Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот, член 47 алинеја 3 и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 11 ноември 2009 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 16, во делот
2. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.ббр.67/2009 од 16 септември 2009 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот дел од членот на Законот означен во точката 1 од ова решение.
3. На седницата Судот утврди дека оспорениот дел од членот 16 на Законот престанал да важи од причини што Уставниот суд на Република Македонија со Одлука У.бр.145/2008 од 20 јануари 2009 година истиот го укинал, а Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Македонија бр.17/2009 од 5 февруари 2009 година, од кога произведува правно дејство, односно од кога оспорениот дел од членот 16 е надвор од правниот поредок.
4. Според член 47 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја запре постапката ако се утврди дека поведувањето на постапката било засновано врз погрешно утврдена фактичка и правна состојба.
Со оглед на тоа што Судот утврди дека поведувањето на постапката е засновано врз погрешна фактичка и правна состојба, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.67/2009
11 ноември 2009 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски