У.бр.118/2002

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 8 април 2003 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 10 од Конвенцијата помеѓу ФНР Југославија и Швајцарската конфедерација за социјално осигурување, составен дел на Законот за ратификација на таа конвенција (“Службен лист на СФРЈ” бр.8/62 и 12/84) преземен како републички пропис со член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија.

2. Живорад Аризанов од с. Смолари-Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на одредбата од Конвенцијата означена во точката 1 од ова решение, затоа што сонеа му се ограничувале правата од социјално осигурување, поради што одредбата не била во согласност со Уставот на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека со оспорената одредба се предвидува ако македонски државјанин – пензиски осигуреник нема услови да стекне пензија само според македонските прописи (на пр. нема 15 години пензиски стаж), може да стекне пензија така што ќе му се засмета во стаж и времето поминато на работа во Швајцарија под услов временски да не се поклопува работата во Македонија и Швајцарија и да плаќал придонес во Швајцарија.

Судот, исто така, утврди дека означената конвенција, па и оспорениот член 10, престанале да важат со влегувањето во сила на Конвенцијата за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Швајцарската конфедерација – ратификувана со закон донесен од Собранието на Република Македонија на 23 мај 2000 година (“Службен весник на РМ –меѓународни договори” бр.44/2000); имено, оваа конвенција влезе во сила на 1 јуни 2000 година (член 43) и тогаш престана да важи нападнатата конвенција (член 41).

4. Со оглед на тоа што оспорениот член 10 од Конвенцијата, како составен дел на Законот за ратификација на Конвенцијата, а кој е преземен како републички пропис со член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот, престанал да важи (на 1 јуни 2000 година) пред да се поднесе иницијативата (8 јули 2002 година), Судот утврди дека нема процесни претпоставки за постапување по иницијативата бидејќи одредбата тогаш не важела.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од пре тседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.118/2002
8 април 2003 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов