Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 14 ноември 2012 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за усвојување на утврдена и изработена локална урбанистичка планска документација за дел од УЕ Х.Т. Карпош урбан блок 64-г, урбанистичка парцела КП.18090 гп.12 КО Куманово со намена А1 домување во станбени куќи со компатибилна класа Б1 до 30% изработена од ДУПИ “Урбан гис”ДОО Куманово со тех.бр. У.25/10, а по барање на Мурати Сакип, бр.21-1099/2 од 28 јануари 2011 година, донесено од Градоначалникот на општина Куманово.
2. Мустафа Ниѓер од Куманово на Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 на ова решение.
3. Судот на седница утврди дека оспореното решение е донесено врз основа на член 50-а став 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.91/2009) од страна на градоначалникот на Општина Куманово, постапувајќи по предлогот за одобрување на Локалната планска документација број 21-1099/1 од 28 јануари 2011 година поднесен од Комисијата за давање на мислења на Нацрт-планови и давање предлози до градоначалникот за одобрување на Локална урбанистичка планска документација, формирана со Решение број 08-8823/1 од 15 септември 2009 година.
Постапката за донесување на оспореното решение е целосно спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2005, 137/2007 и 91/2009), кој бил во сила во време на донесувањето на оспореното решение и според Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на општина Куманово за 2010 година донесена од Советот на општина Куманово, според документацијата доставена до Судот од Општина Куманово и тоа
– Решение за формирање на Комисија за давање мислења на нацрт планови и давање на предлози до градоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документација бр.08-8823/1 од 15.09.2009 година,
– Барање од Мурати Сакип бр.21-613/1 од 20.01.2010 година за одобрување на ЛУПД,
– Известување од страна на Комисијата за комплетирање на потребната документација бр.21-613/2 од 5.03.2010 година,
– Известување од страна на Комисијата со кое се одобрува изработката на ЛУПД бр.21-613/3 од 24.09.2010 година,
– Елаборат за ажурирана геодетска подлога изработена од ГЕО-МЕТР доо Куманово,
– Извештај од извршена Стручна ревизија изработен од ДПИНТУ АТЕЛИЕ 2 дооел Тетово со тех.бр.У-46-07/2010 од јули 2010 година,
– Извештај за постапување по стручна ревизија изработен од ДПУП УРБАН ГИС доо Куманово од јули 2010 година,
– Стручно мислење бр.21-613/5 за гп.12 од 15.12.2010 г одина изготвено од Комисија за давање мислења на нацрт планови и давање на предлози до градоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документација,
– Одлука за организирање јавна анкета и јавна презентација бр.21-12325/1 од 14.12.2010 година,
– Соопштение за јавна анкета и јавна презентација бр.21-12320/2 од 16.12.2010 година и објави во печатен медиум,
– Извештај од спроведена јавна анкета и јавна презентација бр.21-293/1 од 12.01.2011 година,
– Известување за постапување по извештајот од спроведена јавна анкета и јавна презентација бр.21-293/3 од 12.01.2011 година,
– Предлог до градоначалникот од Комисија за давање мислења на нацрт планови и давање на предлози до градоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документација, за одобрување на ЛУПД на КП.18090 гп.12 бр.21-1099 од 28.01.2011 година,
– Решение од градоначалникот на општина Куманово бр.21-1099/2 од 28.01.2011 година за одобрување на ЛУПД за КП.бр.18090 гп.12 КО Куманово,
– Извештај од извршена Стручна ревизија изработен од ДПИНТУ АТЕЛИЕ 2 дооел Тетово со тех.бр. У-48-07/2010 од јули 2010 година,
– Стручно мислење бр.21-613/4 за гп.13 од 15.12.2010 изготвено од Комисија за давање мислења на нацрт планови и давање на предлози до гградоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документација,
– Предлог до градоначалникот од Комисијата за давање мислења на нацрт планови и давање на предлози до градоначалникот за одобрување на локална урбанистичка планска документаицја, за одобрување на ЛУПД на КП.18090 гп.13 бр.21-293/4 од 26.01.2011 година,
– Решение од градоначалникот на општина Куманово бр.21-293/5 од 28.01.2011 година за одобрување на ЛУПД за КП.18090 гп.13 КО Куманово.
4. Според наводите во иницијативата, оспореното решение било целосно противуставно и се косело со основните уставни начела на правниот поредок на Република Македонија. Со извод од планот за Куманово ЛУПД за КП.бр.18090 од ДУП за дел од УЕ Х.Т. Карпош урбан блок 64-г одобрен со решение бр.21-1099/2 од 28.01.2011 година на лицето Мурати Сакип од Черкеско село му била овозможена изградба и му било издадено одобрение за градење од страна на Општина Куманово на два објекта до парцела која била во сопственост на подносителот на иницијативата и тоа на семејна станбена куќа и стамбен простор со деловни единици на КП.бр.18090 за КО Куманово, со што му била дозволена изградба на објект кој бил во спротивност со Деталниот урбанистички план како и во спротивност со одредбите на Законот за градење, со што била злоупотребена самата можност да се донесе Локална урбанистичка планска документација, од причина што се работело за објекти повисоки од 10 метри височина, а одалеченоста од соседната парцела била помала од потребната од 3 метри согласно Законот за градење. Против наведените одобранија за градење подносителот на иницијативата поднел жалба до Министерството за транспорт и врски како второстепен орган, која била уважена, и одобрението за градба било поништено и предметот бил вратен на првостепениот орган на повторно постапу вање.
Понатаму во иницијативата е наведено дека во корист на наводите бил и фактот што донесувањето на локалната урбанистичка планска документација било укинато, поради преголемиот број на зачестени злоупотреби од страна на органите на локална самоуправа надлежни за нивно донесување и предлага да се поништи оспореното решение.
5. Согласно член 8 став 1 алинеите 3 и 10 од Уставот, владеењето на правото и уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и уредувањето на животната средина и на природата се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Според член 51 став 1 од Уставот, во Република Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Според член 56 став 1 од Уставот, сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.
Според член 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање(„Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2005, 137/2007 и 91/2009), кој бил во сила во време на донесувањето на оспореното решение, со овој закон се уредуваат условите и начинот на системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите и содржината на плановите, изработувањето и постапката за донесување на плановите, спроведувањето на плановите и следењето на реализацијата на плановите, надзорот и други прашања од областа на просторното и урбанистичкото планирање.
Според член 5 алинеја 5 од овој закон, државна урбанистичка планска документација е планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон планскиот опфат, како и уредување и користење на просторот во рамките на формирана градежна парцела, за градби утврдени со закон како градби од прва и втора категорија. Според алинеја 18 на истиот член, услови за планирање на просторот се извод од просторниот план во кој се наведени поблиските услови за изработка на плановите од пониско ниво, според алинеја 19 на истиот член, извод од Просторниот план на Република Македонија е копија од графичкиот дел на Просторниот план на Република Македонија, кој се однесува на дел од територијата на Република Македонија и препис на поблиските услови за планирање на просторот заради изработка на урбанистички планови, државна и локална урбанистичка планска документација.
Според член 15 став 2 на овој закон, за изготвување на државна и локална урбанистичка планска документација со кои се уредува користење на просторот вон планските опфати, инвеститорот е должен да побара услови за планирање на просторот од органот на државната управа, надлежен за работите од областа на просторното планирање. Со барањето инвеститорот е должен да достави:- графички прилог со граница на проектниот зафат, исцртан на топографска карта; графички прилог со план на намена на површини, текстуален прилог со проектна програма и известување од единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е проектниот зафат дека предложениот зафат не е во состав на плански опфат на важечки урбанистички план или на урбанистички план во постапка на донесување.
Согласно член 15-а став 1 од Законот, урбанистичките планови од членот 7 точка 2 на овој закон, државната урбанистичка планска документација и локалната урбанистичка планска документација се изработуваат врз основа на планска програма со која се утврдува границата и содржината на планскиот опфат. Планската програма се состои од текстуален и графички дел. Според став 3 на овој член, планската програма за изработка на урбанистичките планови од членот 11-а на овој закон и за државната урбанистичка планска документација ја изработува органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Согласно член 16 став 2 од Законот, заради поттикнување и забрзување на процесот на уредување на просторот преку изработување на урбанистички планови од членот 7 точка 2 на овој закон, Владата на Република Македонија донесува годишна програма за изработување на урбанистичките планови од членовите 7 точка 2 и 11-а на овој закон и државната урбанистичка планска документација, на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, врз основа на доставени предлози од општините, општините на градот Скопје и градот Скопје.
Според член 31 став 1 од Законот, при изработување на плановите од членот 7 точка 2, архитектонско урбанистички проект и државна урбанистичка планска документација и локална урбанистичка планска документација задолжително се применуваат стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, со кои се уредуваат основите за рационално планирање, уредување и користење на просторот, заради создавање на услови за хумано живеење и работа на граѓаните.
Согласно став 2 на истиот член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот формира комисија која се состои од најмалку пет члена од кои еден научен работник од областа на урбанистичкото планирање, еден архитект со овластување за изработка на урбанистички планови и тројца стручни работници од областа на урбанистичкото планирање. Комисијата ги изработува стандардите и нормативите од ставот 1 на овој член и дава предлог до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот за одобрување на државната урбанистичка планска документација.
Според член 34 од Законот, заради ефикасно спроведување на политиката на планирање и уредување на просторот на Републиката се основа Агенција за планирање на просторот (во натамошниот текст : Агенција).
Според член 35 алинеја 2 на Законот, Агенцијата изработува урбанистички планови и државна урбанистичка планска документација од програмите на Владата на Република Македонија од членот 16 на овој закон;
Согласно член 50 став 1 од Законот, со државна урбанистичка планска документација може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон планскиот опфат, како и уредување и користење на просторот во рамките на формирана градежна парцела, за градби утврдени со закон како градби од прва и втора категорија, а заради реализација на инвестициски проекти од значење за Републиката.
Според став 4 на истиот член, по исклучок од ставот 1 на овој член за технолошките индустриски развојни зони, со државна урбанистичка планска документација може да се уредува користење на просторот, со определување на градежни парцели во рамките на зоната.
Согласно став 5 на овој член, Државната урбанистичка планска документација ја изработува овластеното правно лице од членот 18 на овој закон. Според став 7 на истиот член, по извршената стручна ревизија, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот со решение ја одобрува државната урбанистичка планска документација на предлог на комисијата од членот 31 став 2 на овој закон.
Според член 50-а од Законот, со локална урбанистичка планска документација може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон планскиот опфат, како и уредување и користење на просторот во рамките на формирана градежна парцела, за градби утврдени со закон како градби од трета, четврта и петта категорија, а заради реализација на инвестициски проекти од значење за о пштината.
Во плански опфат може да се уредува користење на просторот со локална урбанистичка планска документација во следниве случаи: доколку не е оформена градежна парцела ако до истата постои изградена сообраќајна секундарна инфраструктура, во рамките на формирана градежна парцела, заради усогласување на површината за градење и максималната висина на градбата со стандардите и нормативите за урбанистичко планирање и доколку не е оформена градежна парцела за изградба на инфраструктурни градби и водови. Со локална урбанистичка планска документација не може да се уредува просторот вон плански опфат за градби со намена домување. Локална урбанистичка планска документација со која се уредува користење на просторот во границите на планските опфати се изработува врз основа на извод од урбанистички план, а локална урбанистичка планска документација со која се уредува користење на просторот вон границите на планските опфати, се изработува врз основа на извод од просторен план. (став 4) По исклучок од ставот 1 на овој член со локална урбанистичка планска документација може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела која опфаќа подрачје на повеќе општини. Потребата од изработување на локална урбанистичка планска документација ја утврдуваат советите на општините, а ја одобруваат градоначалниците на општините. (став 5). Локалната урбанистичка планска документација ја изработува овластеното правно лице од членот 18 на овој закон. (став 6) Содржината на локалната урбанистичка планска документација треба да биде во согласност со членот 11 ставови 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој закон. Графичкиот дел од локалната урбанистичка документација се изработува во размер 1:1.000, а по исклучок кога се работи за плански опфат на градежна парцела за линиски инфраструктурни градби, графичкиот дел се изработува во размер 1:2..500, 1:5.000, 1:10.000 и 1:25.000. (став 7)
По извршената стручна ревизија градоначалникот со решение ја одобрува локалната урбанистичка планска документација, на предлог на комисијата од членот 17 став 4 на овој закон.(став 8) Локалната урбанистичка планска документација се изработува во пет примероци од кои еден примерок се чува во органот што го одобрил, еден примерок задржува барателот, еден примерок се доставува до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и еден примерок во Агенцијата за катастар за недвижности. Доколку планскиот опфат зафаќа подрачје на повеќе општини се изработуваат повеќе примероци на локалната урбанистичка планска документација, по еден за секоја општина.(став 9) Локалната урбанистичка планска документација се применува по нејзиното одобрување и по извршеното картирање на хамер и претставува основа за изработување на идеен проект на градба (ситуација, основи, пресек и изгледи на градбата) кој е потребен во постапката за добивање на решение за локациски услови. (став 10)
7. Од анализата на наведената законска регулатива јасно произлегува дека со локалната урбанистичка планска документација се врши уредување и користење на просторот со определ ување на градежните парцели во и вон планскиот опфат, а во постапката за донесување на истата е меѓу другото, вклучено и утврдувањето на потребата за изработување на локалната урбанистичка планска документација, кое се врши од страна на советите на општините, и истата се одобрува од градоначалникот на општината. Но, најнапред, во смисла на член 5 алинеи 6 и 7 од Законот, кој важел во време на донесување на оспорениот акт, локалната урбанистичка планска документација е планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела, во и вон плански опфат како и уредување и користење на просторот во рамките на формирана градежна парцела, за градби утврдени со закон како градби од трета, четврта и петта категорија (алинеја 5) и планска програма за изработка на урбанистички план е програма со која се утврдуваат границите и содржините на планскиот опфат (алинеја 6). По извршената стручна ревизија градоначалникот со решение ја одобрува локалната урбанистичка планска документација, на предлог на комисијата од членот 17 став 4 на овој закон.
Од анализата на наведената законска регулатива и доставената документација за донесување на Решението за усвојување на утврдена и изработена локална урбанистичка планска документација за дел од УЕ Х.Т. Карпош урбан блок 64-г, урбанистичка парцела КП.18090 гп.12 КО Куманово со намена А1 домување во станбени куќи со компатибилна класа Б1 до 30% изработена од ДУПИ “Урбан гис”ДОО Куманово со тех.бр. У.25/10, а п о барање на Мурати Сакип, бр.21-1099/2 од 28 јануари 2011 година, донесено од Градоначалникот на општина Куманово, а во корелација со наводите во иницијативата, Судот оцени дека наведеното решение е донесено во постапка која е предвидена со Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој бил во важност во време на донесување на истата.
Од увидот на целокупната документација која од Советот на општина Кумново беше доставена до Уставниот суд, се утврди дека Советот на општината на 25 февруари 2010 година ја разгледал Годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Куманово за 2010 година, која со Решение бр.07-2561/10 од 25 февруари 2010 година донесено од Советот на Општина Куманово била објавена.
Во содржината на член 50-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој важел во време на донесување на оспореното решение, се предвидува целата постапка на донесување на овој акт, како и тоа дека по извршената стручна ревизија градоначалникот со решение ја одобрува локалната урбанистичка планска документација, на предлог на комисијата од членот 17 став 4 од овој закон.
Од извршениот увид во документацијата Судот исто така утврди дека во текот на постапката за усвојување на предметната локална урбанистичка планска документација била изршена стручна ревизија, како што предвидува член 50-а од Законот, со што не може да се доведе под сомнение согласноста на оспореното решение со Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Во однос на дост авените решенија за одобрување на градење издадени од страна на Министерството за транспорт и врски и околноста на која се укажува во иницијативата дека подносителот на иницијативата води управна постапка заради остварување на своите права согласно Законот за градење, Судот оцени дека истата не може да биде правна пречка за урбанистичкото планирање кое во својата суштина претставува план, а не реална реализација на терен и располагање со имот. Ова од причина што овие забелешки се однесуваат на содржината на деталниот урбанистички план, кое што прашање има изразито стучно-технички карактер и не се однесува на правните аспекти на постапката за донесување на планот. Оценката на стручно-техничките прашања и аспекти на планот излегува од границите на надлежноста на Уставниот суд.
Со оглед на тоа што со иницијативата неосновано се изнесуваат наводи за проблематизирање на уставноста и законитоста на оспореното решение за усвојување на утврдена и изработена локална урбанистичка планска документација, Судот оцени дека од изнесената анализа во однос на оспореното решение не може да се постави прашањето за неговата согласност со Уставот, Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење. Ова од причина што постапката за донесување на државна урбанистичка планска документација и локална урбанистичка планска документација е сосема поинаква односно скратена постапка за разлика од постапката за донесување на деталните урбанистички планови заради поекономично и поефикасно вршење на промени, односно изм ени во планот кој веќе е донесен и е во сила, односно во реализација.
8. Тргнувајќи од наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
9. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Бранко Наумоски и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Вера Маркова, Сали Мурaти, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски .
У.бр.129/2012
14 ноември 2012 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски