226/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 1 февруари 2006 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членовите 81 и 82 од Законот за парничната постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.79/2005).

2. Мирјана Димитровска, д-р Војо Беловски, Консалтинг Велковски ДООЕЛ-Скопје, Менс Легис ДООЕЛ-Скопје, Маринко Саздовски-стечаен управник и Живко Калков-стечаен управник, сите од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение.

Според подносителите на ини-цијативите оспорените одред-би од член 81 и 82 од Законот за парничната постапка создавале монополска положба на адвокату-ра-та и на правниците кои се во работен однос со странките и правна несигурност кај граѓаните, затоа што правото на давање правна помош овие субјекти го стекнале пред влегувањето во сила на Законот за пар-ничната постапка, што значело дека оспорените одредби од Законот имале повратно дејство што било спротивно на членот 52 став 4 од Уставот на Република Македонија.

Со оспорените одредби од Законот се вршела дискрими-на-ција на дипломираните правници кои биле во работен однос со стран-ката во однос на другите правници кој не се во работен однос кај стран-ките, а имале иста стручна подготовка, но не можеле да се јават како полномошници.

Во иницијативата на Мирјана Димитровска се наведува дека во членот 86 став 3 било предвидено дека адвокатски приправник може да се јави како полномошник во постапка само во прв степен за спорови што не надминуваат вредност од 1.000.000,00 денари, па се поставувало прашањето дали адвокатски приправник без еден ден рабо-тен стаж само со завршен правен факултет е постручен и поквали-фи-ку-ван во давање правна помош само поради фактот што е присутен во адвокатската канцеларија.

Наведените одредби од Законот се оспоруваат и од аспект на еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите. Имено, во иници-јативите се наведува дека Законот ги доведувал во нерамноправна положба другите дипломирани правници, магистри и доктори по правни науки и дека на граѓаните им се ограничувало правото при изборот на полномошник, затоа што морале да се определат за адвокати и покрај тоа што некој друг (магистер или доктор на правни науки) подобро, поквалитетно и постручно ќе им давал правна помош, односно ќе ги застапувал пред судовите.

Во членот 53 од Уставот било утврдено дека адвокатурата е независна и самостојна јавна служба што не значело дека таа е единствена надлежна за давање и обезбедување правна помош и застапување пред судовите.

Во иницијативите, исто така, се наведува дека ако странката можела секогаш да се откаже од тужбеното барање, да го признае тужбеното барање, да склучи порамнување и сл., тогаш таа можела по нејзин избор и да определи, да ополномошти лице кое во нејзино име и за нејзина сметка ќе презема дејствија пред судот.

Членот 82 се оспорува и од аспект на тоа дека општест-ве-ните средства се трансформирале во приватни средства, односно веќе немало општествена сопственост, туку само приватна и јавна сопстве-ност, па оттука немало потреба да се ограничува правото на правното лице по негов избор да определува полномошник.

Со оспорените одредби од Законот се повредувал и Прото-колот за пристапување на Република Македонија кон Светската Трговс-ка Организација. Правилата на Светската Трговска Организација, а согласно тоа и обврските на Република Македонија во правните услуги содржани во листата на специфични обврски на Република Македонија не предвидувале обврска определени правни услуги задолжително да мора да бидат само од адвокати. Класификацијата на Светската Тргов-ска Организација содржела посебен подсектор кој се однесувал на правните услуги и не правел посебна разлика помеѓу правни и адвокат-ски или други услуги.

Слични последици во правниот поредок произлегу-вале и од непочитувањето на одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација склучен меѓу Република Македонија и Европската Унија.

Согласно член 56 од оваа спогодба, Република Македонија во делот за давање услуги се обврзала да спречи преземање мерки или активности (со донесување на нови закони) со кои давањето услуги би се направило значително порестриктивно во однос на состојбата што постоела на денот на влегување во сила на спогодбата за стаби-лизација и асоцијација, како што бил случајот со Законот за парничната постапка.

Во иницијативите на Маринко Саздовски и Живко Калков, стечајни управници од Скопје, се наведува дека со денот на примената на Законот за парничната постапка, во судот ќе се отворале стечајни постапки со кои во име на должникот врз основа на полно-мошно, ќе се јавувале лицата определени во членот 81 од Законот за парничната постапка, а тоа право ќе им било скратено на стечајните управници.

Имено, сите подносители на иницијативите сметаат дека оспорените одредби од Законот создавале монополска положба на адвокатурата и на правниците кои биле во работен однос со странките, се вршела дискриминација на дипломираните правници кои биле во работен однос со странката во однос на другите правници кои имаат иста стручна подготовка но не можеле да се јават како полномошници. Решенијата содржани во оспорените одредби биле рестриктивни и не биле во духот на Уставот на Република Македонија, на граѓаните им се ограничувало правото при изборот на полномошник и слично и затоа не биле во согласност со членовите 8, 9, 32 став 2, 52 став 4, 53, 55 од Уставот на Република Македонија, со Протоколот за пристапување на Република Македонија кон Светската Трговска Организација ратифи-ку-вана на 24 јануари 2003 година (“Службен весник на Република Маке-донија” бр.7/2003), како и со членот 56 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија.

Иницијативата поднесена од Менс Легис ДООЕЛ-Скопје содржи и барање за изрекување времена мерка за запирање на извр-шувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Законот.

3. Судот на седницата утврди дека според член 81 став 1 од Законот за парничната постапка, полномошник на странката може да биде:
– адвокат,
– лице-дипломиран правник кое со странката е во работен однос и
– роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен.

Според ставот 2 од овој член од Законот ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ставот 1 на овој член, судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката.

Според ставот 3 од овој член од Законот, против решението од ставот 2 на овој член не е дозволена посебна жалба.

Според членот 82 од Законот, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипло-миран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице.

4. Во член 8 од Уставот, како темелни вредности на устав-ниот поредок на Република Македонија се утврдени и основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото.
Според член 9 од Уставот, граѓаните на Република Македо-нија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните се еднакви пред Уставот и законите.
Слободниот избор на вработување и достапноста на секое работно место, секому под еднакви услови, се едни од основните и најбитни прашања од комплексот на правото на работа, кое спаѓа во категоријата на социјално-економските права утврдени со Уставот.
Според член 50 став 1 од Уставот, секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, а според ставот 2 на овој член, се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.
Во членот 53 од Уставот, адвокатурата е утврдена како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Во членот 54 од Уставот, кој е и последен од одделот за гаранциите на основните слободи и права е утврдено дека слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничуваат само во случаи утврдени со Уставот, дека слободите и правата можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба и дека огра-ни-чувањето не може да биде дискриминаторско и не може да се однесува за изречно наброените слободи и права во овој член од Уставот.
Од содржината на наведените уставни одред-би како општ заклучок произлегува дека основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, не само што се утврдени како една од темелните вредности на уставниот поредок, туку за нивното остварување и заштита се утврдени и соодветни уставни основи. Во таа смисла посебно се значај-ни гаранциите на основните слободи и права, меѓу кои е утврдена и адвокатурата, како еден од основните предуслови за остварување и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот.

5. Законот за парничанта постап-ка е донесен од Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 13 септември 2005 година и е објавен во “Служ-бен весник на Република Македонија” бр.79/2005.

Со членот 1 од овој закон, се определуваат правилата на постапката врз основа на кои судот расправа и одлучува за основните права и обврски на човекот и граѓанинот во споровите од личните и семејните односи, од работните односи, како и од имотните и од другите граѓанско правни односи на физичките и правните лица, освен ако за некои од наведените спорови со посебен закон не е предвидено за нив судот да одлучува според правилата на некоја друга постапка.

Оспорените одредби од Законот спаѓаат во Петта глава на Законот во насловот “Полномошници”.

Имено, според членот 80 од Законот, странките можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници, но судот може да ја повика странката која има полномошник пред судот лично да се изјасни за фактите што треба да се утврдат во парницата.

Според ставот 2 од овој член од Законот, странката што ја застапува полномошник може пред суд да дава изјави и покрај својот полномошник.
Според Судот, целта на членот 53 од Уставот е да се утврди статусот и положбата на адвокатурата како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, што е израз на фактот дека прав-ната помош дадена од стручно-квалификувана, самостојна и независна служба е основна гаранција за остварување и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот.
Меѓутоа, вклучувањето и утврдувањето на адвокатурата со означениот статус и својство, како една од уставните гаранции за осно-вните слободи и права, не значи дека таа е единствено надлежна за давање и обезбедување на правна помош.
Имено, согласно членот 81 став 1 од Законот за парничната постапка, право на застапување пред судовите освен адвокатите, Законот им дава и на лице – дипломиран правник кое со странката е во работен однос и на роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар и согласно членот 82 од Законот, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице.
Законот им дава право на застапување пред судовите и на уште една категорија на лица во работните спорови. Така, според членот 406 од овој закон работникот во постапката во споровите од работните односи како полномошник може да го застапува лице – дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот, или во сојузот на синдикатите во кој е здружен синдикатот чиј член е работникот и соодветно ќе се применуваат одредбите од членовите 81 и 82 на овој закон.
Тргнувајќи од цитираните законски одредби, а имајќи ги пред-вид наводите во иницијативите и уставните одредби во однос на кои се оспоруваат овие законски одредби, Судот утврди дека Законот за парнич-на-та постапка дава доволно простор странката сама да избере кое од лицата што согласно законот можат да бидат полномошници ќе го овласти да ја застапува во постапката пред суд.
Од друга страна, имајќи предвид дека со Уставот адвокату-рата е дефинирана како јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, произлегува дека законодавецот има право со закон да утврди под кои услови и во кои случаи адвокатурата обезбедува правна помош, а исто така со закон да утврдува во кои случаи и под кои услови правната помош може да ја обезбедуваат и други лица, односно субјекти.
Со оглед на тоа што со Уставот не е утврдено исклучиво право на адвокатурата да обезбедува правна помош, во конкретниот случај законодавецот со Законот за парничната постапка, освен адвока-тите, овластил и другите лица определени во оспорените одредби од членот 81 и 82 од Законот да даваат правна помош.
Оттука, Судот оцени дека со оспорените членови 81 и 82 од Законот за парничната постапка не се повредува уставниот принцип на владеење на правото ниту, пак, другите членови од Уставот посочени со иницијативите.
По однос на наводите во иницијативите дека со оспорените одредби од Законот им се дава право на судска заштита со квалитетни и стручни полномошници само на оние кои ќе можат да платат адвокат, а не и на оние кои тоа не можат да го сторат, Судот утврди дека се неосно-вани од причина што Законот за парничната постапка во Глава единаесетта – Трошоци на постапката предвидел одредби кои се одне-суваат на ослободување од плаќање на трошоците на постап-ката.
Имено, според членот 163 став 1 од Законот, Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
Во ставот 2 од овој член е утврдено дека ослободувањето од плаќање на трошоците на постап-ката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
Според ставот 3 од овој член, Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалении средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство.
Според ставот 4 од овој член, при донесувањето на одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката, Судот грижливо ќе ги оцени сите околности, а особено ќе ја земе предвид вредноста на предметот на спорот, бројот на лицата што ги издржува странката и приходите што ги имаат странката и членовите на нејзиното семејство.
Според член 165 став 1 од Законот, кога странката наполно е ослободена од плаќање на трошоците на постапката (член 163 став 2), првостепениот суд по нејзино барање ќе определи да ја застапува полномошник, ако е тоа нужно заради заштита на правата на странката.
Во ставот 2 од овој член од Законот е определено дека странката на која и е назначен полномошник се ослободува од плаќање на трошоците и наградата на назначениот полномошник.
Според ставот 3 од овој член полномошникот од редот на адвокатите го назначува претседателот на судот.
Според ставот 4 од овој член, назначениот полномошник може од оправдани причини да бара да биде разрешен. За тоа одлучува надвор од главната расправа претседателот на советот, а на расправата советот. Против одлуката на судот со која се разрешува полномо-шникот не е дозволена жалба.
Според ставот 5 од овој член, против решението на судот со кое се усвојува барањето на странката за назначување на полномошникот не е дозволена жалба.
Согласно член 166 од Законот, кога странката е наполно ослободена од плаќање на трошоците на постапката (член 163 став 2), од средствата на судот ќе се исплати аванс за трошоците на сведоците, вештаците, преведувачите, толкувачите, за увид и издавање на судски оглас, како и трошоците на поставениот полномошник.
Во контекст на изнесеното, а со оглед на значењето на правните односи кои по судски пат се разрешуваат во парничната постапка, како и потребата од компетентно знаење на постапката и материјалните закони заради остварување и заштита на интересите на странките во постапката, законодавецот очигледно сакал да воспостави ред во однос на лицата кои пред судот можат да се појават како полномошници на странките во постапката.
Во оваа насока е и одредбата од член 381-а од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр.19/2004) кој го санкционира надриписар-с-твото. Согласно овој член од Законикот, тој што без регистрирана дејност за надомест дава стручна и правна помош на граѓани и правни лица, а не е адвокат, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Тргнувајќи од горе наведеното Уставниот суд на Република Македонија оцени дека со оспорените членови 81 и 82 од Законот за парничната постапка не се повредува уставниот принцип на владеењето на правото ниту, пак, другите членови од Уставот поради што не се постави прашањето за согласноста на оспорените одредби од законот со Уставот на Република Македонија.

6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.226/2005
1 февруари 2006 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова