147/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 19 мај 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членот 32 став 1 во делот

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот за поведување постапка за оценување на меѓусебната согласност на став 5 со ставот 2 од членот 12 од Законот означен во точката 1 од ова решение.

3. Јанко Бачев од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 12 став 5 и членот 32 став 1 во делот: “е соодветно на стекна-тото” од Законот за државните службеници.

Според подносителот на иницијати-вата Законот содржел повеќе одредби од кои можело да се заклучи дека постапката за селекција на кандидатите, кои треба да се вработат на работни места во државната служба, треба да биде транспарентна, отворена и со јасни правила, со цел да се развие отворен натпревар на кој би се верификувале способностите и професионалните капацитети на потенцијалните државни службеници и да се вработат стручни и квалитетни кадри. Оспорените одредби отстапувале од усвоениот уставен и законски концепт и од уставните гаранции за функционирање и кадровско пополнување на државната служба.

Поточно, со оспорениот член 12 став 5 од Законот, на Комисијата за спроведување на постапка за вработување и се давала можност врз основа на лично убедување и без критериуми да изготви листа од тројца кандидати, а врз основа на дискреционото право генералниот или државниот секретар да изврши конечен избор на кандидат. На овој начин се дерогирале одредбите од членот 12 став 2 од Законот, каде било предвидено Агенцијата за државни службеници да подготви листа од најмалку пет најуспешни кандидати. Постапката требала да заврши со избор на најдобриот и најуспешниот кандидат определен од страна на Агенцијата, а не врз основа на дискреционите права на Комисијата и генералниот односно државниот секретар.

Оспорениот дел од член 32 став 1 од Законот не бил во согласност со уставниот и законски концепт за државната служба затоа што на генералниот односно на државниот секратар му се давала можност и по распоредувањето да го задржи истото звање, без разлика на фактот што пред именувањето бил на работно место со пониско звање.

Оттаму, двете оспорени одредби ја нарушувале еднакво-ста на граѓаните пред Уставот и ги ограничувале правата на учество во вршење на јавните функции. Воедно, со одредбите се правела повреда на достапноста на секое работно место под еднакви услови, се имплицирала правна несигурност и истите доведувале до различна интерпретација и примена, со што се повредувало владе-ењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок.

Поради повреда на членот 8 став 1 алинеја 3, членот 9 став 2, членот 23 и членот 32 став 2 од Уставот подносителот на иницијативата предлага Судот да ги поништи или укине оспорените одредби.

4. Судот на седницата утврди дека според содржината на член 11 став 3 од Законот за државните службеници генералниот, државниот секретар, како и функци-онерот кој раководи со органот од член 3 став 2 на овој закон во кој не се именува генерален, односно државен секретар, формира Коми-сија за спроведување на постапка за вработување на државен службеник, составена од пет члена, пришто без да се нарушуваат критериумите пропишани со закон ќе се обезбеди соодветна и пра-вична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Согласно член 12 став 2 Агенцијата подготвува листа од најмалку пет најуспешни кандидати што го положиле стручниот испит, која ја доставува до Комисијата од член 11 став 3 на овој закон.

Согласно оспорениот член 12 став 5 од Законот, Комиси-јата од член 11 став 3 на овој закон по правило изготвува листа од тројца кандидати за секое работно место, врз основа на која генерал-ниот секретар, државниот секретар, како и функционерот кој раково-ди со органот од член 3 став 2 на овој закон во кој не се именува генерален, односно државен секретар ќе го врши изборот.

Согласно член 32 став 1 од Законот, кога генералниот, односно државниот секретар ќе биде разрешен, како и по истекот на неговиот мандат министерот, односно функционерот кој раководи со органот од член 3 став 2 на овој закон го распоредува во истиот или во друг орган на работно место и во звање кое е соодветно на стекнатото пред именувањето за генерален, односно државен секретар во рок од 30 дена од денот на разрешувањето, односно истекот на мандатот.

5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно член 9 став 2 од Уставот, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Согласно член 23 од Уставот, секој има право да учест-вува во вршењето на јавни функции.

Согласно член 32 став 2 од Уставот, секому под еднакви услови му е достапно секое работно место.

Тргнувајќи од изнесените наводи во иницијативата, според Судот, подносителот на иницијативата на погрешен начин ја толкува оспо-рената законска одредба. Имено, одредбата го користи терминот “е соодветно на стекнатото” и не дефинира дали соодветното звање е пониско или повисоко звање од она што го имал генералниот односно државниот секретар пред неговото именување. Оценувајќи го оспорениот дел во целина со останатиот дел од одредбата произ-легува дека стекнатото соодветно звање законодавецот го поврзува со стекнатото звање што генералниот или државниот секретар го имале пред нивното именување.

Впрочем општиот поим “соодветно на стекнатото звање” во себе ги вклучува сите можни звања определени во членот 6 од Законот, а во примената на оспорената одредба стекнатото звање е истоветно со она звање што државниот или генерален секретар го имале пред именувањето.

Со оглед на фактот што подносителот на иницијативата погрешно ја толкува оспорената одредба Судот смета дека не може да се постави прашањето за нејзината несогласност со: член 8 став 1 алинеја 2, член 9 став 2, член 23 и член 32 став 2 од Уставот.

6. Согласно член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд одлучува за согласноста на Уставот со законите и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Тргнувајќи од наводите на подносителот на иниција-ти-вата по однос на член 12 став 2 од Законот како и од определената надлежност на Уставниот суд од цитираниот член 110 алинеја 1 и 2 од Уставот, произлегува дека Уставниот суд не е надлежен да ја оценува меѓусеб-ната неусогласеност на одредбите од ист закон.

Оттука, Судот оцени дека нема претпоставки да се впушти во оцена на основаноста на наводите по однос на тоа кој би бил надлежен за конечниот избор на лицето што конкурира за вработување.

7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.147/2003
19 мај 2004 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова