Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 1 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седница одржана на 12 мај 2010 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на делот
2. ПЗУ-Поликлиника Медика Плус, преку Јованка Лошкова, адвокат од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на дел од одредба од Конкурсот означен во точката 1 од ова решение.
Според подносителот на инијативата оспорениот дел од одредбата од Конкурсот немал основ во Уставот и во Законот за високото образование, бидејќи веројатно бил преземен од претхо-дниот систем на општественото уредување, кој се однесувал на пери-одот пред донесувањето на Уставот од 1991 година. Имено, подно-сителот на иницијативата смета дека оспорениот дел од одредбата од Конкурсот не бил во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 55 од Уставот, од причини што со него се фаворизирала одредена јавна здравствена установа и се доведувале во нееднаква положба останатите здравствени установи.
Во продолжение на иницијативата се цитираат членот 46 и членот 150 од Законот за високото образование и врз основа на анализата на овие одредби се заклучува дека Јавната здравствена установа „Свети Кирил и Методиј“-Скопје е профитна здравствена установа, во која не само студентите и вработените на Универзитетот, туку и други граѓани остварувале здравствени услуги, како и тоа дека во Законот не постоела обврска за доставување на лекарско уверение при запишување на вонредни студии. Според тоа, оспоре-ниот дел од Конкусот не бил во согласност со економските основи утврдени во Уставот, не обезбедувал еднаква правна положба на субјектите на пазарот и слободна конкуренција на домашниот пазар во услови на уставно загарантирана слобода на пазарот и претпри-емништвото. На овој начин се ставале во нерамноправна положба сите останати здравствени установи кои, исто така, ги исполнувале условите за издавање на лекарски уверенија.
Во иницијативата се цитираат член 58 став 2 од Уставот, како и член 3, член 4 став 1 и член 6 од Законот за установите, без нивната содржина да биде коментирана и без да се наведат причини поради кои се смета дека истите се повредени.
Врз основа на наведеното се предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот дел од Конкурсот, бидејќи со истиот биле повредени член 8 и член 55 од Уставот, член 46 и 150 од Законот за високото образование и член 3, 4 и 6 од Законот за установите.
3. Судот на седницата утврди дека, Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии на студентски програ-ми на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2009/2010 година од јуни 2009 година е донесен од страна на Ректорската управа на Универзитетот, врз основа на член 110 од Законот за високото образование, член 150 од Статутот на Универзи-тетот и Одлуката на Владата на Република Македонија за бројот на студентите за запишување во прва година на државните високо-образовни установи во учебната 2009/2010 година бр.19-1732 од 11 мај 2009 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2009).
Делот IV. од Конкурсот со наслов: „Запишување вонредни студенти“ содржи три точки.
Во точката 1 од овој дел од Конкусот е определено дека, на одделни студиски програми на факултетите, како вонредни студенти може да се запишуваат кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и имаат договор за вработување на неопределено време, како и кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти.
За оправдани причини од претходниот став се сметаат: инвалид кој не е во состојба да ја посетува наставата; потешка долготрајна болест, која оневозможува редовно следење на наставата подолго од еден семестар; родител на дете додека трае породилното отсуство.
Во точката 2 од овој дел од Конкусот е определено дека, вонредните студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти, а се рангираат на посебна ранг-листа.
Во точката 3 од овој дел од Конкусот е определено дека, при пријавувањето за запишување како вонредни студенти, канди-датите поднесуваат договор за вработување на неопределено време, или лекарско уверение за причините наведени во точката 1 став 2 (издадено од Здравствената станица на Универзитетот).
Оваа точка од Конкурсот се оспорува во делот: „или лекарско уверение за причините наведени во точката 1 став 2 (издадено од Здравствената станица на Универзитетот) “.
4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иници-јативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Поаѓајќи од содржината на конкурсот како целина, Судот оцени дека во конкретниот случај, Конкурсот претставува повик за пријавување кандидати за запишување на студенти на прв циклус студии на студентски програми на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2009/2010 година. Конкурсот, како целина, вклучувајчи го и со оспорениот дел по својот карактер не е пропис подобен за уставно-судска оцена, туку преземено дејствие за реализација на постапката за запишување на студентите на студии во соодветната учебна година. Со оглед на тоа што конкурсите не претставуваат прописи, Судот оцени дека не е надлежен да ја оцену-ва уставноста и законитоста на оспорениот дел од Конкурсот, односно дека се исполнети условите од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.289/2009
12 мај 2010 година
С к о п ј е
м.л.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски