12/2007-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 4 април 2007 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ ПОНИШТУВА членот 13 во делот

2. СЕ СТАВА НАДВОР ОД СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се донесени, односно преземени врз основа на оспорената одредба од Законот означена во точката 1 од ова решение.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

4. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата поднесена од Тодор Петров, претседател на Македонската партија со Решение У.бр.12/2007 поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот дел на членот 13 од Законот означен во точката 1 од оваа одлука.

Постапката беше поведена затоа што пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на дел на оспорениот член 13 од Законот со Уставот на Република Македонија.

5. Судот на седницата утврди дека според членот 13 од Законот, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен членот 3 од овој закон кој ќе се применува од 1 јануари 2007 година.

6. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е утврдено како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Според членот 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Според ставот 2 на овој член од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување, а според ставот 3 на овој член, законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.

Ставот 4 од овој член од Уставот утврдува дека законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии е донесен на седницата одржана на 10 јануари 2007 година. Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2007) на 16 јануари 2007 година.

Според членот 3 од Законот во членот 17 ставовите (1) и (2) се менуваат и гласат:

„(1) Политичките партии се запишуват во регистар според нивното седиште што го води надлежниот основен суд (во натамошниот текст: судски регистар).

(2) Судски регистар на политички партии водат основните судови во Битола, Тетово, Скопје II- Скопје, Струмица и Штип за подрачјата на основните судови определени со Законот за судовите“.

Во ставот (4) на крајот од реченицата точката се брише и се додаваат зборовите: „како и образецот за давање на потписи за основање и членување во политичка партија кои се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ на веб страницата на Министерството за правда“.

По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:

„(5) Обрасците за давање потписи за основање на политичка партија и за чпленување во политичка партија, ги обезбедува основачот, односно политичката партија“.

Според оспорениот член 13 од Законот, законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ (24 јануари 2007 година), освен членот 3 од овој закон кој ќе се применува од 1 јануари 2007 година.

Имајќи предвид дека со оспорената одредба е создадена правна ситуација, односно можност членот 3 од Законот да се применува и наназад, пред неговото објавување, односно влегување во сила, што, од друга страна, истовремено значи и негово повратно дејство.

Оттука, разгледувајќи го оспорениот дел на членот 13 од Законот од аспект на неговото повратно дејство, а при тоа имајќи го предвид ставот 4 на членот 52 од Уставот, според кој законите само по исклучок, и тоа во случаите кога тоа е поповолно за граѓаните, можат да имаат повратно дејство, како и содржината на оспорената законска одредба, Судот утврди дека решенијата кои се предвидени во Законот се понеповолни за субјектите (политичките партии) на кои се однесува оспорената одредба.

Со оглед на наведеното, Судот оцени дека членот 13 во делот: „освен членот 3 од овој закон кој ќе се применува од 1 јануари 2007 година“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии не е во согласност со членот 52 став 4 од Уставот и принципот на владеењето на правото утврдено како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 и 2 од оваа одлука.

8. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот Махмут Јусуфи и судиите д-р Трендафил Ивановски, Лилјана Ингилизова-Ристова, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани.

У.бр.12/2007
4 април 2007 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Махмут Јусуфи