17/2009-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 9 декември 2009 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 во делот

2. Фабриката за шеќер „4-ти ноември“ АД Битола, застапувана од Димитар Трајковски адвокат од Битола, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од Уредбата означена во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата, оспорената одредба од Уредбата имала ретроактивно дејство бидејќи Уредбата била донесена на 15 јануари 2008 година, била објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.10/2008 на 21 јануари 2008 година и определувала влегување во сила наредниот ден од денот на објавувањето, тоа е 22 јануари 2008 година, а предвидувала да се применува и на изготвувањето на годишната сметка за 2007 година односно во период кога не постоел овој пропис. Таквата одредба, Уредбата да се применува пред да влезе во сила, не била во согласност со член 52 став 4 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека во член 2 од Уредбата се определува дека: „оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува и на изготвувањето на годишната сметка за 2007 година“.

Од изнесената одредба на Уредбата произлегува дека определувањето таа да се примени и на изготвувањето на годишната сметка за 2007 година, одредбата е временски ограничена односно по истекот на периодот за изготвување на наведената годишна сметка, таа престанала да важи.

4. Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Со оглед на тоа што оспорениот дел од одредбата бил временски ограничен односно престанал да важи по истекот на периодот за изготвување на годишната сметка за 2007 година, Судот оцени дека има процесни пречки за постапување по иницијативата, поради што не може да постапува по неа.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.17/2009
9 декември 2009 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски