185/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членот 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 16 јуни 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членовите

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од Законот означени во точката 1 од ова решение.

Имено, преку изнесување на содржината на оспорените одредби, подноси- телот на иницијативата заклучува дека одредбите се однесувале само на професионал- ните војници, воените старешини и цивилните лица на служба во Армијата, но не се однесувале на војниците на служење на воениот рок, питомците на Воената академија и на воените обврзници во резервниот состав на Армијата, иако согласно член 3 став 2 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија и член 29 став 2 и 3 од Законот за одбрана, сите наведени лица се воени лица.

Оттаму, подносителот на иницијативата смета дека за разлика од професионалните војници, воените старешини и цивилните лица на служба во Армијата, војниците на служење на воениот рок, питомците на Воената академија и воените обврзници во резервниот состав на Армијата, немале право да поднесуваат приговор, жалба, ниту пак да бараат заштита на своите права пред надлежен суд.

Како пример за дискриминација во однос на професионалните војници, воените старешини и цивилните лица на служба во Армијата се посочуваат членовите: 50 став 4, 50-а став 4, 55 став 6 и 136 став 5 од Законот. Меѓутоа, според наводите од иницијативата, поведување на постапка за оценување на уставноста на овие одредби не се бара. Освен тоа, иако во иницијативата се констатира дека Армијата е специфична воена организација, подносителот на иницијативата, сепак, смета дека согласно член 9 од Уставот на Република Македонија, сите граѓани треба да се третираат на еднаков начин во Армијата.

Поради повреда на член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 11, член 9, член 15, член 50 став 2, член 51 и член 54 став 1 и 3 од Уставот се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот.

3. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 228 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по барањето за остварување на право, односно по приговорот и жалбата поднесени од професионален војник и воен старешина, надлежниот орган е должен да одлучи во рок од 15 дена по приемот на барањето, приговорот, односно жалбата.

Според содржината на членот 229 од Законот, професионален војник и воен старешина кој не е задоволен од конечната одлука донесена по приговор, односно жалба од надлежен орган, има право во рок од 15 дена да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.

4. Согласно член 9 од Уставот, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Согласно член 15 од Уставот се гарантира правото на жалба против поединечните акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.

Согласно член 50 став 2 од Уставот се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.

Според член 2 став 1 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, под служба во Армијата се смета вршење воени должности во Армијата.

Во членот 3 од Законот е определено дека служба во Армијата вршат воени и цивилни лица. Воени лица во смисла на овој закон се: воени старешини-офицери и подофицери, професионални војници, војници на служење воен рок, питомци на Воената Академија, лица на стручно оспособување и усовршување за офицери и подофицери и воените обврзници во резервниот состав на Армијата додека се повикани да извршуваат права и должности од областа на одбраната во врска со извршување на воената обврска. Цивилни лица во смисла на овој закон се лица на служба во Армијата поставени на должности согласно со актот за формација на Армијата.

Како можни форми за вршење на служба во Армијата во членот 4 од Законот се определени: засновање на работен однос, школување, односно стручно оспособу- вање и усовршување и извршување на воена обврска. Во која форма се врши службата во Армијата е во зависност од тоа за какво воено лице станува збор. Така според ствовите 2 и 5 од истата одредба, служба во Армијата со засновање на работен однос во Министерството за одбрана вршат офицери, подофицери, професионални војници и цивилните лица. По пат на школување, стручно оспособување и усовршување, службата ја вршат питомци на Воената академија и лица на стручно оспособување и усовршување за офицери и подофицери. По пат на извршување на воената обврска утврдена со закон, службата ја вршат војниците на отслужување на воениот рок и воените обврзници во резервниот состав.

Главата ЏВИИИ со наслов “Престанок на работниот однос” според поставе- носта во Законот им претходи на оспорените одредби, кои пак се систематизирани во Главата ЏИЏ со наслов “Заштита на правата од службата”. Двете глави регулираат прашања што се однесуваат на професионалните војници и воените старешини.

Според содржината на член 251 точка 22 од Законот, заштита на правата од службата (членовите 228 и 229) е предвидена и за цивилните лица на служба во Армијата.

Врз основа на анализата на наведените законски одредби, како и на Законот во целина произлегува дека законодавецот утврдил точно определен статус, права, должности и одговорности за секое од лицата опфатени во членот 3 од Законот (воени старешини, професионални војници, војници на служење воен рок, питомци на Воената Академија, лица на стручно оспособување и усовршување, воените обврзници во резервниот состав и цивилни лица на служба во Армијата). Од сите лица наведени во членот 3 од Законот само професионалниот војник, воениот старешина и цивилното лице на служба во Армијата имаат статус на лица со заснован работен однос. Ваквата анализа на законските одредби несомнено упатува на заклучок дека двете наведени групи на воени лица не се наоѓаат во еднаква правна положба и во нивниот статус, права, должности и одговорности постојат суштински разлики.

За повреда на принципот на еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите не може да стане збор кога законите и другите акти за различна правна положба на граѓани предвиделе различни по вид и обем права, должности и одговорности. Повреда би постоела кога за граѓани во еднаква правна положба се предвидуваат различни права, должности и одговорности, што не е случај со оспорените одредби. Имено, професионалниот војник, воениот старешина и цивилното лице на служба во Армијата имаат различни по вид и обем права, должности и одговорности од останатите воени лица, заради статусот на лица во работен однос во Министерството за одбрана. Оспорените одредби од Законот, според поставеноста, се однесуваат токму на заштита на правата во службата која се врши преку засновање на работен однос, но не и на другите законски утврдени начини на вршење на службата: школување, стручно оспособување, стручно усовршување или извршување на воената обврска утврдена со закон.

Впрочем, право е на законодавецот да ги утврдува правата, должностите и одговорностите на лицата во служба во Армијата (член 1 од Законот) на начин и под услови што тој ќе ги определи со законот, па оттука и правото кое го утврдил со оспорените одредби и тоа само по однос на професионалните војници, воените старешини и цивилните лица на служба во Армијата.

Оттука, определбата на законодавецот во оспорените одредби за професи- оналниот војник, воениот старешина и цивилното лице на служба во Армијата, да утврди право да поднесат барање, приговор односно жалба и во случај овие лица да не се задоволни можност да бараат заштита на своите права пред надлежен суд, без предвидување на такви права за војниците, питомците и воените обврзници, според Судот не би можела да се доведе под сомнение по однос на согласноста со одредбите од Уставот.

Од друга страна, видот на заштита на правата од службата што ја уживаат војници на служење воен рок, питомци на Воената Академија, лица на стручно оспособување и усовршување и воените обврзници во резервниот состав не е предмет на уредување со оспорените одредби, како што впрочем констатира и подносителот на иницијативата. Меѓутоа, во одредбите од Законот и одредбите од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” бр. 42/2001 и 5/2003) се содржани различни законски решенија за заштита на правата од служба на наведените лица со обезбедена двостепеност во одлучувањето, во што според членот 15 од Уставот се состои и деволутивното дејство на жалбата.

Во секој случај со иницијативата не се оспоруваат конкретни одредби од Законот за служба во Армијата на Република Македонија кои го уредуваат правото на заштита на правата на војниците, питомците и воените обврзници, а членовите: 50 став 4, 50-а став 4, 55 став 6 и 136 став 5 од Законот се наведуваат само како пример за оневозможена судска заштита за наведените воени лица против одлука донесена по приговор, односно жалба.

Имајќи предвид дека подносителот на иницијативата по однос на членовите 50 став 4, 50-а став 4, 55 став 6 и 136 став 5 од Законот само наведува дека се пример за оневозможена судска заштита против конечна одлука донесена по поднесен приговор односно жалба, но не бара нивна оцена, Судот оцени дека не треба да се впушта во оцена на согласност на овие одредби од Законот со Уставот.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова – Ристова и судиите: д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.185/2003
16 јуни 2004 година
С к о п ј е
л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова