139/2011-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 2 ноември 2011 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 134 став 2, во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членот од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата поднесена од Стамен Филипов од Скопје, најнапред се цитира содржина на оспорениот член од Законот за кривичната постапка, а потоа содржината на Амандманот XXI од Уставот, без притоа да ги наведе причините, односно аргументите поради кои смета дека оспорениот член од Законот не е во согласност со Уставот. На крајот, се повикува на Одлуки на Уставниот суд на Република Македонија, со препорака Судот да ги има во вид истите при одлучувањето.

3. Судот на седницата утврди дека според член 134 став 1 од Законот за кривичната постапка, пресудата и решението стануваат правосилни кога не може повеќе да се побиваат со жалба или кога не е дозволена жалба.

4. Во членот 110 од Уставот на Република Македонија е определено дека Уставниот суд на Република Маккедонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Според член 15 став 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на закон, односно одделни негови одредби, меѓу другото, содржи причини за нивното оспорување.

Според член 28 алинеја 3 од Деловникот, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Тргнувајќи од фактот што поднесената иницијатива од Стамен Филипов од Скопје, содржи само содржина на оспорената одредба, како и цитат од Амандманот XXI од Уставот, во однос на кој се оспорува членот од Законот за кривичната постапка, без притоа да се наведат аргументирани, образложени причини за оспорување на членот од Законот, Судот оцени дека постојат процесни пречки за мериторно впуштање во уставно-судска анализа на оспорениот член.

Од наведените причини, според Судот во конкретниов случај исполнети се условите за примена на цитираната одредба од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова, Владимир Стојаноски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.139/2011
2 ноември 2011 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски