Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 20 мај 2009 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на
а) Член 45 став 3, во делот: „а го организира и спроведува Министерството и Државниот просветен инспекторат“ од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 52/2002-пречистен текст, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008 и 92/2008), и
б) Член 71 став 3, во делот: „а го организираат и спроведуваат Министерството и Државниот просветен инспекторат“ од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2008).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на:
а) член 45 став 2, во делот: „и екстерно“, став 3 во делот: „екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците на крајот на секоја учебна година се спроведува на стандардизирани тестови изготвени од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука“ и ставовите 4 и 5 од Законот за средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 52/2002-пречистен текст, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008 и 92/2008), и
б) Член 71 став 1, во делот: „или екстерно“, став 3 во делот: „екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците на крајот на секоја учебна година за учениците од четврто до деветто одделение се спроведува врз основа на стандардизирани тестови изготвени од Бирото“ и ставовите 4 и 5 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2008).
3. СЕ ЗАПИРААТ од извршување поединечните акти и дејствија донесени, односно преземени врз основа на деловите од одредбите на членовите од законите означени во точката 1 под а) и б) од ова решение.
4. Анастасија Кочова од Битола на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите од законите означени во точката 1 и 2 од ова решение.
Со ставовите 3, 4 и 5 од член 45 на Законот за средното образование, според наводите во иницијативата, директно се кршел член 44 од Уставот на Република Македонија, бидејќи образовниот процес, се вршел во установа формирана за таа цел. Оттука, Министерството, па ниту Државниот просветен инспекторат немале правен основ да спроведуваат проверка на постигнувањата на успехот на учениците. Ваквото решение според иницијативата било во директна спротивност со член 44 став 2 од Уставот на Република Македонија, имено противуставно било некој друг субјект надвор од образовниот процес да организира и спроведува проверување на успехот на ученикот. Ова од причини што според нашиот образовен систем единствено надлежен орган за спроведување на наставниот процес и утврдувањето на општиот успех на ученикот биле државните и приватните училишта. Имено, во иницијативата, се наведува дека според членот 70 од истиот закон воспитно образовната работа во средното образование ја остваруваат наставници, воспитувачи и стручни соработници. По однос на стручното усовршување на наставниот и стручен кадар, членовите 79 и 80 од Законот за средното образование давале доволно јасно и прецизно решение, односно дека нивното усовршување се вршело непосредно.
Според иницијативата, ниту во Законот за Владата не биле дадени овластувања на Министерството за образование да спроведува екстерно проверување на постигањето на успехот на учениците.
Со Законот за просветна инспекција во членот 9, децидно биле наведени надлежностите на државниот просветен инспекторат, но надлежноста за спроведување на екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците ја немало.
Поради наведените причини подносителката на иницијативата смета дека и членот 71 став 1 во делот: „или екстерно“, како и ставовите 3, 4 и 5 од Законот за основното образование биле во спротивност со Уставот на Република Македонија, односно со член 44 став 1 и 2 од истиот, поради што се предлага Уставниот суд да ги укине оспорените одредби од двата закона.
5. Судот на седницата утврди дека според член 45 од Законот за средното образование учениците се оценуваат по наставните предмети што ги изучуваат. Оценките на ученикот во јавните училишта се утврдуваат како: одличен (5), многу добар (4), добар (3), доволен (2) и недоволен (1). Сите оценки се преодни освен оценката недоволен (1).
Следењето и вреднувањето на напредокот и постигнувањето на учениците може да се врши со интерно и екстерно проверување и оценување. Интерното проверување и оценување го вршат наставниците во училиштето.
Екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците на крајот на секоја учебна година се спроведува на стандардизирани тестови изготвени од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, а го организира и спроведува Министерството и Државниот просветен инспекторат.
Резултатите од проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на ученикот од ставот 3 на овој член не влијаат врз општиот успех на ученикот, односно на неговите оценки, освен доколку разликата меѓу добиената оценка од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците и добиената оценка од наставникот се разликува повеќе од една оценка.
На ученикот му се издава свидетелство за завршена година по спроведеното екстерно проверување од ставот 3 на овој член.
Начинот на организирање и спроведување на постигањето на успехот на учениците од ставовите 2 и 3 на овој член, како и начинот на утврдувањето на завршните оценки на ученикот го пропишува министерот.
Според член 71 од Законот за основното образование следењето и проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на учениците се врши со интерно или екстерно проверување.
Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците на крајот од трето одделение го вршат наставниците во училиштето врз основа на стандардизирани тестови подготвени од Бирото.
Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците на крајот на секоја учебна година за учениците од четврто до девето одделение се спроведува врз основа на стандардизирани тестови изготвени од Бирото, а ја организираат и спроведуваат Министерството и Државниот просветен инспекторат.
Резултатите од проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на ученикот од ставот 3 на овој член не влијаат врз општиот успех на ученикот, односно на неговите оценки, освен доколку разликата меѓу добиената оценка од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците и добиената оценка од наставникот се разликува повеќе од една оценка.
На ученикот му се издава свидетелство за завршено одделение по спроведеното екстерно проверување од ставот 3 на овој член.
Начинот на организирање и спроведување на проверување на постигањето на успехот на учениците од ставовите 2 и 3 на овој член, како и начинот на утврдувањето на завршните оценки на ученикот го пропишува министерот.
6. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Според член 44 од Уставот на Република Македонија, секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.
Според член 45 од Уставот, граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.
Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 91 став 1 од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршувањето на законите, а според алинеја 5, Владата донесува уредби и други прописи за извршување на законите.
Согласно член 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Согласно член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови на акти за извршување на законите кога за тоа е овластен со закон.
Организацијата, функционирањето и управувањето во средното образование во Република Македонија како дел од системот на воспитанието и образованието, се уредува со Законот за средното образование, а дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем се уредува со Законот за основното образование.
Согласно член 2 став 2 од Законот за средното образование, средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни средни училишта (средно општинско училиште, односно средно училиште на Градот Скопје и државно средно училиште) и приватно средно училиште.
Според членот 21 став 1 од Законот, со наставните планови и наставните предмети се уредуваат целите, наставните подрачја, теми и содржини, образовните стандарди и профилот на наставникот што ја реализира наставата. Според ставот 2 на истиот член од Законот образовните стандарди на предлог на Државениот испитен центар ги донесува министерот. Во ставот 3 од истиот член од Законот се предвидува дека програмите се изработуваат според модел на програми кој го донесува министерот на предлог на Бирото за развој на образованието. Во моделот се утврдува и флексибилноста во реализација на наставните подрачја и теми. Според ставот 4 на членот 21 од Законот со плановите и програмите од став 1 на овој член се утврдуваат и други облици на воспитно образовната дејност.
Согласно член 22 став 1 од Законот, плановите и програмите за јавните училишта ги изготвува Бирото за развој на образованието, а ги донесува министерот.
Статусот на ученикот, како и утврдувањето на општиот успех на учениците во средните училишта е регулиран во Главата V од Законот со наслов „Ученици“. Така, согласно член 41 од Законот, статус на ученици во средното оразование се стекнува со запишување во средното училиште.
Со оспорениот член 45 од Законот, всушност се регулира начинот на интерното и екстерното проверување на учениците и нивно оценување. Токму со овој член од Законот децидно се наведува дека екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши на крајот на секоја учебна година и истото се спроведува врз основа на стандардизирани тестови изготвени од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, а го организира и спроведува Министерството и Државениот просветен инспекторат. На ученикот ќе му биде издадено свидетелство за завршена година по спроведеното екстерно проверување на успехот на ученикот.
Според членот 46 од Законот, општиот успех на ученикот се утврдува врз основа на годишните оценки од сите задолжителни предмети на крајот на годината, а за учениците упатени на поправен испит по завршувањето на поправните испити.
Во Глава VI од Законот за средното образование е содржана темата „Наставници и стручни соработници“.
Во член 59 од Законот се предвидува дека вospitno-obrazovnata rabota vo srednoto obrazovanie ja ostvaruvaat nastavnici, vospituvaчi i struчni sorabotnici (pedagog, psiholog, defektolog, sociolog, socijalen rabotnik, laborant, bibliotekar i drugo). Nastavnici vo srednoto obrazovanie moжat da bidat lica koi zavrшile soodvetni studii za obrazovanie na fakultet, visoka шkola ili akademija i imaat poloжeno struчen ispit. Nastavnici vo srednoto obrazovanie moжat da bidat i lica koi imaat soodvetno visoko obrazovanie steknato na drugi fakulteti, a se zdobile so pedagoшka, psiholoшka i metodska podgotovka na soodvetni fakulteti i imaat poloжeno struчen ispit, dokolku ne se ispolneti uslovite od stav 2 na ovoj чlen. Nastavnici vo srednoto obrazovanie za uчenici so posebni obrazovni potrebi moжat da bidat lica so zavrшeno visoko obrazovanie od stavovite 2 i 3 na ovoj чlen, a koi se zdobile so soodvetno defektoloшko obrazovanie i imaat poloжeno struчen ispit. Odredbata od stav 4 na ovoj чlen ne se odnesuva na zateknatiot nastavnovospiten kadar so rabotno iskustvo nad deset godini vo srednoto obrazovanie za uчenici so posebni potrebi, koi prethodno ne se zdobile so defektoloшko obrazovanie. Po iskluчok vo srednoto struчno obrazovanie za praktiчnata nastava nastavnici moжat da bidat i lica koi zavrшile specijalistiчko sredno ili viшe obrazovanie, se zdobile so pedagoшka, psiholoшka i metodska podgotovka na soodvetni fakulteti i imaat poloжen struчen ispit. Po iskluчok vo srednoto baletsko obrazovanie po struчno teoretskata i praktiчnata nastava nastavnici moжat da bidat i lica koi zavrшile sredno baletsko uчiliшte i pet godini praktika vo igrawe balet, a se zdobile so pedagoшko-psiholoшka i metodska podgotovka na soodveten fakultet i imaat poloжeno struчen ispit. Programite za pedagoшka, psiholoшka i metodska podgotovka, kako i za soodvetno defektoloшko obrazovanie od stav 4 na ovoj чlen gi izgotvuva soodvetniot nastavniчki fakultet vo sorabotka so Biroto za razvoj na obrazovanieto. Struчni sorabotnici vo srednoto obrazovanie moжat da bidat lica so zavrшeno soodvetno sredno, viшe i visoko obrazovanie. Soodvetnosta na profilot se utvrduva so planovite i programite. Vospituvaчi vo uчeniчki dom moжat da bidat lica koi gi ispolnuvaat uslovite za nastavnik, pedagog ili psiholog vo srednoto obrazovanie. Nastavnicite i vospituvaчite od stavovite 2, 3, 4. 5, 6 i 9 na ovoj чlen treba da se drжavjani na Republika Makedonija i da go vladeat literaturniot jazik i pismoto na koj ja izveduvaat nastavata. Vo privatnoto sredno uчiliшte, za predmetite za koi nastavata se izveduva na stranski jazik, nastavnici moжat da bidat i lica stranski drжavjani koi imaat soodveten vid obrazovanie pod uslovi utvrdeni so ovoj zakon. Uчiliшteto e dolжno da organizira proverka na nastavnikot za vladeewe na jazikot od stav 11 na ovoj чlen. Proverkata ja vrшi komisija.
Во член 68 од Законот е предвидено дека дirektorot, nastavnikot i struчniot sorabotnik vo javnoto uчiliшte vo tekot, nа svojot raboten vek e dolжen permanentno struчno da se usovrшuva. Struчnoto i pedagoшkoto usovrшuvawe go organizira i ostvaruva Biroto za razvoj na obrazovanieto, fakultetite so nastavniчki grupi i drugi specijalizirani javni i privatni ustanovi. Oblicite, naчinot, postapkata i uslovite za struчno i pedagoшko usovrшuvawe se propiшuvaat so akt шto go donesuva ministerot.
Согласно член 69, пак, од истиот закон, вo javnite uчiliшta za samostojno izvrшuvawe na rabotite i zadaчite i osovremenuvawe na vospitno-obrazovnata rabota vo uчiliшtata nastavnicite i struчnite sorabotnici se ocenuvaat na dve godini. Ocenuvaweto na nastavnicite i struчnite sorabotnici go vrшi komisija sostavena od direktorot, struчniot sorabotnik od uчiliшteto i soodvetniot sovetnik od Biroto za razvoj na obrazovanieto. Rezultatite od ocenuvaweto ovozmoжuvaat steknuvawe na zvawa. Rabotnikot koj e nezadovolen od ocenata od stav 1 na ovoj чlen ima pravo na жalba do uчiliшniot odbor. Pobliski propisi za uslovite, naчinot na ocenuvaweto, ocenata za rabota, vidot i steknuvaweto na zvawata donesuva ministerot.
Законот за основното образование го уредува задолжителното основно образование што се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем.
Во членот 65 од Законот, кој е поместен во Глава VI, со наслов „Оценување на постигањата и напредувањето на учениците“, се предвидува дека (1) Постигањата на учениците во основното училиште се оценува описно и бројчано. (2) Во првиот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и изборните предмети се оценува описно. (3) Ученикот од став (2) на овој член само на крајот на учебната година добива свидетелство со описни оценки. (4) Во вториот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и изборните предмети се оценува описно и бројчано. (5) Ученикот од став (4) на овој член на крајот на прво полугодие добива известување за успехот со бројчани оценки, а на крајот на учебната година добива свидетелство со бројчани оценки и оценка за општ успех. (6) Во третиот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и изборните предмети се оценува бројчано. (7) Ученикот од став (6) на овој член на крајот на прво полугодие добива известување за успехот со бројчани оценки, а на крајот на учебната година добива свидетелство со бројчани оценки и оценка за општ успех. (8) Бројчаните оценки се: одличен (5); многу добар (4); добар (3); доволен (2) и недоволен (1). Сите оценки се преодни освен оценката недоволен (1). (9) Највисока оценка е одличен (5).
Според оспорениот член 71 од Законот: (1) Следењето и проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на учениците се врши со интерно или екстерно проверување. (2) Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците на крајот од трето одделение го вршат наставниците во училиштето врз основа на стандардизирани тестови подготвени од Бирото. (3) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците на крајот на секоја учебна година за учениците од четврто до деветто одделение се спроведува врз основа на стандардизирани тестови изготвени од Бирото, а го организира и спроведува Министерството и Државниот просветен инспекторат. (4) Резултатите од проверување на напредокот и постигањето на успехот на ученикот од став (3) на овој член не влијаат врз општиот успех на ученикот, односно на неговите оценки, освен доколку разликата помеѓу добиената оценка од ектерното проверување на постигањето на успехот на учениците и добиената оценка од наставникот се разликува повеќе од една оценка. (5) На ученикот му се издава свидетелство за завршено одделение по спроведеното ектерно проверување од ставот (3) на овој член. (6) Начинот на организирање и спроведување на проверување на постигањето на успехот на учениците од ставовите (2) и (3) на овој член, како и начинот на утврдувањето на завршните оценки на ученикот го пропишува министерот.
Членот 96 од Законот, кој е содржан во Глава VII од наслов „Наставници, стручни соработници и воспитувачи“ точка 5 со поднаслов „Оценување на наставници“, предвидува дека (1) за наставниците, стручните соработници или воспитувачите, кои во остварувањето на воспитно-образовниот процес не покажуваат задоволителни резултати, Бирото, Советот на родители или Државниот просветен инспекторат покренуваат иницијатива до училишниот одбор за преиспитување на нивната способност за реализација на работните обврски. (2) Бирото, Советот на родители или Државниот просветен инспекторат покренуваат иницијатива до училишниот одбор за престанок на работниот однос и за наставници во основните училишта кои вршат подготовки и други активности на учениците од училиштето кои следат настава по завршување на работното време, а не се утврдени со годишната програма за работа. (3) Иницијативата од ставовите (1) и (2) на овој член мора да содржи образложение за причините поради кои се покренува. (4) Ако иницијативата од ставовите (1) и (2) на овој член е покрената од Советот на родители, Училишниот одбор пред да расправа за иницијативата, задолжително бара мислење од Државниот просветен инспекторат. (4) Ако училишниот одбор ја прифати иницијативата од ставовите (1) и (2) на овој член до директорот поднесува предлог за престанок на работниот однос на наставник, стручен соработник или воспитувач, во рок од седум дена. (5) Директорот е должен да постапи по предлогот од став (4) на овој член во рок од седум дена од денот на добивањето на предлогот.
Според член 97 од истиот закон, (1) врз основа на резултатите од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците од член 71 став (3) од овој закон се оценува објективноста и професионалноста на наставникот во вреднувањето на постигнувањата на успехот на ученикот. (2) оценувањето од став (1) на овој член се врши со споредување на резултатите на екстерното проверување на постигањата на ученикот со завршната оценка на ученикот по соодветниот предмет, за што Министерството изготвува ранг листа за отстапување од добиените показатели. (3) Врз основа на ранг листата од став (2) на овој член, 20% од наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година 15% од платата што ја прималe. (4) Врз основа на ранг листата од став (2) на овој член, 20% од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година 10% од платата што ја прималe. (5) Ако наставникот три години едно по друго покажува резултати од став (3) на овој член се унапредува во првото наредно звање. (6) Ако наставникот три години едно по друго покажува резултати од став (4) на овој член му престанува работниот однос. (7) Акт за зголемување, односно намалување на платата на наставникот согласно ставовите (3) и ( 4) на овој член донесува директорот на училиштето. (8) Против актот на директорот од став (7) на овој член наставникот може да поднесе жалба до надлежен суд. (9) Начинот на изготвување на ранг листата, утврдувањето на процентот на најголеми односно најмали отстапувања од добиените показатели, процентот на зголемување односно намалување на платата како и начинот на намалувањето, односно зголемувањето на платата на наставникот во рамките на утврдените проценти согласно овој член го пропишува министерот.
Од анализата на наведените уставни и законски одредби од двата оспорени закона, а поаѓајќи од уставните гаранции за обезбедување на правото на образование на секого под еднакви услови, законодавецот во двата закона – Законот за средното образование и Законот за основното образование јасно и децидно определил дека образовниот процес се врши во установа формирана за таа цел, односно во основните и средните училишта кој процес се реализира преку посебни програми и организација на воспитната работа во основното училиште, односно планови и програми за воспитно-образовната дејност во средните училишта. Правото на образование значи право на граѓанинот да здобива знаење и стручна подготовка на сите степени на образование под еднакви услови предвидени во Уставот.
Во конципирањето на одредбите кои го изразуваат правото на образование, Уставот поаѓа од општата констатација дека образованието не е само приватна работа на поединецот, туку интерес и потреба на општеството во целина. Оттука, Уставот гарантирајќи му го на секого правото на образование упатува на стекнување на знаења и стручна подготовка.
Следејќи ги промените во општествено-економската структура, каде што пазарните законитости и претприемништвото треба да доведат до суштински измени не само во општествено-економската сфера, туку и во речиси сите општествени дејности, каде што образованието има посебно место и значење, концептот за развој на општеството претпоставува конкуренција и подобар квалитет и во оваа мошне чувствителна сфера од општествениот живот.
Оценувањето на учениците опфаќа следење и проверување на постигањата и напредувањето на ученикот, како и прибирање и анализирање на показателите за неговиот развој во воспитно образовниот процес. Оттука, при определувањето на оценката според Судот, неопходно е да бидат разгледани повеќе аспекти и тоа: обемот и квалитетот на усвоените знаења, работните навики, заинтересираноста за наставата и односот кон неа, оспособеноста за примена на знаењата, развојот на способноста и формирањето на моралните ставови. Следењето, проверувањето и оценувањето на учениците, а во контекст на наведените аспекти, треба да биде континуирано и систематско.
Во процесот на следењето, проверувањето, поттикнувањето и оценувањето на развојот и напредувањето на учениците во воспитно-образовниот процес наставниците користат методи, постапки, техники кои се сообразени со содржините што се оценуваат како усно и писмено проверување, писмена работа, тестови на знаења, практично проверување, есејски задачи итн. На овој начин, преку овие методи, наставниците како директно инволвирани во воспитно-образовниот процес, се единствени кои можат континуирано и систематски да го следат постигањето и напредувањето на ученикот преку текот на целата учебна година и на крајот да го утврдат општиот успех на ученикот.
Оттука, во врска со оспорените делови од законските одредби на член 45 од Законот за средното образование и член 71 од Законот за основното образование децидно наведени во точка 1 под а) и б) од ова решение, според Судот, основано се доведува во прашање нивната согласност со Уставот и примената на начелото на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните како негов дел. Ова особено од фактот што ниту во двата закона не е децидно, јасно и прецизно содржано решение дека вршењето или изведувањето на тестирањето ќе биде во надлежност на училиштето како образовна установа, туку оваа надлежност е дадена исклучиво на извршната власт, преку овластување на Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат.
Според Судот, орган на извршната власт, надвор од училиштето и воспитно-образовниот процес, не може да врши екстерно проверување и оценување на учениците во основните и средните училишта, односно дека не е во согласност со Уставот и принципот на владеењето на правото Министерство за образование и Државниот просветен инспекторат да организира и спроведува проверување на успехот на ученикот, а кое е од влијание на конечниот постигнат општ успех на ученикот. Имено, според нашиот образовен систем, спроведувањето на наставниот процес и утврдувањето на општиот успех на ученикот, го спроведуваат образовни установи и тела.
Поради наведеното, пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од член 45 став 3, во делот: „а го организира и спроведува Министерството и Државниот просветен инспекторат од Законот за средното образование и на член 71 став 3, во делот: „а го организираат и спроведуваат Министерството и Државниот просветен инспекторат“ од Законот за основното образование, со член 8 став 1 алинеи 3 и 4 од Уставот на Република Македонија.
7. Одредбите од Законот за средно образование и Законот за основното образование кои го регулирааат, односно предвидуваат екстерното проверување како дел од образовниот процес, според Судот, не се во спротивност со одредбите од Уставот на кој се повикува подносителот на иницијативата. Екстерното оценување во основното и средното образование само по себе не може да се оцени како спротивно со уставните одредби, меѓутоа организирањето и спроведувањето на истото за да се постигне интенцијата на законодавецот – објективно оценување на успехот на учениците и сите услови за квалитетен образовен и воспитен процес треба да е во надлежност на образовни установи и тела.
Од овие причини Судот оцени дека одредбите од двата закона наведени во точка 2 под а) и б) од ова решение се во согласност со Уставот на Република Македонија.
8. Поради наведените причини, Судот оцени дека во случајов се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, поради што Судот донесе решение за запирање на изввршување на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорените одредби од двата закона, наведени во точката 1 под а) и б) од ова решение.
9. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 под а) и б) и 2 под а) и б) од ова решение.
10. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов. По однос на точката 1 под а) и б) и точката 3, решението е донесено со мнозинство гласови.
У.бр.226/2008
20 мај 2009 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски