224/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на илен 110 од Уставот на Република Македонија и иленовите 28 алинеја 2 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 8 март 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на висината на коморскиот уписен влог, донесена од Адвокатската комора на Република Македонија на 30 мај 2003 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.39/2003).

2. Филип Пејчиновски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одлуката означена во точката 1 од ова решение.

Според наводите во иницијативата оспорената одлука имала дејство ерга омнес и тоа спрема сите правници со положен правосуден испит на територијата на Република Македонија и преставувала општ акт на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија, што бил донесен врз основа на одредби од Законот за адвокатурата. Оттаму, подносителот на иницијативата смета дека согласно член 112 став 1 и 2 од Уставот, оспорената одлука по својот карактер требало да биде предмет на оцена на уставноста пред Уставниот суд на Република Македонија.

Понатаму, подносителот на иницијативата посочува на становиште на Судот заземено во постапката по предметот У.бр. 51/2003, кога било утврдено дека коморскиот уписен влог е дополнителен и неоправдан услов и смета дека Судот во друга постапка отстапил од ваквото становиште, меѓутоа поконкретно означување на таа постапка нема (наведен е само датум на донесување на решението).

3. Судот на седницата утврди дека Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија на 30 мај 2003 година, врз основа на член 34 став 1, член 35 став 1 точка 2 и член 36 од Законот за адвокатурата, како и член 23 став 1 алинеја 14 и член 82 став 1 алинеја 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија донел Одлуката за утврдување на висината на коморскиот уписен влог.

Во членот 1 од Одлуката е предвидено дека, “Висината на коморскиот уписен влог изнесува 61.500,оо денари.” Во членот 2 од Одлуката е определено дека истата влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Одлуката е објавена во “Службен весник на Република Македонија” бр.39/2003.

4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.

Со Решение У.бр.109/2003 од 22 октомври 2003 година Судот ја отфрлил иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста по одно с на сега оспорената одлука. Ова од причини што утврдил дека истата не содржи општи норми, не утврдува права и обврски, туку напротив претставува акт за реализација, операционализација на членот 36 од Законот за адвокатурата и членот 23 алинеја 14 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија, во кои одредби определувањето на висината на коморскиот уписен влог е предвидено како надлежност на Управниот одбор.

Во оваа постапка, Судот сметал дека е потребно да го нагласи фактот што донесената Одлука на Комората од 29 јануари 2003 година, укината со Одлука на Судот У.бр.51/2003 од 22.05.2003 година, содржела правило, по уписот во Именикот на адвокатите да се плати определениот коморски уписен влог, со што се воведувал услов за добивање лиценца што не е предвиден со закон. За разлика од таа Одлука, Судот во постапката по предметот У.бр.109/2003 утврдил дека оспорениот акт, кој и сега е предмет на оспорување, не содржи услови за стекнување на својство адвокат, туку само ја определува висината на коморскиот уписен влог, што по својата правна суштина е извршен акт на Управниот одбор на Комората кој не третира нови односи и затоа нема нормативен карактер.

По однос на сега оспорената одлука Судот, исто така донел решенија У.бр.7/2004 од 25 февруари 2004 година, У.бр.32/2004 од 23 јуни 2004 година и У.бр.122/2005 од 12 октомври 2005 година и во сите случаи иницијативите биле отфрлани согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Судот. Имено, во наведените постапки Судот не наоѓал основи за пои накво одлучување за работа за која веќе одлучувал.

Врз основа на наведеното произлегува дека пред Судот во повеќе наврати била оспорувана Одлуката на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија за утврдување на висината на коморскиот уписен влог донесена на 30 мај 2003 година, во последниот случај токму по иницијатива на Филип Пејчиновски, при што Судот во сите случаи не нашол дека оспорениот акт има нормативен карактер.

5. Имајќи предвид дека оспорената одлука не е пропис и повеќе пати била предмет на оцена пред Уставниот суд на Република Македонија, а не постојат основи за поинакво одлучување, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова Ристова и судиите: др Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр. 224/2005 ПРЕТСЕДАТЕЛ
8 март 2006 год. на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
л.а/ Лилјана Ингилизова – Ристова

Судија – известител,
Игор Спировски