81/2009-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членот 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седница одржана на 28 октомври 2009 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членот 2 став 1 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на дел од членот 2 став 1 од Законот за семејството означен во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата, оспорениот дел: „ако живеат во зедничко домаќинство“ бил содржан во одредницата: „семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини“ од каде истиот бил „излишен“, непотребен и можел да доведе до недоумица. Потоа, подносителот на иницијативата го цитира членот 40 ставови 1 и 3 од Уставот и упатува да бидат погледани членовите 178 до 202 од Законот за семејството, со заклучок дека Уставот не ја познавал одредницата, односно делот: „ако живеат во зедничко дома-ќинство“. Врз основа на наведеното подносителот на иницијативата смета дека оспорениот дел од членот 2 став 1 од Законот не бил во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 40 ставови 1 и 3, член 51 и член 54 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека, според содржината на членот 2 став 1 од Законот за семејството, семејството е животна зае-дница на родители и деца, ако живеат во заедничко домаќинство. Одредбата се оспорува во делот: „ако живеат во заедничко домаќи-нство “.

4. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Репу-блика Македонија владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Според член 40 од Уставот, Републиката обезбедува посебна грижа и заштита на семејството (став 1). Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон (став 2). Републиката обезбедува посебна заштита на децата без родители и деца без родителска грижа (став 3).

Со Законот за семејството, („Службен весник на Репу-блика Македонија“ бр.80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006 и 84/2008), се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна зашита на семејството, семејното наси-лство, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и поста-пката пред судот во брачните и семејните спорови и постапката за изрекување на привремена мерка за заштита од семејно насилство.

Тргнувајќи од содржината на членот 40 од Уставот, прои-злегува дека Републиката обезбедува посебна заштита на семе-јството, како и на децата без родители и без родителска грижа, а правните односи во бракот, семејството и вонбрачната зедница остава да се уредат со закон, пришто во Уставот не е содржана дефиниција на поимот семејство, туку дефинирањето и уредувањето на односите, правата и обврските во семејството е оставено да се уреди со посебни закони.

Според тоа, Законот за семејството, но и други закони како што се Законот за работните односи, Законот за социјалната заштита, Законот за заштита на децата, Законот за здравственото осигурување кои се поврзани со самото семејство, содржат уреду-вање поврзано со односите и релациите кои настануваат во семе-јството или пак од кои зависат одредени права и обврски, преста-вуваат операционализација на наведената уставна одредба и содржат различна дефиниција на семејството за потребите на конкретниот закон, во зависност од предметот на уредување. Ова поради фактот што семејно-правниот однос е специфична и компле-ксна правна категорија во која се јавуваат права и обврски од неимотен карактер (верност, помагање, почитување и друго) како и права и обврски кои се од имотен карактер (право на издржување меѓу брачните другари, како и меѓу родителите и децата), како и права и обврски помеѓу други лица што во даден момент живеат во едно заедничко домаќинство.

Со оглед на тоа што, Уставот препуштил дефинирањето на семејството и уредувањето на односите што настануваат во него да се направи за потребите на секој конкретен закон, во членот 40 од Уставот не е содржан делот: „семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини“, кој не е спорен за подносителот на иницијативата, но не е содржан ни оспорениот дел „ако живеат во заедничко домаќинство“.

Тргнувајќи од наведеното, според Судот, не може да стане збор за дел кој е непотребен и создава забуна, како што тврди подносителот на иницијативата, бидејќи двата дела, неспорниот за поносителот и спорниот за него во дадена правна ситуација од Законот за семејството преставуваат една поврзана целина и наоѓаат конкретна примена во уредувањето на односите што настануваат во бракот и семејството, меѓу родителите и децата, облиците на посебна заштита на семејството, семејното насилство, посвојувањето, старателството, издржувањето, брачните, семејните и други спорови, како предмет на уредување во Законот за семејството. Впрочем, со дефинирањето на семејството преку двата наведени делови се постигнува опфаќање на сите видови на семејства присутни во нашата реланост.

Имајќи предвид дека оспорениот дел: „ако живеат во заедничко домаќинство“ од членот 2 став 1 од Законот за семејството е составен дел на една општа одредба, која по својата природа има појаснувачки карактер, за потребите на наведениот закон и што Уставот воопшто не се занимава со дефинирање на семејството произлегува дека подносителот на иницијативата неосновано поста-вува прашање за несогласност на оспорениот дел со членот 8 став 1 алинеја 3 и членот 40 од Уставот.

Врз основа на изнесеното Судот оцени дека оспорениот дел од членот 2 став 1 од Законот за семејството е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 40 ставови 1 и 3, член 51 и член 54 од Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.81/2009
28 октомври 2009 година
С к о п ј е
м.л.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски