Вовед
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 25 јуни 2003 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на советниците за присуство на седница на Советот на општина Босилово, донесена од Советот на општина Босилово на 26 декември 2002 година.
2. Градоначалникот на општина Босилово Ристо Стаменов на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение, затоа што со неа се повредуваат одредбите од член 23 став 2 алинеја 1, 2 и 3 од Законот за Буџетите, одредбите од член 62 став 3 и член 94 став 1 од Законот за локалната самоуправа, затоа што одлуката е донесена пред да биде донесен Буџетот на советот на општината, односно донесена е одлука за времено финансирање на потребите на општината, не се обезбедени финансиски средства за оваа намена односно е направен пропуст во објективноста на максималната висина на надоместокот кој не може да биде еднаков во сите 124 општини во Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека оспорената одлука е донесена врз основа на член 45 и член 100 од Законот за локална самоуправа од Советот на општина Босилово на 26 декември 2002 година.
Во член 1 од одлуката е предвидено дека “висината на надоместокот на членовите на Советот на општина Босилово за присуство на седница, без оглед на нејзиното времетраење да изнесува 30% од просечната месечна нето плата во Република Македонија исплатена во последните три месеци, а надоместокот за патните и дневните трошоци на советниците за седница на Советот на општина Босилово да изнесува 100,00 денари”.
Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ” Службен гласник на општина Босилово”.
4. Според член 45 од Законот за локалната самоуправа
(“Службен весник на РМ” бр. 5 / 02), ?леновите на Советот имаат право на надоместок за присуство на седници и надоместок на патните и дневните трошоци во рамките утврдени со закон.
Имено, законодавецот го пред видува правото на надоместок на советниците за присуство на седници и на патните и дневните трошоци, со тоа што го врзува за рамки утврдени со закон.
Интервалот, пак, до донесувањето на овој закон, е уреден со одредбата од ?ленот 100 од Закон за локална самоуправа според која до донесувањето на законот од ?ленот 45 од овој закон, ?леновите на советот ?е примаат надоместок за присуство на седница на советот без оглед на нејзиното времетраење, најмногу до 30% од просе?ната месе?на нето плата во Република Македонија исплатена во последните три месеци, а надоместоците за патните и дневните трошоци ?е им се исплатуваат според прописите кои се однесуваат на државните службеници.
Од овие законски одредби произлегува дека законода-вецот, со Закон за локална самоуправа предвидува: право на ?леновите на советот да примаат надоместок за присуство на седница; и овој надоместок го ограни?ува со горен лимит: (најмногу до 30% од просе?ната нето месе?на плата во Република Македонија исплатена во последните три месеци) и го задржува правото на советниците на надомест на патни и дневни трошоци кои, до донесување на посебниот закон ?е им се исплатуваат според прописите кои се однесуваат на државните службеници.
Според член 52 точка 1 од Законот за државните службеници, државниот службеник има право и на други надоместоци во кои спаѓаат и патни, дневни и други трошоци за службени патувања во земјата и во странство.
Во точка 5 од наведениот член е предвидено дека висината на другите надоместоци на вработените во органите на единицата на локалната самоуправа, односно градот Скопје, кои вршат работи соодветни на работите утврдени во член 3 став 1 на овој закон за секоја година се утврдуваат со одлука за извршување на буџетот на единицата на локалната самоуправа, односно, на градот Скопје.
Имајќи ја предвид содржината на оспорената одлука во однос член 45 и член 100 од Законот за локалната самоуправа, Судот смета дека членовите на Советот имаат право на надоместок за присуство на седница и надоместок за патни и дневни трошоци, поради што оспорената одлука не е во несогласност со наведените законски одредби.
5. Во однос на наводите од иницијативата дека оспорената одлука е донесена без да е усвоен буџетот на општината односно донесена е одлука за времено финансирање на општината, што надоместокот е превисоко утврден и тој не е реален, имајќи ја предвид големината на општината и бројот на жители, Судот смета дека се тоа фактички прашања за што тој не е надлежен да одлучува.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Мирјана Лазарова Трајковска, Иџет Мемети, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
У.бр.26/2003
25 јуни 2003 година
С к о п ј е
лк.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова