34/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 3 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 23 јуни 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 65 став 1 од Законот за радиодифузната дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.20/1997).

2. Тома Трајаноски од Охрид и Монополската управа при Министерството за економија, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од законот означен во точката 1 од ова решение.

Во иницијативите се наведува дека со оспорената одредба се воспоставувала монополска полоюба на одреден субјект ѓто їе добиел концесија за одреден пазар, односно одредено подраије. Со ова се оневозможувало конкуренција на давањето на овој вид услуги, а на корисниците им било скратено правото на избор на давател на услуги, а со тоа и право на избор на услугите, поаѓајќи од квалитетот и цените на истите. Тоа било во спротивност со одредбите на член 55 од Уставот на Република Македонија. Примената на спорната одредба доведувала до спречување на создавање на конкурентски односи во оваа дејност и создавање на доминантна позиција на кабловските оператори на територијата за која имаат добиено концесија, а потрошувачите биле ставени во неповолна положба да не можат да бираат. Поради тоа подносителите на иницијативите предлагаат Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста на став 1 на член 65 од Законот за радиодифузната дејност.

3. Судот на седницата утврди дека според член 65 став 1 од Законот за радиодифузната дејност, на определено подрачје, одобрение за концесија за кабловска радиотелевизиска мрежа може да има само еден концесионер.

4. Судот, исто така, утврди дека Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 8 јуни 2004 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за телекомуникациите (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/2004).

Согласно членот 33 од овој закон, со денот на влегувањето во сила на овој закон, престануваат да важат одредбите на членот 65 став 1 и членот 69 од Законот за радиодифузната дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.20/1997).

Според членот 34 од овој закон, овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Законот за изменување и дополнување на Законот за телекомуникациите е објавен во “Службен весник на Република Македонија” бр.37 од 14 јуни 2004 година.

Од изнесеното произлегува дека влегувањето во сила на овој закон престанал да важи оспорениот член 65 став 1 од Законот за радиодифузната дејност.

Согласно членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Со оглед на тоа што оспорениот член 65 став 1 од Законот за радиодифузната дејност престанал да важи, Судот оцени дека постојат процесни пречки за одлучување по иницијативите.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.34/2003
У.бр.49/2003
23 јуни 2004 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова