211/2009-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992), на седницата одржана на 16 февруари 2011 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1.СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 74 став 1 во делот

2.Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од законот означен во точка 1 од ова решение.

Според наводите во инцијативата, со предвидувањето во член 74 став 1 од Законот, за повреда на службената должност државниот службеник, освен секретарот, одговара дисциплински, граѓаните-државни службеници се доведувале во нееднаква правна положба во поглед на дисциплинската одговорност односно Законот не можел да предвиди државниот службеник кој е на работното место секретар за него да нема дисциплинскa одговорност и тој да бил повластен и привилегиран во однос на другите државни службеници, поради што оспорениот дел од наведената законска одредба не бил во согласност со член 8 став 1 алинеите 1 и 3 и членовите 9, 32 и 51 од Уставот на Република Македонија.

Во однос на член 87 став 3 од Законот и предвидувањето на суспензијата од став 2 на овој член да трае до донесувањето на правосилно решение, подносителот на иницијативата смета дека наместо зборот „правосилно“ требало да стои „конечно“ бидејќи правосилно решение било решение против кое не можело да се изјави жалба, ниту да се води судски спор, а конечно решение било решение против кое не била изјавена жалба или пак жалбата била искористена. Поради тоа, оспорениот дел од законската одредба не бил во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот.

3.Судот на седницата утврди дека членот 74 став 1 од Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2000), кој се оспорува со иницијативата, определува дека: „ Државниот службеник е одговорен за штетата која на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, ја предизвикал на органот од член 3 на овој закон.“

Таквата одредба не е изменувана и дополнувана во ниедна од 18-те промени на основниот текст на Законот.

Во однос на член 87 став 3 од Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2000), кој исто така се оспорува со иницијативата, Судот утврди дека тој став воопшто не постои со оглед дека означениот член има само став 1 според кој: „Прописите и другите акти чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.“

Таквата одредба, исто така, не е изменувана и дополнувана во ниедна од наведените 18 промени на основниот текст на Законот.

4.Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Со оглед дека членот 74 став 1 од Законот не го содржи оспорениот дел „освен секретарот“ и дека членот 87 став 3 од Законот не постои, па поради тоа не постои ниту оспорениот дел „правосилно“, а кои одредби се проблематизираат со иницијативата заради оценување на нивната уставност, Судот утврди дека постојат процесни пречки за постапување по иницијативата, поради што одлучи согласно наведената одредба од Деловникот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6.Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски, и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, д-р Трендафил Ивановски, Вера Маркова, д-р Гзиме Старова, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У бр. 211/2009
16 февруари 2011 год.
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски