Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 1 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седницата одржана на 13 февруари 2013 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување наравен статус на бесправно изграден објект на К.П.1475/2,К.О.Нов Дојран на имателот Стојан Андов бр.07-727/8 ,донесен од Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година.
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1512, К.О. Сретеново на имателот Тодор Чуков бр.07-727/9, донесен од Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година, и
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1513,К.О. Сретеново на имателот правното лице „Боки-М“ ДООЕЛ бр.07-727/10, донесен од Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година.
2. Глигор Чабулев градоначалник на општина Дојран на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијативи за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Заклучоците означени во точката 1 од ова решение.
Според подносителот на иницијативата оспорените Заклучоци не биле во согласност со Законот за постапување на бесправно изградени објекти од причина што советот на општината при донесување на заклучоците се повикал на членот 18 наместо да го почитува членот 19 од наведениот закон како и со Правилникот за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планска документација („Службен весник на Република Македонија бр.56/2011“) врз основа на кој се врши усогласување на намената на земјиштето.Согласно постоечката урбанистичко-планската документација каде се лоцирани објектите за кои се поведува постапка за легализација намената на земјиштето е јавна површина и тоа: изградба на сообраќајна инфраструктура, тротоар со паркиг простор и тротоар за движење на пешаци .
Со оглед на наведеното подносителот на иницијативата предлага Судот да ги поништи оспорените Заклучоци, а до донесување на конечна одлука да изрече времена мерка.
3. На седницата судот утврди дека Советот на општина Дојран врз основа на член 18 од Законот за постапување со беспрано изградени објекти („Службен весник нз Република Македонија“бр.23/2011 и 54/2011) на седницата одржана на 28 мај 2012 донел:
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1475/2,К.О.Нов Дојран на имателот Стојан Андов бр.07-618/16.
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1512,К.О. Сретеново на имателот Тодор Чуков бр.07-618/15 и
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објектна К.П.1513,К.О. Сретеново на имателот правното лице „Боки-М“ ДООЕЛ бр.07-618/14.
По донесување на наведените Заклучоци градоначалникот на општина Дојран на 7 јуни 2012 година донел:
– Решение бр.08-671/15 за запирање од објавување на Заклучокот со кое се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1475/2,К.О.Нов Дојран на имателот Стојан Андов бр.07-618/16.
– Решение бр.08-671/14 за запирање од објавување на Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1512,К.О. Сретеново на имателот Тодор Чуков бр.07-618/15 и
– Решение бр.08-671/13 за запирање од објавување на Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објектна К.П.1513,К.О. Сретеново на имателот правното лице „Боки-М“ ДООЕЛ бр.07-618/14.
Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година, по расправата по наведените Решенија за запирање на постапката за објавување на Заклучоците со кои се дава согласност за поведување на постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти ,а согласно членот 18 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти донел:
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1475/2,К.О.Нов Дојран на имателот Стојан Андов бр.07-727/8 ,донесен од Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година.
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на К.П.1512, К.О.Сретеново на имателот Тодор Чуков бр.07-727/9, донесен од Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година, и
– Заклучок со кој се дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објектна К.П.1513,К.О. Сретеново на имателот правното лице „Боки-М“ ДООЕЛ бр.07-727/10, донесен од Советот на општина Дојран на 29 јуни 2012 година.
Во наведените Заклучоци донесени од Советот на општината Дојран, а со кои се дава согласност за поведување на постапка за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти се наведува дека постпката за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти да продолжи согласно одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти како и тоа дека секој од наведените Заклучоци влегува во сила во рок од 8 дена од денот на објавување во „Службен гласник на општина Дојран“.
4. Според членот 110 алинеи 1 и 2 од Уставот,Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Од називот и содржината на оспорените акти неспорно произлегува дека тие се поединечни акти со кој Советот на општина Дојран дава согласност за поведување постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, а не е прописи со кои на општ начин се уредуваат определени односи, односно прашања на неопределен број на субјекти во правото, што е карактеристично за секој вид на пропис.
Со оглед на тоа што оспорените заклучоци не се прописи во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија туку се поединечни, односно конкретни акти, Судот оцени дека не е надлежен да ја оценува нивната согласност со Уставот на Република Македонија и со Законот за постапување на бесправно изградени објекти, поради што согласно цитираната деловничка одредба иницијативите се отфрлаат.
5. Врз основа на изнесеното,Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседа-телот на Судот Бранко Наумоски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски,Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.
У.бр.196/2012
13 февруари 2013 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски