Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 1 и 3 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 16 ноември 2005 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за населба Бирарија бр.08-1319/2 од 18 ноември 2004 година, донесена од Советот на општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.12/2004).
2. Надежда Младеновска, Чедомир Камџијаш и Десанка Христовска, сите од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведу- вање постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.
Подносителите на иницијативата преку укажување на историјатот на недвиж- носта што е нивна сопственост, во иницијативата посочуваат дека истата отсекогаш се водела како недвижност што припаѓа на населбата Кисела Вода, како неизградено земјиште, а со административното поместување на границите поголем дел од земјиш- тето припаднал кон населбата Бирарија и со оспорената одлука нивниот имот од неизрадено земјиште добил третман на зелен појас.
Потоа се наведува дека приложените докази би требало да бидат доволна основа за да се утврди дека наследениот имот се наоѓал и се наоѓа во населбата Црниче, дека било пропуштено во планирањето да се предвиди пат за комуникација до предвидениот зелен појас, како и тоа дека на оваа и останатите наведени околности усмено и во анкетниот лист бр.08-5/107 од 7 јуни 2004 година било укажано, а за сето наведено бил информиран и градоначалникот на општината.
Врз основа на изнесеното, подносителите на иницијативата сметаат дека немало правна и материјална основа за промена на начинот на користење на земјиштето само затоа што настанала наведената административна промена. Од наведените причи- ни, подносителите на иницијативата предлагаат уставно преиспитување и оценување на оспорената одлука, а притоа да се имаат превид нивните социјални, економски и култур- ни права предвидени во членот 30 од Уставот.
3. Судот на седницата утврди дека Советот на општина Кисела Вода на седницата одржана на 18 ноември 2004 година донел Одлука за измена и дополнување на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за населбата Бирарија. Одлуката е заведена под бр.07-100/2 од 18 ноември 2004 година.
4. Според член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот, како и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 15 став 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на закон и уставноста и законитоста на пропис и друг општ акт содржи: означување на законот, прописот или општиот акт, односно одделни негови одредби што се оспоруваат, причини за нивното оспорување, одредбите од Уставот, односно законот што се повредуваат со тој акт и името, односно називот и седиштето на подносителот на иницијативата.
Според член 28 алинеја 1 и 3 од Деловникот, Судот ќе ја отфрли иниција- тивата ако не е надлежен да одлучува за барањето и ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Тргнувајќи од изнесените причини за оспорување на конкретната одлука, Судот оцени дека истите не се однесуваат и во ниеден момент не укажуваат на повреди на одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање, што бил во сила во време на донесувањето на оспорената одлука. Во отсуство на вакви наводи Судот оцени дека не се исполнети условите за впуштање во оцена на законитоста на Одлуката, односно нејзината согласност со одредбите од наведениот закон. Притоа се имаа пред- вид и наводите на подносителите на иницијативата дека Судот по службена должност внимавал на означувањето на законот во врска со правото за поднесување на иниција- тива, меѓутоа вака изнесените наводи се неосновани, бидејќи согласно член 15 став 2 од Деловникот подносителот на иницијативата е тој што поблиску го означува законот што се повредува со оспорениот акт кога се бара оценка на законитост, а не Судот.
Што се однесува до наводот за повреда на членот 30 од Уставот, Судот утврди дека во иницијативата не се посочува на повреда на правото на сопственост, гарантирано во 30 став 1 од Уставот, туку генерално се посочува на повреда на економ- ските, социјалните и културни права на подносителите на иницијативата. Меѓутоа, правото на сопственост е само едно од економските, социјални и културни права на човекот и граѓанинот гарантирани во Уставот.
Оттука, бидејќи согласно член 15 став 2 од Деловникот не е доволно само да се означи нумерички одредбата од Уставот што се повредува со оспорениот акт, туку треба да бидат содржани и јасни причини за нејзина повреда, Судот оцени дека иници- јативата не содржи јасни причини за оспорување на Одлуката по однос на нејзината согласност со членот 30 од Уставот, што преставува процесна пречка за одлучување по иницијативата.
По однос на останатите наводи кои се однесуваат на барањето Судот да определи или пак да ги упати подносителите на иницијативата до надлежен орган за решавање на сопственичкоправниот проблем на подносителите на иницијативата, согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд не е надлежен да одлучува во оваа насо- ка.
Конечно поднесената иницијатива во најголем дел преставува барање за решавање на конкретно сопственичко прашање, за кое согласно наведената одредба Уставот суд не е надлежен да одлучува.
5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр. 183/2005
16 ноември 2005 год.
С к о п ј е
мл/л.а
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова
1