144/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 19 октомври 2005 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставнос-та на член 18 став 1 во делот “заменикот на началникот на Генерал-штабот на Армијата” од Законот за управување со кризи (“Службен весник на Република Македонија” бр.29/2005).

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Репуб-лика Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на дел од одредбата од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата се наведува дека врз основа на оспоре-ната одредба, претседателот на Владата на Република Македонија со Решение бр.19-2894/1 од 19 јули 2005 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2005) за член на Групата за процена го именувал генерал-мајор Адил Газафер, заменик на началникот на Генералштабот на Армијата.

Оспорениот законски дел бил во спротивност со одред-ба-та на член 79 став 2 од Уставот, според која претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македони-ја, а тоа значело дека само претседателот на Република Македонија како врховен командант на вооружените сили командувал со Армијата и тој единствено можел да ги поставува, именува, унапредува и разрешува воените старешини, а особено генералите.

Според подносителот на иницијативата заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата можел да го поставува, именува и разрешува само претседателот на Републиката како врхо-вен командант на вооружените сили, а не претседателот на Владата на Република Македонија.

Претседателот на Владата не можел да врши командни функции во Армијата, бидејќи со тоа се отворала можност за повреда на принципите на едностарешинство, субординација и единство во командувањето при употреба на силите и средствата. Воедно, вакви-от начин на командување значел мешање на командните и извршните функции, што во Армијата не било допуштено, а со самото тоа и до ограничување на ингеренциите на Врховниот командант.

Според тоа, со оспорениот законски дел, се повредувале член 8 став 1 алинеја 3, член 51, член 79 став 2 и член 122 од Уставот на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека според член 18 став 1 од Законот за управување со кризи, групата за процена ја сочинуваат директорите на Бирото за јавна безбедност, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање; директорите и заме-ниците на директорите на Центарот за управување со кризи и Дирек-цијата за заштита и спасување; заменикот на началникот на Генерал-штабот на Армијата, како и раководителот на Службата за безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

4. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е владе-ењ-е-то на правото.

Според член 79 став 2 од Уставот, претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македо-нија.

Членот 122 од Уставот уредува дека вооружените сили на Република Македонија го штитат територијалниот интегритет и неза-висноста на Републиката, а одбраната на Републиката се уреду-ва со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкуп-ниот број пратеници.

Според член 12 од Законот за управување со кризи, заради предлагање на одлуки и обезбедување на постојани консулта-ции, координација, навремена реакција, ефикасност и соодветно иско-ристување на расположливите ресурси во случај на кризна состојба, како и обезбедување навремена, квалитетна и реална процена на загрозеноста на безбедноста на Републиката од ризици и опасности, во системот за управување со кризи се формираат управувачки коми-тет и Група за процена и се основа Дирекција за управување со кризи.
Во оспорениот став 1 од членот 18 од овој закон е опреде-лено кој ја сочинува Групата за процена, а во ставот 4 од овој член е определено дека по потреба во работата на Групата за процена се повикуваат и други претставници на органите на државната управа, општините и на градот Скопје и експерти за определена област.

Од содржината на оспорениот член 18 став 1 јасно произ-легува дека заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата е еден од субјектите што ја сочинуваат Групата за процена.

Оттука, личноста што претседдателот на Република Маке-донија веќе ја поставил за заменик на началникот на Генералштабот на Република Македонија, е член на составот на Групата за процена, која согласно член 17 од Законот за управување со кризи е тело на Владата кое врши постојано проценување на ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката и предлага мерки и активности за нивна превенција, рано предупредувањее и справување со кризна состојба.

Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека не може да стане збор за несогласност на оспорениот член од Законот со члено-вите 8 став 1 алинеја 3, 79 став 2 и 122 од Уставот, од причините наведени во иницијативата.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседа-телот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.144/2005
19 октомври 2005 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова