88/2006-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 6 декември 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од „Централнот градско подрачје“ – Куманово, урбан блок помеѓу улиците

2. Милена Петрушевиќ од Куманово на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата, оспорената одлука била спротивна на членот 11 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Имено, со измената на планот била опфатена и измена на КП 14806, сопственост на Светислав Анастасовски од Куманово. По однос на оваа конкретна КП повредата на постапката за донесување на оспорената одлука се состоела во тоа што површината на парцелата, како и површината на објектот што се наоѓал на неа не биле вцртани со реална димензија, односно според нивната постојна состојба. Поконретно, целиот објект бил со димензии 18 м на 20 м, а планерот при измената и дополнувањето го преставил објектот со димензии 20 м на 14 м.

Поради тоа што планерот не излегол на лице место за да ја забележи реалната состојба, постапил самоволно и направил непоправливи грешки кога објектот го прикажал со нереални димензии, кога еден дел од објектот го третирал како објект од времен карактер и кога не водел сметка за пристапот до објектот, што значи дека не ја почитувал наведената законска одредба, која предвидела постојната состојба да е основа на планот.

3. Судот на седницата утврди дека Советот на општина Куманово на седницата одржана на 30 јуни 2004 година, ја донел оспорената одлука.

Во членот 1 од Одлуката е определено дека се донесува имена и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од „Централното градско подрачје“ – Куманово урбан блок помеѓу улиците: ул. „Доне Божинов“, ул. „Октомвриска револуција“, ул. „Панче Пешев“, ул. „Димитар Влахов“ и ул. „Пионерска„ во Куманово, според техничка документација бр.49/2002.

Во членот 2 од Одлуката е определено дека нејзин составен дел се текстуалниот дел со билансни показатели и синтезниот графички приказ.

Во членот 3 од Одлуката е определен начинот на заверка на Деталниот урбанистички план.

Во членот 4 од Одлуката е определено дека Одлуката влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службениот гласник на општина Куманово”.

Одлуката е заверена под број 07-601/6 од 30 јуни 2004 година и е објавена во “Службен гласник на општина Куманово“ број 13 и 14 од 2004 година.

4. Исто така, Судот на седницата утврди дека Советот на општина Куманово донел Програма за изработка на урбанистички планови и документација за град Куманово за 2001 година, заведена под бр.07-332/1 од 8 февруари 2001 година.

Стручната ревизија на Нацрт-измената и дополнувањето на планот е изготвена од Д.О.О „Теплан“-Тетово во ноември 2002 година.

Одговор на ревизијата е изготвен од „Урбан проект“ Д.О.О. Куманово во декември 2002 година.

Градоначалникот на општината Куманово со Одлука бр. 23-2507/2 од 3 декември 2004 година определил организирање на јавна анкета на Нацртот на измената и дополнувањето на Деталниот урбанистички план.

Соопштението за организирање на јавната анкета е објавено во весникот „Кумановски весник“, а јавната анкета била спроведена во периодот од 4 до 15 декември 2002 година.

Според Извештајот од спроведената јавна анкета бр.23-1639/1 од 11 јули 2003 година, за конкретниот Нацрт-план биле поднесени 4 приговори и сите биле прифатени.

Известувањето за постапување по Извештајот од спроведената јавна анкета, составено од главниот архитект на Куманово е со бр.21-271/1 од 11 февруари 2004 година.

Министерството за транспорт и врски дало согласност на Предлог-планот, заведена под бр.13-2057 од 21 јуни 2003 година, по што Советот на општината ја донел и објавил оспорената одлука.

5. Според член 2 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” бр. 4/1996, 28/1997, 18/1999, 53/200 1 и 45/2002) кој бил во примена кога е донесена оспорената одлука, просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторни и урбанистички планови кои меѓусебно се усогласуваат.

Според член 7 од Законот, во зависност од просторот што е предмет на планирање се донесува, покрај другите и генерален и детален урбанистички план.

Според член 10 став 1 од Законот, генералните урбанистички планови се донесуваат за подрачја на населено место, стопански комплекс и за други подрачја предвидени за градба.

Според став 2 од истиот член од Законот, генералниот урбанистички план содржи синтезен графички приказ на планските решенија во границите на урбаното подрачје со билансни показатели за урбаните единици и блокови и за инфраструктурата. Синтезниот графички приказ содржи: граница за урбано подрачје, намена на земјиштето на урбаните блокови, решенија на генералните водови и објекти на сообраќајна и друга инфраструктура. Билансните показатели содржат: податоци за површините и намените, показатели за инфраструктурата и параметри за уредување на просторот на урбаните блокови, согласно наведените стандарди и нормативи. Генералниот урбанистички план, како план од пониско ниво мора да биде усогласен со Просторниот план.

Според член 11 став 1 од Законот, деталниот урбанистички план се донесува за одделни делови од населените места и други подрачја за кои е донесен генерален урбанистички план.

Според став 2 од истиот чл ен од Законот, опфатот на урбаниот блок за кој се изработува детален урбанистички план може да изнесува максимум 30 хектари, а минималниот опфат зависи од големината на урбаниот модул определен со сообраќајници, водоте ци и слично, со максимално почитување на постојната состојба, доколку е во согласност со генералниот урбанистички план.

Според член 11 став 3 од Законот, деталниот урбанистички план содржи синтезен графички приказ на планските решенија во границата на урбаното подрачје со билансни показатели за урбаните модули и инфраструктурата. Синтезниот графички приказ содржи: граница за урбаното подрачје, намена на земјиштето на урбаните модули со градежни парцели, површина за изградба на објекти определени со градежни линии и максимална висина, сообраќајна мрежа со нивелманско решение, решенија на секундарни водови и објекти на инфраструктура. Билансните показатели содржат: податоци за површините, показатели за инфраструктурата и параметри за уредување на просторот на урбаните модули, согласно со соодветните стандарди и нормативи. Деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план.
Според член 11 став 4 од Законот, документацијата на деталниот урбанистички план за постојната состојба и проекциите претставуваат документациона основа на планот, која заедно со нацрт планот се доставува на стручна ревизија според член 19 на овој закон.

Според член 17 став 1 од Законот, плановите од член 7 од овој закон се израб отуваат како нацрт и предлог на план, а според став 3 од истиот член по нацртот на деталниот урбанистички план се спроведува јавна анкета. Одлука за јавна анкета по нацрт деталниот урбанистички план во општината донесува градоначалникот на општината, по утврдување на нацртот на планот од страна на општинската администрација (член 17 став 7).

Според член 18 од Законот, јавната анкета по деталниот урбанистички план ја организира општината и се спроведува со излагање на планот на јавно место најмалку 10 дена, во кој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, доставуваат писмени забелешки на анкетни листови до организаторот на анкетата. За времето и местото каде ќе биде изложен планот задолжително се објавува соопштение во јавните гласила. Извештај за јавната анкета за деталните урбанистички планови со образложение за неприфатените забелешки изработува општината (став 4).

Според член 19 од Законот, на нацртот на плановите од член 7 од овој закон, пред организирањето на стручната расправа односно јавата анкета, се врши стручна ревизија. Стручната ревизија, на урбанистичките планови според програмата од членот 13 на овој закон ја врши стручна научна институција или комисија што ја определува, односно формира министерот надлежен за работите за уредување на просторот.

Согласно член 20 од овој закон, измените и дополнувањата на плановите се вршат по иста постапка пропишана за нивното донесување, доколку со овој закон не е поинаку уредено.

Според член 22 став 6 од овој закон, урбанистичките планови се донесуваат по издавањето согласност на предлогот на планот од Министерството надлежно за работите на уредување на просторот. Според член 23 став 1 од Законот, со согласноста од став 6 на член 22 од овј закон, се потврдува дека планот е изработен согласно со: одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

6. Оценувајќи ја оспорената одлука по однос на нејзината согласност со одредбите од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, а врз основа на целокупно приложената документација Судот утврди дека Советот на општината оспорената одлука ја донел во законски предвидена постапка, со почитување на сите фази на постапката за изменување и дополнување на деталниот урбанистички план.

Притоа, по однос на наводот за повреда на членот 11 од Законот сторена од страна на планерот на начин што при планирањето не излегол на лице место, не ја зел предвид реалната, постојна состојба и димензиите на КП 14806 и дел од објектот го прикажал како времен, Судот оцени дека се неосновани.

Имено, планерот е дипломиран инженер архитект кој ги исполнува со закон пропишаните услови за добивање овластување за вршење на дејност планер, и тој според своите надлежности не е доносител на одлуката за измена и дополна на планот, туку доносител на актот е Советот на општината. Планерот е лице ангажирано од Советот на општината во фазата на изработување на планот и во случај да е сторен било каков пропуст во прикажувањето на посто јната состојба, подносителот на иницијативата имал можност да поднесе свој приговор во организираната и спроведената јавна анкета, но тоа не го сторил.

Од друга страна, од наводите на иницијативата и од приложената документација произлегува дека дел од објектот е прикажан како времен, што значи дека истиот сепак е евидентиран како постоечки во прикажаната постојната состојба, како основа на планот. Притоа, дали Советот на општината погрешно или правилно на дел од објектот му дал карактер на времен, наместо на траен, легално изграден објект е фактичко прашање за кое Судот не е надлежен да одлучува, бидејќи во крајна линија тоа води кон решавање на индивидуално, конкретно имотно-правно прашање.

Оттаму, Советот на општината при донесување на оспорената одлука не ги повредил одредбите од Законот за просторното и урбанистичко планирање и посебно членот 11, на кој се посочува во иницијативата, поради што пред Судот не се постави прашањето за согласноста за оспорената одлука со одредбите од овој закон.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Махмут Јусуфи и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр. 88/2006
6 декември 2006 год.
С к о п ј е
м.л.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Махмут Јусуфи