101/2012-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 70/1992), на седницата одржана на 5 декември 2012 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1 “Тафталиџе 1 Север-Југ, Општина Карпош-Скопје”, број 07-3743/1 од 08.06.2012 година, донесен од страна на Советот на Општина Карпош, објавен во Службен гласник на Општина Карпош, број 7/2012 од 11.06.2012 година.

2. Борис Ношпал, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот, означен во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата, со донесениот Детален урбанистички план не се уредувал и хуманизирал просторот и не се унапредувала животната средина и природата, туку се уназадувала постоечката. Тоа можело да се утврди од Известувањето на Министерството за транспорт и врски, број 16-1236/2 од 13.02.2012 година, со кое не била издадена согласност на Предлог Деталниот урбанистички план, а документацијата била вратена на доработка, но според наводите од иницијативата по Советот на Општина Карпош не постапил по укажувањата за отстранување на недостатоците и забелешките.

Исто така, за предметниот Детален урбанистички план, не бил донесен за планск и опфат за кој бил донесен генерален урбанистички план, а предметниот план, како план од пониско ниво, согласно членот 11 став 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, требал да биде услогласен со генералниот урбанистички план.

Се наведува и дека за изработување на оспорениот Детален урбанистички план, Општината Карпош и Градот Скопје, немале донесено годишна програма, што не било во согласност со членот 17 став 1 и 2 од Законот.

За обезбедување на стручност и јавност во процесот на просторното и урбанистичкото планирање Советот на Општината Карпош и Советот на Градот Скопје, немале формирано партиципативно тело кое ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица и следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија на Општина Карпош и Градот Скопје, што не било во согласнсот со членот 17 став 6 од Законот.

Во иницијативата се наведува и дека по нацрт на Деталниот урбанистички план, не била спроведена јавна презентација и јавна анкета и немало извештај од јавната анкета со образложение за прифатените и неприфатените забелешки, како што предвидувал членот 24 од Законот. Всушност, според наводите од иницијативата, биле испратени писма до подносителите на анкетните листови, но од истите се гледало дека тие биле доставени до подносителите од страна на Општина Карпош-Сектор за урбанизам, наместо од Комисијата од став 6 на членот 24 од Законот, а и тие биле без образложение за прифаќање или неприфаќање на нивните з абелешки или предлози и без потпис и печат на писмените известувања, што ја правело постапка незаконита.

Немало ниту доказ дека соопштението за одржување на јавна анкета и јавна презентација било уредно испратено за огласување во јавните гласила и дека било објавено во јавните гласила, како што предвидувал членот 24 став 11 од Законот. Оттука, спорно било дали граѓаните дознале за нацрт-планот по пат на соопштение преку јавни гласила како што упатувал Законот.

На изработениот Детален урбанистички план во форма на нацрт-план, не било обезбедено стручно мислење од комисијата од членот 17 став 4 од Законот, што било спротивно и на членот 25 став 1 од Законот.

При изработувањето на оспорениот Детален урбанистички план не биле применети ниту стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, односно не бил применет Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, како и Правилникот за поблиска содржина и начинот на графичка обработка на плановите и за начинот и постапката за донесување на урбанистички планови, што не било во согласност со членот 31 од Законот. Оттука, произлегувало дека со таквото урбанистичко планирање како што бил случајот со предметниот Детален урбанистички план, не се обезбедувало зголемување на степенот на хуманост на живеењето и подобрување на условите за работа и живот со плански одредби, кои воведувале повисоки стандарди во однос на постојната состојба или во однос на претходниот план, што било спротивно на член 4 од Законот и член 4 став 1 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

Од сето погоре изнесено, подносителот на иницијативата заклучува дека при донесувањето на оспорениот Детален урбанистички план, не биле испочитувани сите фази на постапката предвидени со важечките прописи, како и одредбите од Законот за градот, па от тие причини оспорениот Детален урбанистички план не бил во согласност со членот 8 став 1 алинеите 3 и 10 и членот 51 од Уставот на Република Македонија, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градот Скопје, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Правилникот за поблиска содржина и начинот на графичка обработка на плановите и за начинот и постапката за донесување на урбанистички планови.

Од тие причини, со иницијативата се предлага поведување на псотапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот Детален урбанистички план, поништување на истиот, а се предлага и донесување на решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука за донесување на оспорениот Детален урбанистички план, заради спречување на настанување на тешко отстранливи последици.

3. Судот, на седницата утврди дека Советот на Општина Карпош-Скопје, врз основа на член 26 став 4 алинеја 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање “Службен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007 и 91/2009, 124/2010 и 18/2011) и член 16 од Статутот на Општината Карпош (“Службен гласник на Општина Карпош” број 1/06), на п едесет и третата седница, одржана на 8 јуни 2012 година, донел Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје.

Во членот 1 од Одлуката е определено дека со истата се донесува предметниот Детален урбанистички план, изработен според одредбите за спроведување на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, Законот за просторно и урбанистичко планирање, барањата во Програмата за содржината на Планот, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Правилникот за поблиска содржина и начинот на графичка обработка на плановите и за начинот и постапката за донесување на урбанистички планови.

Во членот 2 од Одлуката се определени границите на планскиот опфат.

Со членот 3 од Одлуката е определена содржината на опфатот на Деталниот урбанистички план.

Во членот 4 од Одлуката се наведени составните делови на Одлуката и тоа: Текстуален дел, Графички прилози, Основни параметри за уредување на просторот и Табеларен приказ на урбанистичките параметри.

Според членот 5 од Одлуката, Деаталниот урбанистички план се заверува со печат на Општина Карпош и потпис на Претседателот на Советот на Општината.

Во членот 6 од одлуката се наведени административните работи во врска со заверка на предметниот план, бројот на примероците, чувањето, до кои органи се доставува примерок од планот и изложување на планот кај донесувачот заради достапност на јавноста.

Со членот 7 од оваа одлука е предвидено дека истата влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на општина Карпош”.

Одлуката е донесена под бр.07-3743/1 од 08.06.2012 година и е објавена во „Службен гласник на општина Карпош” број 7 на 11.06.2012 година.

4. Според член 8 став 1 алинеи 3 и 10 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се утврдени како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Условите и начинот на системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите и содржината на плановите, изработувањето и постапката за донесување на плановите, спроведувањето на плановите и следењето на реализацијата на плановите, надзорот и други прашања од областа на просторното и урбанистичко планирање се уредени со Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/10, 18/11 и 53/2011).

Постапката за донесувањето на оспорената Одлука отпочнала по влегувањето во сила на актуелниот Закон за просторно и урбанистичко планирање од 2005 година со сите негови измени и дополнувања, вклучетелно и измените и дополнувањата на Законот во “Службен весник на Република Македонија” број 18/2011. Оттука, анализата на правната и фактичката состојба се врши во однос на одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007, 91/2009, 124/2010 и 18/2011.)
Co член 7 од овој закон се утврдени вид овите планови кои се донесуваат во зависност од просторот кој е предмет на планирање, и тоа: просторни планови во кои спаѓа просторен план на Република Македонија и урбанистички планови во кои спаѓаат генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план надвор од населено место.

Cо членот 17 од Законот е уредено:

(1) За изработување на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон, општините и градот Скопје донесуваат годишна Програма. Во годишната програма општините и градот Скопје можат да утврдат одредени планови заради економски развој на општината, да се донесат во постапка, пропишана во членот 24-а ставови (2), (3) и (4) на овој закон.

(2) Програмата од ставот (1) на овој член, општините и градот Скопје ја доставуваат до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот и задолжително ја објавуваат во јавните гласила.

(3) Изработката на плановите од програмата од ставот (1) на овој член, се финансира од буџетот на општината и буџетот на градот Скопје.

(4) Градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје формираат Комисија составена најмалку од три члена од кои еден архитект со овластување за изработка на урбанистичките планови и две стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, која дава мислење на нацрт плановите од членот 7 точка 2 на овој закон и дава предлог до градоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документација. Градоначалникот на градот Скопје формира Комисија составена најмалку од пет члена од кои двајца архитекти со овластување за изработка на урбанистичките планови и три стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, која дава мислење на нацртот на Генералниот урбанистички план на градот Скопје. Во комисијата формирана од градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје е потребно најмалку еден член да не е лице вработено во општинската администрација, а во комисијата формирана од градоначалникот на градот Скопје најмалку два члена да не се лица вработени во администрацијата на градот Скопје.

(5) Заради ефикасно спроведување на политиката на планирање и уредување на просторот, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни да обезбедат стручно следење на спроведувањето на плановите и да извршат согледување за степенот на реализација на плановите, заради подготвување на Програма за изработка на урбанистички планови.

(6) За обезбедување на стручност и јавност во процесот на просторното и урбанистичкото планирање советот на општината и Советот на градот Скопје формира партиципативно тело кое ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија за соодветната општина и Градот Скопје. Партиципативното тело се состои од: претставници од советот, стручно лице од општинската администрација, истакнати стручни лица од областа на урбанистичкото планирање, п ретставници од здруженија на граѓани и граѓани од подрачјето на општината. Бројот на претставниците се утврдува со статутот на општината и Статутот на градот Скопје и не може да биде поголем од десет члена.

(7) Изработката на плановите од програмата од ставот (1) на овој член можат да ја финансираат и заинтересирани правни и физички лица чиишто програмски барања и подрачја на интерес се прифатливи за општината и градот Скопје.

Членот 18 став 1 од Законот, определува дека изработување на урбанистички планови вршат правни лица кои поседуваат лиценца, органот надлежен за издавање на лиценца и условите кои треба да ги исполни правното лице за добивање на лиценца.

Со членот 21 од Законот е определено:

(1) На нацртот на плановите од членот 7 на овој закон се врши стручна ревизија со која се утврдува дека плановите се изработени во согласност со одредбите на овој закон, прописите донесени врз основа на овој закон и друг закон.

(2) Стручна ревизија на планот од членот 7 точка 1 на овој закон, врши стручна комисија што ја формира министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за работите од областа на просторното планирање и се состои од најмалку три члена од стручно-научни институции, истакнати научни и стручни работници од областа на просторното и урбанистичко планирање и од други области суштествени за изработка на планската документација.

(3) Стручна ревизија на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон финансирани од Буџетот на Република Македонија, и на државната урбанистичка планска доку ментација врши стручна комисија што ја формира министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот. Стручната комисија се состои од најмалку три члена, од кои најмалку двајца се со овластување за носител на изработка на урбанистички планови.

(4) Стручна ревизија на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон финансирани од буџетот на општините и буџетот на градот Скопје и на локалната урбанистичка планска документација, врши овластено правно лице од членот 18 став (1) на овој закон, определено од градоначалникот на општината или градоначалникот на градот Скопје.

(5) Забелешките од стручната ревизија се вградуваат во нацртот на планот, а изработувачот на планот задолжително дава извештај за постапувањето по забелешките на стручната ревизија, до органот надлежен за донесување на планот. Стручната ревизија и извештајот за постапувањето по забелешките од стручната ревизија се составен дел на планот.

(6) Стручна ревизија не може да врши изработувачот на планот на кој се врши ревизија.

(7) Доколку изработувачот и донесувачот на урбанистичките планови од членот 7 точка 2 на овој закон, на државната и локалната урбанистичка планска документација и на проектот за инфраструктура, не ги прибават потребните податоци и информации согласно со членот 29 од овој закон, на истите не може да се врши стручна ревизија.

Во членот 22 став 1 на овој закон се утврдува дека плановите од членот 7 на овој закон се изработуваат во две фази, односно како нацрт на пл ан и предлог на план.

Според член 24 став 1 на овој закон, по нацртот на деталниот урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место, општината спроведува јавна презентација и јавна анкета.

Според став 2 на истиот член, организирањето на јавната презентација и јавната анкета по плановите од ставот 1 на овој член, го врши градоначалникот на општината по утврдување на нацртот на планот од страна на советот за кој претходно е добиено мислење од од комисијата од членот 17 став (4) на овој закон.

За спроведената јавна презентација и јавна анкета се изработува извештај (став 3).

Според ставот 4 на овој член од Законот, за организирањето на јавна презентација и јавна анкета општината е должна писмено да ги извести субјектите од членот 29 на овој закон. Јавната анкета трае најмалку десет работни дена, во кој рок субјектите од членот 29 на овој закон како и сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот, на анкетни листови. Доколку во овој рок субјектите од членот 29 на овој закон не достават забелешки и предлози, ќе се смета дека немаат забелешки и предлози на планското решение.

Во ставот 5 на овој член, се предвидува дека јавната презентација и јавната анкета од ставот (1) на овој член се спроведува со излагање на планот на јавно место кое се наоѓа во кругот на месната самоуправа.

Според ставот 6 од членот 24 од Законот, јавната презентација е стручно презентирање на планот и се организира во простории и време што ќе го оп редели градоначалникот на општината.

Согласно ставот 7 од членот 24 од Законот, извештај од јавната анкета со образложение за прифатените и неприфатените забелешки за плановите од ставот 1 на овој член, изработува стручна комисија формирана од градоначалникот на општината која е составена од три члена и тоа: носителот на изработка на планот, одговорно лице од општинската администрација надлежно за урбанистичко планирање и истакнат научен и стручен работник од областа на урбанистичкото планирање.

Според член 24 став 8 од Законот, извештајот од ставот 6 (техничка грешка се мисли на ставот 7) на овој член е составен дел на одлуката за донесување на предлогот на планот.

Согласно член 24 став 9 од Законот, врз основа на извештајот, комисијата од ставот 6 (техничка грешка се мисли на ставот 7) на овој член е должна писмено да го извести секое лице кое поднело анкетен лист со образложение за прифаќање или неприфаќање на неговите збелешки или предлози.

Според ставот 10 на членот 24 од Законот, доколку комисијата од ставот 7 на овој член оцени дека нацртот на планот со прифатените забелешки од јавната анкета претрпел значајни промени (промена на границата на урбанистичкиот опфат, промени на регулационите линии, промени на намената на земјиштето и промена во поголем обем на други параметри утврдени во планот), градоначалникот на општината за нацрт на планот со вградени забелешки во планот повторно спроведува јавна презентација и јавна анкета.

Според ставот 11 на членот 24 од Законот, времето и местото каде што ќе би де изложен планот и спроведувањето на јавната презентација и јавната анкета, задолжително се објавува со соопштение во најмалку две јавни гласила. Соопштението задолжително ги содржи податоците, местоположбата и површината на опфатот на планот.

Согласно член 25 став 1 од Законот, на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон, изработени во форма на нацрт на план се дава мислење од комисијата од членот 17 став (4) на овој закон, заради согледување на степенот на усогласеноста на плановите со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

Според ставот 2 на овој член од Законот, на плановите од членот 7 точка 2 на овој закон, изработени во форма на предлог на план согласност дава органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот, со која се потврдува дека постапката за изработување на предлог планот е спроведена согласно со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

Според ставот 3 од истиот член од Законот, согласноста од ставот (2) на овој член се дава во рок од 15 работни дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на донесувачот на планот. Доколку надлежниот орган за издавање на согласноста не одговори во наведениот рок, ќе се смета дека согласноста е издадена.

Во ставот 4 на членот 25 од овој Закон, се предвидува дека по добивањето на согласноста од ставот 2 на овој член, планот се доставува до надлежниот орган за донесување.

Според ставот 5 од членот 25 од Законот, градоначалникот на општината е долж ен најдоцна 15 дена по добивање на согласноста од ставот (2) на овој член да го достави предлогот на планот до Советот на општината, а советот е должен во рок од 15 дена од приемот на предлогот на планот да го стави на седница и да одлучи по истиот.

Според членот 26 став 7 од Законот, општините во Градот Скопје, урбанистичките планови ги донесуваат по претходно добиено мислење од градоначалникот на градот Скопје – за што градоначалникот овластува стручно лице, дипломиран инженер архитект со најмалку три години работно искуство во областа на урбанистичкото планирање. Мислењето од градоначалникот на градот Скопје се издава во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на доносителот на планот, а доколку не се издаде во определениот рок ќе се смета дека мислењето е дадено.

Врз основа на член 26 став 4 алинеја 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање “Службен весник на Република Македонија” број 51/2005, 137/2007 и 91/2009, 124/2010 и 18/2011) и член 16 од Статутот на Општината Карпош (“Службен гласник на Општина Карпош” број 1/06), Советот на Општина Карпош, на педесет и третата седница, одржана на 8 јуни 2012 година, донел Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје.

Одлуката е донесена под бр.07-3743/1 од 08.06.2012 година и е објавена во „Службен гласник на општина Карпош” број 7 на 11.06.2012 година.

Од изнесените законски одредби произлегува дека законодавецот во функција на обезбедување на у редувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, утврдил прецизна регулатива во врска со планирањето на просторот, точно определувајќи ги плановите за просторно и урбанистичко планирање, нивната содржина и постапката за нивно донесување.

Тргнувајќи од наведената законска регулатива, како и увидот и анализата во доставената и прибавена документација за донесување на оспорената Одлука во делот што се оспорува со иницијативата, Судот оцени дека Советот на Општина Карпош како доносител на оспорениот акт, ги спровел законски определените дејствија во постапката за донесување на предметниот детален урбанистички план.

Имено од приложената документација се утврди дека при донесување на оспорената одлука биле преземени следниве дејствија:

-Програма за работа на Советот на Општина Карпош за 2011 година, број 07-9729/2 од 03.12.2010 година, објавена во “Службен гласник на Општина Карпош” број 13 од 6 декември 2010 година, со која е предвидено донесување на предлог-одлука за утврдување на нацрт-Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје и предлог-одлука за донесување на планот.

-Извештај од Стручна ревизија на предметниот Детален урбанистички план од март 2011 година, изработена од АД за Урбанизам, архитектура и инжењеринг “ЗУАС” Скопје;

-Даден Одговор на Стручна ревизија на предметниот Детален урбанистички план од март 2011 година, из готвен од планерите – Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија “ИН-Пума“-Скопје;

-Стручно мислење на Нацрт-планот од Комисијата формирана од Градоначалникот на Општина Карпош, број 14-4204/2 од 12.05.2011 година согласно членот 17 став 4 од Законот;

-Донесена е Одлука за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје, од Советот на Општина Карпош, број 07-4090/1 од 13.05.2011 година и објавена во „Службен гласник на општина Карпош” број 6 на 16 мај 2011 година;

-Донесена е Одлука од страна на Градоначалникот на Општина Карпош за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт- Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје, број 08-4204/3 од 23.05.2011 година;

-Донесено е Соопштение за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт-Деталниот урбанистички план, од страна на Градоначалникот на Општина Карпош, број 08-4204/4 од 23.05.2011 година;

-Соопштението е објавено во дневните весници “Вест” и “Утрински весник” на ден 25.05.2011 година, за што се приложени докази од наведените весници во кое е наведено дека Јавната анкета по Нацрт-Деталниот урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје, ќе се одржи од 25.05.2011 година до 07.06.2011 година, секој работен ден, од 08.00 до 16.00 часот, во У.З. “Тафталиџе 1”, Општина Карпош, Скопје, дека Јавната презентација по нацрт-планот, ќе се одржи на ден 01.06. 2011 година во 15.00 часот во просториите на У.З. “Тафталиџе 1”, Општина Карпош, како и дека Стручната презентација со јавните претпријатија по нацрт-планот, ќе се одржи на ден 01.06.2011 година во 13.00 часот, во просториите на Општина карпош, Ул. “Демир Трајко” бб. Во Соопштението дадени се и поблиски податоци за границите на опфат на нацрт-планот;

-Формирана е Стручна Комисија за изработка на Извештај од спроведена Јавна анкета по Нацрт-план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје, од страна на Градоначалникот на Општина Карпош, број 08-4204/9 од 17.07.2011 година.
-Составен е Извештај од страна на Комисијата за спроведена Јавна анкета по Нацрт-планот, број 34-4204 од 24.11.2011 година. Од Ивештајот се констатира дека биле доставени вкупно 92 анкетни листови од граѓани од кои 23 анкетни листови се прифатени, 29 анкетни листови се делумно прифатени и 40 анкетни листови не се прифатени. Во Извештајот се наведени сите подносители на анкетни листови под реден број, со образложение по однос забелешките и предлозите.

-Записник број 34-4204/10 од спроведена Јавна презентација со стручна расправа по Нацрт-Деталниот урбанистички план, на која присуствувале претставници од ЈП Водовод и Канализација, АД ЕВН Македонија, АД Македонски Телеком, Дистрибуција на топлина ДООЕЛ, “ИН-ПУМА” и Општина Карпош.

-Известување за постапување по Извештајот по спроведена Јавна анкета по Нацрт-Деталниот урбанистички план, број 34-3831/20 од 29.11.2011 година;

-Приемна книга (лист) од Македонска п ошта, вкупно 5 листови за извршена достава на извештај од јавна анкета на 91 граѓанин и доставена копија од еден одговор на анкетен лист број 59, на кој е констатиран прием лично на рака за делумно прифатена забелешка, односно вкупно 92 граѓани од 92 поднесени анкетни листови, се известени за прифатени, делумно прифатени или неприфатени забелешки и предлози по нацрт-предметниот урбанистички план;

-Побарано е стручно мислење по Предлог-планот од страна на Општина Карпош-Сектор за урбанизам до Градот Скопје-Сектор за уредување и планирање на просторот, Одделение за просторно и урбанистичко планирање, број 34-4204/16 од 05.12.2011 година;

-Добиен одговор со позитивно мислење по Предлог-планот од Градот Скопје-Сектор за уредување и планирање на просторот, Одделение за просторно и урбанистичко планирање, број 13-5041/3 од 05.01.2012 година;

-Дадено позитивно мислење по однос Предлог-планот од Дирекцијата за заштита и спасување, број 09/5-246/2 од 02.12.2011 година;

-Добиено позитивно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање, по однос Предлог-планот, број 08-558/2 од 18.01.2012 година;

-Добено позитивно мислење од Министерството за Култура-Управа за заштита на културното наследство, број 17-3099/2 од 19.12.2011 година;

-Добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука по однос Предлог-планот, број 09-1653/2 од 24.02.2012 година;

-Побарана е согласност од Министерството за транспорт и врски по однос на Предлог-планот од страна на Општина Карпош-Сектор за урбанизам, б рој 34-125/12 од 07.06.2012 година;

-Добиена е согласност од страна на Министерството за транспорт и врски на Предлог-Деталниот урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, Тафталиџе 1 север-југ”, број 16-14141/2 од 08.06. 2012 година;

-Донесена Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, “Тафталиџе 1 Север-Југ”-Општина Карпош-Скопје од страна на Советот на Општина Карпош, број бр.07-3743/1 од 08.06.2012 година;

-Одлуката е објавена во „Службен гласник на општина Карпош” број 7 на 11.06.2012 година.

Од погоре изнесеното произлегува дека не се основани наводите од иницијативата дека не била донесена годишна програма за изработување на оспорениот Детален урбанистички план, дека по нацрт-планот немало мислење од стрчна комисија формирана од градоначалникот согласно член 17 став 4 од Законот, дека не била спроведена Јавна презентација и Јавна анкета, односно дека не било објавено Соопштение за нивно организирање во јавните гласила, дека подносителите не биле известени за прифатените или неприфатените предлози и забелешки по однос предментиот план, како и дека не била издадена согласност на Предлог-планот од Министерството за транспорт и врски.

Судот ги имаше предвид наводите од иницијативата дека постапката не била законита, бидејќи Советот на Општина Карпош и Советот на Градот Скопје немале формирано партиципативно тело согласно членот 17 став 6 од Законот, меѓутоа тоа се наводи кои не задираат во фазите на постапката во која е донесен оспорениот план, туку се однес уваат на претходен период пред започнување на постапката, што за овој суд е ирелевантно во однос на уставно судската оцена на оспорениот план. Ова од причини што Уставниот суд на Република Македонија при оцената на уставноста и законитоста на плановите, ја цени законитоста на постапката во која тие се донесуваат, односно фазите и другите дејствија преземени во рамките на таа постапка, а не и претходните работи и работни задачи како тековни надлежности на субјектите од локалната самоуправа, па оттука прашањата по однос на партиципативно тело кое ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица за идни потреби и целисходности од пристапување или непристапување кон донесување на планови или нивни измени и дополнувања, и кое партиципативно тело ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија за соодветната општина и градот Скопје, е политика на делување на локалната самоуправа во рамките на Законот за просторното и урбанистичко планирање и тоа не е директно поврзано со постапката во која плановите се донесуваат или менуваат, конкретно и на предметната во која е донесен оспорениот план.

Исто така, наводите од иницијативата дека известувањата до граѓаните по однос прифатените или неприфатените забелешки, не биле валидни бидејќи немале потпис и печат, па со тоа постапката била незаконита, се неосновани. Наведеното од причини што од увидот во прибавената документација, се констатира дека известувањата се заведени во де ловодна книга и носат архивски број и датум.

По однос наводите дека постапката била незаконита бидејќи известувањето до граѓаните ги доставила Општината, а не Комисијата, тоа е техничко прашање кое не имплицира повреда на постапката. Ова од причини што од увидот во Извештајот на Стручната Комисија се констатира дека сите членови на Комисијата го потпишале Извештајот за прифатени, делумно прифатени или неприфатени забелешки за вкупно 92 поднесени анкетни листови од граѓани, а и во самото известување е содржано дека Комисијата по разгледување на доставениот анкетен лист го известува граѓанинот во смисла на прифаќање, неприфаќање или делумно прифаќање на забелешките и предлозите на Нацрт-планот со образложени причини за тоа. Воедно од увидот во Приемна книга (лист) од Македонска пошта (вкупно 5 листови) за извршена достава на извештај од јавна анкета на 91 граѓанин и доставена копија од еден одговор на анкетен лист број 59, на кој е констатиран прием лично на рака за делумно прифатена забелешка, се констатира дека вкупно 92 граѓани од вкупно 92 поднесени анкетни листови, биле известени и запознати за прифатените или неприфатените забелешки и нивни предлози по однос на Нацрт-планот.

По однос наводите дека не биле испочитувани и респектирани забелешките и предлозите од сите граѓани, односно не биле прифатени сите нивни забелешки и предлози по однос содржината на оспорениот план со предвидените плански решенија, тоа не се прашања од надлежност на Уставниот суд кој ја цени исклучиво законитоста на постапката од ас пект на фазите за донесување на планот, а не и од аспект на содржината на планот. Ова од причини што Уставниот суд нема надлежност да го преиспитува работењето на субјектите кои одлучувале за целисходноста и оправданоста на предложените плански решенија од граѓаните, како и на нивните забелешки по однос на нацрт-планираните решенија, туку Стручната Комисија која е надлежна да постапува по забелешките и предлозите од граѓаните по однос на нацрт-плановите и да одлучува за нивната оправданост или неоправданост. Имено, клучно за постапката во која е донесен оспорениот план е транспарентноста во смисла на запознавањето на граѓаните со планските решенија во нацрт-планот, заради овозможување граѓаните преку анкетни листови да достават свои предлози и забелешки на нцрт-планот.

Исто така, со иницијативата се приговара на неусогласеност на оспорениот план, како план од пониско ниво со генералниот урбанистички план, како план од повисок ранг, како и неусогласеност на оспорениот план со Правилници со кои поблиску се уредува проблематиката и материјата од просторното и урбанистичкото планирање, меѓутоа тоа прашање не спаѓа во надлежност на Уставниот суд, туку во надлежност на други органи уредено со закон.

Што се однесува до дописот со број 16-1236/2 од 13.02 2012 година, кој допис го прилага подносителот на иницијативата и од чија содржина произлегува дека Министерството за транспорт и врски ја известува Општина Карпош дека не дава согласност на Предлог Деталниот урбанистички план и ја враќа документацијата за отстранув ање на недостатоци во Предлог-планот, во одговорот од доносителот на актот по однос наводите од иницијативата, се наведува дека тоа известување не било познато за доносителот на планот, но во секој случај би можело да се однесува на проектантот и изготвувачот на предметниот план во врска со работна верзија на планот. По однос на оваа околност, од прибавената документација, Судот утврди дека на Предлог-Деталниот урбанистички план за дел од населба Тафталиџе 1, Тафталиџе 1 север-југ”, дадена е согласност од страна на Министерството за транспорт и врски под број 16-14141/2 од 08.06. 2012 година.

Имајќи ги во предвид цитираните одредби од Законот и неговите измени и дополнувања, кои биле во примена при донесувањето на предметниот урбанистички план донесен со оспорената одлука, како и приложената писмена документација прибавена во текот на претходната постапка, произлегува дека предметната постапка е законито спроведена, бидејќи се утврди дека при нејзиното донесување, доносителот на актот ги испочитувал сите фази во постапката, согласно одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Тргнувајќи од напред наведеното, Судот оцени дека во конкретниот случај, не може да се постави прашањето за согласноста на оспорената одлука со одредбите од Уставот на Република Македонија и Законот за просторно и урбанистичко планирање.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе, во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски и с удиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Вера Маркова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.

У. бр.101/2012
5 декември 2012 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски