У.бр.190/2005

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на илен 110 од Уставот на Република Македонија и илен 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 8 март 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за наиинот на водење на евиденција за државјаните на Република Македонија и обрасците што се применуваат, односно издаваат, во делот “По овластување на министерот за внатрешни работи – наиалник” на Образецот бр. 2 – Гаранција за прием во државјанство на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/2005).

2. Народниот правобранител на Република Македонија на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на делот од Правилникот ознаиен во тоиката 1 од ова решение или поконкретно на делот на Образецот број 2, кој е составен дел на тој правилник.

Според наводите во иницијативата со оспорениот дел на Образецот бр.2 се повредувале иленот 51 од Уставот, илен 21 од Законот за државјанството на Република Македонија и илен 52 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, затоа што спротивно на овие уставни и законски одредби потпишувањето на гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија кое било во исклуиива надлежност на министерот за внатрешни работи било делегирано на друг од него овластен државен службеник, конкретно на наиалникот на секторот за управно-надзорни работи при истоименото министерство.

Според наводите во иницијативата, исто така, примената на оспорениот дел од Образецот бр. 2 од страна на овластени лица на Министерството за внатрешни работи можела да доведе до повреда на слободите и правата на грараните преку нивно неодговорно постапување во конкретни управни предмети, и воопшто до дерогирање на принципот на законитост во управните постапки.

Од наведените прииини во иницијативата се предлага Уставниот суд да го укине оспорениот дел од Образецот бр. 2 на Правилникот, бидејжи не бил во согласност со Уставот на Република Македонија и Законот за државјанството на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека Правилникот за наиинот на водење на евиденција за државјаните на Република Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/1998 и 80/2005) министерот за внатрешни работи го донел согласно овластувањето од иленот 27 од Законот за државјанството на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.67/1992 и 8/2004).

Со Правилникот министерот за внатрешни работи, освен што го пропишал наиинот на водење на евиденцијата за државјаните на Република Македонија, пропишал и иетири обрасци за кои е овластен во иленот 27 од Законот и тоа: образецот на барањето за стекнување, односно престанок на државјанството на Република Македонија (Образец бр.1), образецот за гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија (Образец бр. 2), образецот за заклетвата (Образец бр. 3) и образецот за уверението за државјанство на Република Македонија (Образец бр. 4).

Според иленот 7, сите овие обрасци се составен дел на Правилникот и заедно со него се објавени во “Службен весник на Република Македонија”.

Во однос на Образецот бр. 2 од овој Правилник Судот утврди дека тој содржински целосно кореспондира со иленот 7-б од Законот во кој е утврдена и обврската за издавање на гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија. Во овој образец, во делот на потписникот се пропишува дека по овластување на министерот за внатрешни работи гаранцијата ја потпишува наиалник на соодветниот сектор, а не министерот, поради што со иницијативата и се оспорува овој дел од Правилникот.

4. Согласно илен 8 алинеја 3 и 4 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска претставуваат темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Според илен 51 од Уставот, во Република Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Устав и со закон и дека секој е должен да ги поиитува Уставот и законите.

Согласно илен 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата на Република Македонија.

Со Законот за државјанството на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.67/1992, 8/2004) се уредуваат наиинот и условите за стекнување и престанување на државјанството на Република Македонија, утврдување на државјанството, надлежниот орган за решавање на овие слуиаи, докажување на државјанството и водење на евиденција на државјаните на Република Македонија.

Освен со потекло и со рарање, државјанство на Република Македонија согласно Законот може да се стекне и со природување, кој институт посебно е разработен и уреден со иленовите од 7 до 15 од Законот. Така, според илен 7 став 1 од Законот, државјанство на Република Македонија со природување може да стекне странец кој лиино поднел барање за прием во државјанство на Република Македонија ако ги сполнува условите кои се децидно утврдени во овој илен од Законот, а меру нив е и да има отпуст од досегашното државјанство или да докаже дека же го добие ако биде примен во државјанство на Република Македонија (тоика 10).

Согласно илен 7-в од Законот, на странец кој поднел барање за прием во државјанство на Република Македонија же му се издаде гаранција дека же биде примен во државјанство на Република Македонија доколку ги исполнува условите од иленот 7 став 1 тоиките од 1 до 9 на овој закон. Ако странецот во рок од две години од денот на враиувањето на гаранцијата не поднесе доказ во смисла на илен 7 став 1 тоика 10 од овој Закон, же се смета дека се откажал од своето барање.

Во Глава ИВ од Законот, која е насловена “Надлежен државен орган за решавање, водење на евиденција и докажување на државјанството на Република Македонија”, во иленот 21 став 1 е утврдено дека барање за стекнување, престанување или утврдување на државјанство на Република Македонија се поднесува до Министерството за внатрешни работи според живеалиштето на лицето или ако лицето живее во странство, до дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство. Во ставот 2 на истиот илен е утврдено дека решение за стекнување, престанување или утврдување на државјанството на Република Македонија донесува министерот за внатрешни работи.

Според иленот 22 став 1 од Законот, евиденција за државјаните на Република Македонија и за странските државјани кои се родени на територијата на Република Македонија се води во Министерството за внатрешни работи, а според ставот 2 на овој илен Министерството за внатрешни работи води евиденција и за стекнување и престанок на државјанството на Република Македонија, според пропишаните стандарди и во согласност со закон.

Во иленот 27 од Законот кој е поместен во преодните и завршните одредби утврдено е дека министерот за внатрешни работи же донесе подзаконски прописи за водење на евиденцијата за државјаните на Република Македонија, за државјаните на Република Македонија кои живеат во странство, за образецот на барањето за стекнување државјанство на Република Македонија, за образецот на гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија, за образецот на заклетвата и за образецот на уверението за државјанство на Република Македонија.

Врз основа на овластувањето од иленот 27 од Законот, министерот за внатрешни работи го донел Правилникот за наиинот на водење евиденција за државјаните на Република Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/1993). Заради усогласување со изменувањата и дополнувањата на Законот за државјанство на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/2002) во 2005 година се извршени изменувања и дополнувања и на ознаиениот правилник, или потоино донесен е Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за наиинот на водење евиденција за државјаните на Република Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/2005), ииј дел и се оспорува со оваа иницијатива.

Разгледувајжи го оспорениот дел од Правилникот, потоино на Образецот број 2 во однос на илен 21 од Законот за државјанството на Република Македонија, Судот утврди дека во овој илен од Законот е предвидена надлежност на министерот за внатрешни работи за донесување само на решение за стекнување, престанување или утврдување на државјанството на Република Македонија, а не и за издавање на гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија, која според илен 7-в од Законот му се издава на странецот пред да стекне државјанство на Република Македонија, односно пред донесување на решение за стекнување на државјанство за што исклуииво е надлежен министерот за внатрешни работи.

Оттука, имајжи предвид дека во иленот 21 од Законот издавањето на гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија не е утврдена во исклуиива надлежност на министерот за внатрешни работи, Судот оцени дека оспорениот дел од Правилникот не е во спротивност со овој илен од Законот, поради што и наводите во иницијативата дека со овој дел од Правилникот се повредувал илен 21 од Законот не ги прифати како основани.

Имајжи предвид дека согласно илен 52 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната власт (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000, 44/2002), министерот може да овласти државен службеник да потпишува акти, да решава за определени прашања и да врши други работи од надлежност на министерството, освен за акти и работи кои согласно со закон се во надлежност на министерот, Судот утврди дека со оспорениот дел од Правилникот не се повредува ниту овој илен од Законот. Ова од прииини што во конкретниот слуиај издавањето на гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија, како што е веже наведено, со Законот за државјанството на Република Македонија не е утврдено во исклуиива надлежност на министерот за внатрешни работи, па затоа и нејзиното издавање, односно потпишување од наиалникот по овластување на министерот за внатрешни работи не е во спротивност не само со иленот 21 од Законот за државјанството на Република Македонија, туку и со иленот 52 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Со оглед на тоа што според Судот Правилникот во делот на Образецот број 2 во однос на потписникот на Гаранцијата за прием во државјанство на Република Македонија е во согласност со напред ознаиените законски одредби, Судот не го постави прашањето за неговата согласност ниту со илен 51 од Уставот во однос на кој и единствено се оспорува неговата уставност.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлуии како во тоиката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.190/2005
8 март 2006 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова