19/2003-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 и 28 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 8 април 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлука на Владата на Република Македонија бр.23-6473/1 од 16.12.2002 година за поништување на објавените огласи за распределување на станови изградени по “Проектот за изградба на станови кои се издаваат на лицата со ниски приходи” (“Службен весник на Република Македонија” бр.97/2002).

2. Лидија Попзлатанова од Скопје, како претставник на група граѓани од Скопје, Цветковска Елица од Битола, како претставник на група граѓани од Битола, Димоски Мире од Гостивар, како претставник на група граѓани од Гостивар, Стефаноски Зоран од Кичево, како претставник на група граѓани од Кичево и Арсовски Дејан од Велес, како претставник група граѓани од Велес, поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката озн ачена во точката 1 од ова решение.

Заедничко за сите иницијативи се наводите на иницијаторите дека оспорената Одлука не била била во согласност со членот 30 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 59/2000), а од причина што Владата можела, врз основа на оваа одредба, да поништи пропис или друг акт што не е во согласност со Уставот, закон или друг пропис, но огласот немал својство ниту на пропис ниту на акт. Од друга страна во иницијативите на гра ѓаните од Битола, Велес и Кичево се наведува дека во оспорената Одлука не било наведено со кои одредби од Уставот, закон или друг пропис огл асите не се во согласност.

Според наводите на иницијаторите од Гостивар и Кичево со оспорената Одлука се повредувал членот 2 став 2 од Законот за з адолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Договорот за заем по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи” (“Службен весник на Република Македонија” бр.41/2000). При тоа како причина поради кои сметаат дека се повредува оваа одредба од Законот се наведува дека Владата донела Одлука за поблиските критериуми за начинот и постапката за распределба на становите изградени со овој проект под број 23-5772/1 од 05.12.2000 година (“Службен вес ник на Република Македонија” бр. 104/2000). Од страна на иницијаторите од Скопје се наведува дека во оваа Одлука никаде не е употребен терминот ” поблиски критериуми за рангирање”, а од иницијаторите од Кичево се наведува дека во Одлуката не е наведено во кои позитивни прописи се утврдени таквите поблиски критериуми.

Во иницијативата на граѓаните од Гостивар се наведува дека оспорената Одлука не била во согласност и со член 1 од Одлуката на Владата бр.23-7009/1 од 04.12.2001 година за изменува-ње на Одлукат а за начинот и постапката за распределба на становите изградени по ” Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи” (“Службен весник на Република Македонија” бр.97/2001). Исто така оспорената Одлука не била во согласност и со член 1 од Одлуката на Владата бр.23-240/1 од 29.01. 2002 година за изменување на Одлуката за начинот и постапката за распределба на становите изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи” (” Службен весник на Република Македонија” бр. 8/2002).

Според наводите од иницијативата на граѓаните од Скопје, во конкурсот биле наведени критериумите што треба да се исполнат, а само 10% од становите, според изјава на владини функционери и Народниот правобранител, биле незаконито распределени, па најприфатливо за нив и Владата би било преиспитување на секој поединечен договор.

Според иницијаторите од Скопје, Битола, Велес и Кичево со оспорената Одредба се повредувале одредбите од Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 21/1998) во делот на закупот. Сите иницијативи ја оспоруваат Одлуката и од аспект на нејзината согласност со одредбите од Законот за облигационите односи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 18/2001), а посебно со членовите: 1, 3, 6, 10, 40 и 66 и Глава ЏИИ (Договор за закуп).

Како причини за несогласност на Одлуката со споменатите одреби од Законот за домување и Законот за облигационите односи, помеѓу другото се наведува дека договорите можат да се раскинат под услови предвидени во самиот договор, дека поништување на договорите е единствено можно во судски спроведена постапка, де ка договорите се склучени и произведуваат правно дејство, дека договор за закуп не мора неминовно да се склучи за веќе изграден објект, но и во спротивен случај тоа не било правна пречка за склучување на договорите, како и тоа дека во Договорот со Советот на Европа не било предвидено распределбата да се врши по изградбата на становите. Од иницијаторите од Гостивар се посочува дека становите веќе биле изградени во моментот на склучување на договорите, а од иницијаторите од Битола дека во време на поднесување на иницијативата становите веќе биле изградени.

Бидејќи оспорената Одлука, според иницијаторите од Кичево ги поништува известувањата на МТВ, кои известувања имаат статус на управен акт, оваа Одлука не била во согласност и со членовите: 12, 263, 264 и 265 од Законот за општата управна постапка.

По однос на повредата на уставните одредби се наведува дека поништувањето на огласите 3 месеци по нивното објавување претставува грубо кршење на позитивните законски прописи, се доведувале во прашање: правната сигурност на граѓаните, единствената примена на законите, стекнатите права по основ на склучените договори за закуп, се повредувале слободите и правата на граѓаните и уставната забрана за дискриминација по основ на полот, расата и социјалната припадност, не се овозможувало загарантира-ното право на жалба, а исто така се повредувал и принципот за забрана на повратното дејство на законите. На овој начин се повредувале член 15, член 52 став 4, член 98 и член 99 од Уставот и други одредби што не се децидно означени, а повредата произлегува од содржината на наводите.

Инаку, кон секоја од иницијативите се приложуваат голем број на докази во поткрепа на дадените наводи, а дел од приложената документација се однесува на веќе склучени договори за закуп, исполнување на паричната обврска од договорите, писмената и усна комуникација со надлежни тела и органи на Владата на Република Македонија и произнесување на Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод донесувањето на оспорената Одлука. Исто така доставен е и актот на Министерството за транспорт и врски, насловен како “Критериуми и методологија за додела на станови на граѓани со ниски приходи” од 5.03.2002 година, како и соопштението на ова Министерство сочинето и упатено по факс на 5.12.2002 година, за кое иницијаторите наведуваат дека е донесено 11 дена пред да биде донесена оспорената Одлука, а истото се заснова токму на таа Одлука.

Во иницијативите од Уставниот суд се бара поведување на постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорената Одлука и нејзино поништување или укинување, а во иницијативата на граѓаните од Битола и Кичево се предлага и донесување на решение за привремена мерка за запирање на извршувањето на оспорената Одлука.

3. Судот на седницата утврди дека Според содржината на точката 1 од оспорената Одлука се поништуваат огласите за распределување на становите изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи”, од причина што огласите се објавени без претходно да бидат утврдени поблиски критериуми за рангирање на лицата со ниски приходи, како и поради тоа што е извршена распределба на станови за објекти кои не се изградени.

Според содржината на точката 2 од Одлуката, поништу-вањето од точката 1 на оваа одлука се однесува на објавените огласи на ден 02, 03 и 06 септември 2002 година во јавните гласила: “Вечер”, “Нова Македонија”, “Дневник” и “Утрински весник”, за извршена распределба на станови во Скопје – 144, Велес – 144, Гостивар – 42, Кичево – 24, Делчево – 38 и Битола – 43.

Според содржината на точката 3 од Одлуката, по влегувањето во сила на оваа одлука, Министерството за транспорт и врски има обврска да ги извести лицата кои се јавиле на огласите дека истите се поништени.

Во точката 4 од Одлуката е определено дека истата влегува во сила со денот на објавувањето во “Службениот весник на Република Македонија”. Одлуката е донесена согласно член 30 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија, а во врска со заклучокот усвоен на шестата седница на Владата одржана на 02.12.2002 година и е објавена во “Службениот весник на Република Македонија” под број 97/2002 од 23 декември 2002 година.

4. Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето, согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992).

Според Судот, а тргнувајќи од содржината на оспорената Одлука истата не може по својот карактер да претставува пропис, во смисла на членот 110 алинеја 2 од Уставот. Имено, со оваа Одлука се поништуваат огласите објавени во точно дефинираните печатени медиуми на точно определени датуми за распределување на становите изградени по “Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи”, а воедно се налага на надлежното министерство да ги извести лицата кои се јавиле на огласите дека истите се поништени. Од тука, Одлука та има правно дејство само по однос на лицата што склучиле договор за закуп врз основа на сега поништените огласи, што значи истата произведува правно дејство по однос на конкретни лица: закуподавачот – Република Македонија и закупопримачите – конкретно определени физички лица.

До ист заклучок се доаѓа ако се разгледува оспорената Одлука и од аспект на целта што сакала да се постигне со нејзиното донесување. Имено, со оспорената Одлука постапката за распоре-дување на становите се враќа во фазата на повторно огласување, што повторно на оваа Одлука не и дава карактер на пропис, подобен за уставно-судска оценка. Во овој случај Огласот, претставува општ повик за неограничен број на заинтересирани лица да склучат договор и истиот по својот карактер не е пропис туку превземено дејствие за реализација на претходно регулирана конкретна постапката за давање на точно дефинирани станови под закуп. Огласот е само еден од стадиумите во постапката за распределба на становите.

Исто така, за да одреден акт има својство на нормативен акт, според Судот не е доволно само да го носи називот вообичаен за нормативните акти, како еден од елементите, туку треба да содржи и други елементи како што е содржината на актот од која произлегува регулирање на права и обврски за неопределен број на субјекти во правото, што не е случај со оспорената Одлука.

Бидејќи оспорената Одлука создава права и обврски за одреден број лица за точно дефиниран број на случаи, Судот оцени дека истата нема карактер на пропис и не може да биде предмет на уставно-судска оценка.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Со оглед на фактот што Судот одлучи да ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на оспорената Одлука, оцени дека барањето за издавање на решение за привремена мерка е безпредметно.

7. Ова решение Судот го донесе го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.19/2003
8 април 2003 год.
С к о п ј е
мл/ла

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов