У.бр.85/2004

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 8 јули 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата на Димитар Ѓеорѓиевски адвокат од Струмица, како и на Божана Иванова, Маргарита Стојанова, Ратка Трајкова и Викица Петрова сите од Струмица, застапувани од Димитар Ѓеорѓиевски адвокат од Струмица, за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на

– Одлука бр. 02-4012 од 16 декември 2003 година за прогласување работници за технолошки вишок поради економски, технолошки, структурални и слични промени, донесена од ЈЗО “Медицински центар” – Струмица на седницата одржана на 12 декември 2003 година.
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4058 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Вера Трајкова, донесено од Директор от на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр.04-4086 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Маргарита Стојанова, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” ;-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4084 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Костадин Караѓорѓиев, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4076 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Гордан Цеков, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4106 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Иван Пандев, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4078 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Антонио Николовски, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4113 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Дејан Стојменов, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4088 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Ката Стојчева, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4098 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Ратка Трајкова, донесено од Директорот на Ј ЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4090 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Васка Гошева, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4102 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Добрила Стојменова, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4072 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Ванчо Галев, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4112 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Митко Милошевиќ, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4074 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Нике Костадинов, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4056 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Драган Дончев, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4064 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Елица Јанева, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4062 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Павлина Савова, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4096 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Горан Попчевалиев, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4108 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Иван Трајков, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4100 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Зорка Насевска, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4068 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Божана Иванова, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4066 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Викица Петрова, донесено од Директор от на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица,
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4070 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Марика Митрева, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица и
– Решение на ЈЗО “Медицински центар”-Струмица бр. 04-4149 од 18 декември 2003 година за престанок на работниот однос со отказ на работникот Татјана Панева, донесено од Директорот на ЈЗО “Медицински центар” -Струмица.

2. СЕ ОТФРЛА барањето на: Вера Трајкова, Костадин Караѓорѓиев, Горан Цеков, Иван Пандев, Антонио Николовски, Дејан Стојменов, Ката Стојчева, Васка Гошева, Добрила Стојменова, Ванчо Галев, Митко Милошевиќ, Нике Костадинов, Драган Дончев, Елица Јанева, Павлина Савова, Горан Попчевалиев, Иван Трајков, Зорка Насевска, Марика Митрева и Татјана Панова сите од Струмица, поднесено преку Димитар Ѓеорѓиевски адвокат од Струмица за заштита на слободите и правата утврдени во членот 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

3. Адвокатот Димитар Ѓеорѓиевски од Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија му достави поднесокот насловен како иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение. Воедно во поднесокот е содржано и барање за заштита на слободите и правата, поради дискриминација по основ на политичка припадност.

Имено, според наводите од поднесокот критериум за донесување на отказ- ните решенија било политичкото уверување на отпуштените работници, а не се имале предвид работното ангажирање и успехот на работното место. Скоро сите работници, подносители на барањето, биле вработени во 2001 и особено во 2002 година, во време на владеење на друга политичка “клима”, па нивното отпуштање од работа претставувало политички реваншизам. Со оглед што биле отпуштени само лицата вработени во наведе- ниот период, тоа претставувало дискриминација по основ на политичка припадност.

Како конечни акти со кои би била сторена повреда на слободите и правата се наведуваат општата Одлука за прогласување на работниците за технолошки вишок и 24 поединечни првостепени решенија.

Во поднесокот, исто така се наведува дека сите поименично наведени акти биле во спротивност со член 8 алиенеја 3, член 9 и член 32 од Уставот, член 125 до 135 од Законот за работни односи како и со одредбите од Колективниот договор за здравст- вена дејност на Република Македонија, поради што се предлага поништување на оспоре- ните акти.

Заради утврдени недостатоци во приложеното полномошно за застапување на лицата наведени во точката 2 од ова решение во постапката за оценување уставност и законитост, Судот прифати дека како подносители на иницијативата се јавуваат адвокат Димитар Ѓеорѓиевски од Струмица во својство на граѓанин и истиот адвокат како полномошник на лицата: Божана Иванова, Маргарита Стојанова, Ратка Трајкова и Викица Петрова сите од Струмица.

4. Судот на седницата, по однос на делот од поднесокот што се однесува на иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста, утврди дека според оспорената Одлука бр. 02-4012 од 16 декември 2003 година за прогласување работници за технолошки вишок поради економски, технолошки, структурални и слични промени, донесена од ЈЗО “Медицински центар” -Струмица на седницата одржана на 12 декември 2003 година, на вкупно 32 работници им престанува работниот однос.

Поединечните решенија за престанок на работниот однос се донесени на 18 декември 2003 година и секое од нив носи посебен деловоден број. Од содржината на решенијата произлегува дека на секој од поименично наведените работници им престанува работниот однос со отказ поради економски, технолошки и структурални промени по истекот на три месеци сметано од приемот на решението, а врз основа на спроведената постапка за прогласување за технолошки вишок.

5. Согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето.

Тргнувајќи од основот за донесување на оспорените акти, како и од нивната содржината, Судот оцени дека истите не претставуваат пропис во смисла на наведената уставна одредба. Оспорените акти се донесени од ЈЗО “Медицински центар”-Струмица во врска со спроведување на постапката за определување на број и структура на работници на кои им престанува работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурални и други промени.

Оттаму, Судот не е надлежен да одлучува за согласноста на оспорените акти со Уставот на Република Македонија и Законот за работните односи. Од друга страна, Уставниот суд не е надлежен да одлучува за согласноста на оспорените акти со Колективен договор.

6. По однос на делот од поднесокот што се однесува на барањето за заштита на слободите и правата поради дискриминација по основ на политичка припадност за лицата: Вера Трајкова, Костадин Караѓорѓиев, Горан Цеков, Иван Пандев, Антонио Николовски, Дејан Стојменов, Ката Стојчева, Васка Гошева, Добрила Стојменова, Ванчо Галев, Митко Милошевиќ, Нике Костадинов, Драган Дончев, Елица Јанева, Павлина Савова, Горан Попчевалиев, Иван Трајков, Зорка Насевска, Марика Митрева и Татјана Панова сите од Струмица сите од Струмица, врз основа на приложената фотокопија на полномошно за адвокатот Димитар Ѓеорѓиевски од Струмица, Судот утврди дека не се исполнети процесните претпоставки за одлучување по барањето.

Имено, согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Согласно член 51 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија секој граѓанин што смета дека со поединечен акт му е повредено право или слобода утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд на Република Македонија во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејствие со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање.

Во член 52 од Деловникот е предвидено дека во барањето од член 51 е потребно да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствијата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучување на Уставниот суд.

Оттаму, според Судот најнапред полномошник во ваков вид на постапка може да застапува само индивидуални права, но не и колективни како што е во конкретниот случај, а од друга страна полномошното за застапување на конкретно лице во постапката за заштита на слободите и правата мора да има конкретна содржина од која несомнено ќе може да се утврди јасно изразена волја за водење ваков вид постапка преку полномошник.

Спротивно на тоа, во постапката се прилага полномошно составено на 23 декември 2003 година со приложен список на властодаватели од чија содржина не произлегува јасно дека адвокатот Димитар Ѓеорѓиевски од Струмица е ополномоштен за поднесување на иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, како и за поднесување барање за заштита на слободите и правата поради дискриминација по основ на политичка припадност на поименично определени лица. Полномошното е дадено за застапување пред сите надлежни органи, институции и судови во Република Македонија во врска со остварување и заштита на права од работен однос во Медицински центар Струмица.

Утврдениот недостаток во полномошното не е отстранет ни по повод барањето од Судот Р.бр.29/2004 од 15 април 2004 година за доставување на уредно полномошно за застапување на поименично определените лица. Напротив со поднесок од 26 април 2004 година адвокатот Димитар Ѓорѓиевски на Судот му достави уште една фотокопија од групното полномошно со појаснување дека оригиналното полномошно е дадено во Основниот суд Струмица каде биле во тек парнични постапки.

Оттука, Судот оцени дека во името на наведените лица во точката 2 од ова решение не е поднесено уредно полномошно за поднесување барање за заштита на слободите и правата, како што налага членот 51 од Деловникот на Уставниот суд и таквиот недостаток претставува процесна пречка за одлучување по барањето.

Што се однесува до лицата Божана Иванова, Маргарита Стојанова, Ратка Трајкова и Викица Петрова сите од Струмица, Судот најнапред утврди дека истите не се потпишани како властодаватели на групното полномошно издадено на 23 декември 2003 година. Врз основа на увидот во поднесокот составен на 6 мај 2004 година од споменатиот адвокат и приложените полномошна од истиот датум Судот утврди дека овие лица му дале овластување на адвокатот Димитар Ѓеорѓиевски за застапување на нивните интереси во постапката за оценување уставноста и законитоста, но истиот нема овластување во нивно име да поднесе барање за заштита на слободите и правата поради дискриминација по основ на политичка припадност.

7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.85/2004
8 јули 2004 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова