231/2007-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 5 март 2008 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за утврдување надоместок за употреба на градежно земјиште–градска рента, донесена од Советот на општина Гостивар под бр. 07-620/1 од 13.10.2003 година.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијатива поднесено од ЕКСИМ – КОМЕРЦ ДОО од Скопје, со Решение У. бр. 231/2007 од 26 декември 2007 година поведе постапка за оценување на уставноста и законистоста на одлуката означена во точката 1 на оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и Законот за градежно земјиште.

4. Судот на седницата утврди дека сo оспорената Odluka se utvrduva висината, начинот на надоместокот за употреба на градежно земјиште, начинот на наплатата и употре­ба­та на средствата на подрачјето на општина Гостивар.

5. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Според член 17 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/95), кој согласно член 96 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македо­ни­ја” бр.5/2002) продолжува да се применува до усогласувањето на посебните закони со кои се уредуваат прашањата од надлежност на општините, еди­ни­ците на локалната самоуправа самостојно донесуваат програма за уре­ду­ва­ње на градежното земјиште, вршат работи на уредување и употреба на градежното земјиште во согласност со закон и утврдуваат зони и соби­раат земјишна такса во согласност со закон.

Од наведеното произлегува дека единиците на локалната самоуправа вршат работи на уредување и употреба на градежното земјиште и утврдуваат зони и собираат земјишна такса во согласност со закон.

Со Законот за комунални дејности („Службен весник на Република Македонија“ број 45/1997, 23/1999, 45/2002 и 16/2004 година), во член 1 се уредуваат основните услови и начинот на вршење на комуналните дејности, финансирањето на комуналните дејности и други прашања од значење за комуналните дејности.

Во член 5 од Законот, пропишана е обврска на домашните и странските физички и правни лица кои вршат кому­нални дејности од член 3 од овој закон, должни се да обезбедат трајно и квалитетно вршење на комуналните дејности, како и одржување на објек­тите и опремата на комуналната инфраструктура во функционална состојба.

Понатаму, во член 7 од наведениот Закон, општината односно град Скопје е должен да донесе одлука за комунален ред и преземе мерки за нејзино спроведување. Под комунален ред во смисла на став 1 од овој член се подразбира поблиску уредување на односите и начинот на вршење на комуналните дејности меѓу корисниците и давателите на услугите.

Во член 8 од Законот се одредени кои се објекти на комунална инфраструктура, а во член 10 став 3 се утврдени објектите на комуналната инфраструктура кои служат за заедничка комунална потрошувачка, додека во член 13 од Законот се пропишани изворите на финансирања на одржувањето на објектите на комуналната инфраструктура.

Законот за градежното земијште („Службен весник на СРМ“ број 10/79, 18/89, 21/91 и „Службен весник на Република Македонија“ број 71/96 и 18/99) кој престана да важи содржеше посебни глави кои се однесуваа на уредувањето и на употребата на градежното земјиште.

Така во делот од овој закон кој се однесуваше на употребата на градежното земјиште односно во членот 44 беше утврдено дека собранието односно советот на општината може да утврди надоместок за употреба на градежното земјиште според обемот и степенот на опременоста со комунални објекти и инсталации. Со одлука се утврдува висината, роковите на плаќањето и начинот на пресметувањето на надоместокот. Надоместокот го плаќа непосредниот корисник на земјиштето, а како непосреден корисник се смета носителот на правото на користење на недвижности и нивниот сопственик.

Оттука произлегува дека надоместокот за употреба на градежното земјиште како јавна давачка беше утврдена со Законот за градежното земјиште.

Законот за градеžното земјиšте од 2001 година концепциски е поставен на сосема поинакви основи од претходниот закон. Имено, за разлика од поранеšниот закон според кој градеžното земјиšте единствено беšе на Републиката, според постојниот закон градеžното земјиšте моžе да биде во сопственост на Република Македонија и на домаšни физиèки и правни лица под услови утврдени со овој и друг закон. Носителот на правото на сопственост на градеžното земјиšте моžе земјиšтето да го отуðи или да го даде под долготраен или краткотраен закуп. Градеžното земјиšте во сопственост на Република Македонија моžе да се отуðи, да се даде под концесија и под закуп.

Врз основа на изнесеното произлегува дека според постојниот Закон за градеžно земјиšте, градеžното земјиšте моžе да биде во сопственост или, пак, за него да се плаæа закуп. Оттука, овој закон не слуèајно содрžи одредби за уредувањето на градеžното земјиšте, меðутоа не содрžи одредби за употреба на градеžното земјиšте. Имено, ако се има предвид дека според Законот, градеžното земјиšте е во сопственост или, пак, за него се плаæа закуп, надоместокот за употреба на градеžното земјиšте како јавна даваèка не е уреден со овој закон.

Тргнувајæи од фактот дека надоместокот за употреба на градеžното земјиšте како јавна даваèка не е утврден со закон, Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласност со èленот 33 од Уставот и Законот за градежно земјиште.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа Одлука.

7. Оваа Одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите: Лилјана Ингилизова – Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.231/2007
5 март 2008 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски