73/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 5 октомври 2005 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставнос-та на членот 30 во врска со членовите 153-б став 3, 153-ѓ, 153-е, 153-ж, 153-з, 153-ѕ и 153-ј и членот 45 од Законот за изменување и допол-ну-вање на Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/2004).

2. Драгослав Станковиќ и Велимир Јовановски од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од законот означени во точката 1 од ова решение.

Во иницијативата се наведува дека до донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита (“Службен весник на Република Македонија” бр.10/2004), здравствените работници со високо образо-вание поседувале лиценци за работа стекнати на три начини: според членот 143 став 3 положе-ниот стручен испит се смета како лиценца за работа, според членот 203 докторите на медицина, докторите на стоматологија и дипломи-ра-ните фармацевти кои се во работен однос на денот на влегувањето во сила на овој закон се смета дека имаат лиценца за работа и согласно членот 155 став 4 лиценца издадена од лекарската, фарма-цевтската и стоматолошката комора.

За да се добијат овие лиценци лицата морале да завршат медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет, да завршат приправнички стаж и да положат стручен испит.

Притоа добиените лиценци немале однапред ограничен рок на важење ниту пак било предвидено издавање на дополнителна лиценца за работа на здравствен работник со високо образование по завршување на одредена специјализација.

Меѓутоа, со донесувањето на измените и дополнувањата на Законот во 2004 година, лекарската, стоматолошката и фармацевт-ската комора добиле огромни овластувања врз здравствените работ-ници со високо образование кои дотогаш биле во надлежност на Министерството за здравство, така што коморите станале центар на моќ во здравствениот систем.

Понатаму, со овој закон била воведена т.н. основна лиценца за работа со која им се оневозможувало на здравствените работници со високо образование самостојно вршење на здравствена заштита и лиценца за работа со која ќе можеле самостојно да ука-жу-ваат здравствена заштита, но откако ќе завршеле специјали-за-ција односно субспецијализација. Рокот на лиценцата за работа се ограни-чувал на 7 години.

Подносителите на иницијативата сметаат дека со оспоре-ниот член 45 од Законот требало да се наведе дека лиценците за работа стекнати согласно Законот од 1991 година се валидни, а не да уредува дека положениот стручен испит до денот на влегувањето во сила на овој закон е елемент врз основа на кој на здравствените работници со високо образование ќе им се сметало дека имаат лицен-ца за работа која подлежи на обновување. Според нив, стекнатите лиценци за работа согласно Законот за здравствена заштита од 1991 година кои биле со неограничен рок на важење не можеле да се трансформираат во лиценци со ограничен рок на важење од 7 години со можност за нивно продолжување по тој рок.

Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорениот член 45 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита не бил во согласност со членот 52 став 4 од Уставот, поради тоа што не бил поповолен за здравствените работници.

Понатаму, во иницијативата се наведува дека оспорените членови 153-б став 3, 153-ѓ, 153-е, 153-ж, 153-з, 153-ѕ и 153-ј од Законот не биле во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 9 и член 32 став 1 од Уставот.

Имено, лиценцата за работа била императив здравстве-ните работници да можат самостојно да укажуваат здравствена заш-тита, така што со нејзиното одземање – времено или трајно – на здравствениот работник кој вложил многу труд во текот на своето образование му се одземало правото на вршење на дејноста за која се остручувал, а се доведувала во прашање и неговата егзистенција и егзистенцијата на неговото семејство.

Според подносителите на иницијативата, определувањето на рок на важење на лиценцата за работа и нивното продолжување било со цел здравствените работници да се направат зависни од коморите, кои пак имале и материјален мотив, бидејќи тие ја утврду-вале висината на трошоците за издавање, продолжување и одземање на лиценците за работа.

3. Судот на седницата утврди дека со членот 30 од Зако-нот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита се додаваат 14 нови члена меѓу кои се и оспорените членови 153-б став 3, 153-ѓ, 153-е, 153-ж, 153-з, 153-ѕ и 153-ј.

Според членот 153-б став 3 од овој закон лиценцата за работа се издава за време од седум години и може да се обнови сог-ласно со условите од членот 153-е на овој закон. Членот 153-ѓ опре-делува дека програмата за дополнителна обука и проверка на струч-ните знаења и способностите, составот на испитната комисија и начи-нот на спроведувањето на проверката ги утврдува Лекарската, Стома-толошката односно Фармацевтската комора со акт на кој министерот за здравство дава согласност. Проверката од ставот 1 на овој член ја вршат Лекарската, Стоматолошката односно Фармацевтската комора. Согласно членот 153-е на здравствен работник со високо образова-ние може да му се обнови лиценцата за работа ако во периодот на важност на лиценцата со континуирано стручно усовршување преку следење на новините во медицината, стоматологијата или фармаци-јата и унапре-дување на сопственото знаење се стекнал со соодветен број бодови и најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа рабо-тел во дејноста за која има лиценца за работа. По исклу-чок од ставот 1 на овој член на здравствен работ-ник со високо образо-вание избран или именуван на јавна функција времето поминато во вршење на функцијата не се засметува во вре-мето на важноста на лиценцата за работа утврдено со членот 153-б став 3 на овој закон. Облиците на стручното усовршување, критериумите за распореду-ва-ње на облиците и бодовите од ставот 1 на овој член за обновување на лиценцата за работа ги утврдува Лекарската, Стома-толошката одно-с-но Фармацевтската комора со акт на кој министерот за здравство дава согласност. Според член 153-ж на здравствен работник со високо образование кој не ги исполнил условите од членот 153-е на овој закон може времено да му се продолжи лиценцата за работа за наредните шест месеци, под услов во овој период да ги исполни условите од членот 153-е на овој закон. На здравствен работник со високо образование кој не ги исполнил условите од членот 153-е на овој закон во рокот утврден во ставот 1 на овој член времено му се одзема лиценцата за работа”. Членот 153-з определува дека здравст-вен работник со високо образование на кој му е времено одземена лиценцата за работа може повторно да се стекне со лиценца за рабо-та ако во текот на годината што следи по истекот на роковите на важ-ност утврдени со овој закон помине дополнителна обука согласно со програмата од членот 153-ѓ на овој закон и успешно ја заврши допол-нителната проверка на стручните знаења и способ-ности пред испитна комисија на соодветната комора”. Согласно член 153-ѕ Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора може времено или трајно да ја одземе лиценцата за работа на здравствен работник со високо образование.

Времено одземање на лиценцата за работа може да се изврши најмногу за период од седум години, ако здравствениот работ-ник со високо образование:
1) не ја продолжи лиценцата за работа во роковите утврдени со овој закон;
2) не ја заврши дополнителната обука во утврдениот рок;
3) со успех не ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности;
4) со судско правосилно решение привремено му е забра-нето вршење на дејност или професија;
5) по доделувањето на лиценцата за работа се утврди дека доказите за исполнување на условите пропишани со овој закон ги прибавило спротивно на закон;
6) работи надвор од лиценцата за работа што ја поседува или работи во услови за кои нема одобрение за работа издадено согласно со овој закон и
7) ако Судот на честа при соодветната комора утврди дека сторил повреда на Кодескот на медицинската етика.

Во решението за времено одземање на лиценцата за работа треба да се определи дополнителната обука која здравст-ве-ни-от работник со високо образование треба да ја изврши за да може повторно да му се издаде лиценца за работа.

Трајно одземање на лиценцата за работа се врши ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник со високо образование сторил стручен пропуст или грешка при работата со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот. Според членот 153-ј здравствен работник со високо образо-вание од членот 153-ж став 2 на овој закон може повторно да се стекне со лиценца за работа ако во текот на две години по истекот на роковите на важност утврдени со овој закон помине дополнителна обука и успешно ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата од членот 153-ѓ на овој закон пред испитна комсија на соодветната комора.

Ако здравствен работник со високо образование не се стекне со лиценца за работа во рокот од ставот 1 на овој член може повторно да се стекне со лиценца за работа ако помине дополни-тел-на обука и успешно ја заврши дополнителната посебна проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата од членот 153-ѓ на овој закон пред испитна комисија на соодветната комора.

Согласно членот 45 од Законот здравствените работници со високо образование кои на денот на влегувањето во сила на овој закон имаат положено стручен испит се смета дека имаат лиценца за рабо-та и рокот на важноста на лиценците за работа започнува да тече од тој ден.

Здравствените работници од ставот 1 на овој член должни се да поднесат барање за обновување на лиценците за работа шест месеца пред истекот на рокот на важноста на лиценцата до соодвет-ната комора.

4. Според член 52 став 4 од Уставот, законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога е тоа поповолно за граѓаните.

Законот за здравствена заштита од 1991 година, во чле-нот 143 став 1 и 3 утврдува дека по завршувањето на приправничкиот стаж здравствените работници полагаат стручен испит, а положениот стручен испит се смета како лиценца за работа.

Согласно членот 203 од овој закон, за докторите на меди-цина, докторите на стоматологија и дипломираните фармацевти кои се во работен однос на денот на влегувањето во сила на овој закон се смета дека имаат лиценца за работа.

Притоа, овие лиценци за работа беа со неопределен рок на важење.

Со членот 153-б став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 2004 година, лиценцата за работа се издава за време од седум години и може да се обнови согласно со условите определени со членот 153-е од овој закон.

Ограничувањето на важењето на лиценцата за работа и можноста за нејзино обновување важи за сите здравствени работници со високо образование кои лиценци за работа ќе стекнат под услови што ги пропишува Законот.

Меѓутоа, оспорениот член 45 од Законот претставува пре-одна одредба со која се уредува дека на здравствените работници со високо образование кои на денот на влегувањето во сила на овој закон веќе имаат лиценца за работа стекната со положен стручен испит, рокот на важењето на лиценцата за работа започнува да тече од тој ден па во наредните седум години со можност за нејзино обно-вување.

Имајќи предвид дека стекнатите лиценци за работа со измените и дополнувањата на законот подлежат на ограничување на времето на нивното важење од моментот на влегување во сила на законот и се однесува за во иднина, Судот оцени дека оспорениот член 45 од законот нема повратно дејство поради што не може да се постави прашањето за неговата согласност со членот 52 став 4 од Уставот. Судот, исто така, оцени дека оваа преодна одредба, сите здравствени работници кои сакаат да вршат здравствена дејност самостојно ги става во еднаква правна положба пред Законот, затоа што лиценците за работа ќе ги стекнуваат под еднакви услови и за ист временски рок на важење, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита кој е во правниот поредок.

Според членот 34 од Уставот, граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор, а според членот 39 од Уставот, на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.

Оттука произлегува дека правото на здравствена заштита како дел од социјалното осигурување во поширока смисла се уредува со закон и со колективен договор и дека законодавецот има право да создава нормативни претпотавки за остварување на уставно гаранти-раното право на граѓаните на здравствена заштита.

Тргнувајќи од чувствителноста на дејноста што ја извршу-ваат здравствените работници, а во функција на заштита на здравјето и животот на граѓаните, Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 2004 година утврдува дека Лекар-ската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора може вре-мено или трајно да ја одземе лиценцата за работа на здравствен работник со високо образование.

Временото одземање на лиценцата за работа може да се изврши најмногу за период од седум години под услови утврдени со Законот, додека трајно одземање на лиценцата за работа се врши ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник со високо образование сторил стручен пропуст или грешка при рабо-тата со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот.

За обележување е дека и во Законот од 1991 година беше предвидено дека соодветните комори можат да ги одземаат лицен-ци-те за работа, меѓутоа тој не ги утврдуваше условите и случаите кога се одзема лиценцата.

Со уредувањето на прашањата околу обновувањето на лиценците за работа па и за нивното времено или трајно одземање, законодавецот воспоставил норми за контрола на здравствените работници како вршители на самостојна дејност при укажувањето на здравствените услуги, со цел да се унапреди квалитетот на здравствената заштита на пациентите, заш-титата на пациентите од здравствените работници кои лошо ја извр-шуваат својата должност, но, исто така, и за стимулирање на здравст-вените работници кои покажуваат висок степен на квалитет во својата работа.

Имајќи предвид дека ограничувањето на важењето на лиценците за работа, со можност за обновување, како и нивното вре-мено или трајно одземање се однесува за сите здравствени работ-ници со високо образование подеднакво и под исти услови утврдени со закон, Судот смета дека оспорените одредби од Законот не соз-даваат нееднаквост меѓу здравствените работници ниту пак го ограни-чуваат нивното право на работа и слободниот избор на вработување, поради што Судот оцени дека не може основано да се постави праша-њето за согласноста на оспорените членовите 153-б став 3, 153-ѓ, 153-е, 153-ж, 153-з, 153-ѕ и 153-ј од Законот со член 8 став 1 алинеја 3, член 9 и член 32 став 1 од Уставот.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани и д-р Зоран Сулејманов, освен за членот 153-ѕ за кој решението е донесено со мнозинство гласови.

У.бр.73/2005
5 окотмври 2005 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова