О Д Л У К А
Член 1
Со оваа Одлука се дава согласност за поведување постапка за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.540, К.О. Стар Дојран на имателот Киро Костовски од Скопје.
Член 2
Постапката за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект да продолжи согласно одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/2011 и 54/2011).
Член 3
Оваа одлука влегува во сила во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување во „Службен гласник на општина Дојран“.
Број 07-1210/9
27 ноември 2012 година
Стар Дојран
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Дојран
Магдалена Шимова
4. Според членот 110 алинеи 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Од називот и содржината на оспорените акти неспорно произлегува дека се поединечни акти со кои Советот на општина Дојран дава согласност за поведување постапка за усогласување на урбанистичкиот план заради утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, а не е пропис со кој на општ начин се уредуваат определени односи, односно прашања на неопределен број на субјекти во правото, што е карактеристично за секој вид на пропис.
Со оглед на тоа што оспорените одлуки не се пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија туку се поединечни, односно конкретни акти, Судот не е надлежен да ја оценува нивната согласност со Уставот на Република Македонија, поради што согласно цитираната деловничка одредба постојат услови иницијативата да се отфрли.
5. Тргнувајќи од наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Бранко Наумоски и судиите: и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева Исмаил Дарлишта Никола Ивановски, Јован Јосифовски, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.
У.бр.184/2012
03 април 2013 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски