181/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 26 февруари 2003 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ член 165, член 168 и член 178 од Законот за високото образование (“Службен весник на Република Македонија” бр.64/2000).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весникна Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по сопствена иницијатива со Решение У.бр.181/2002 од 25 декември 2002 година, поведе постапка за оценување уставноста на членовите од Законот означени во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.
4. Судот на седницата утврди дека според членот 165 од Законот за високото образование е предвидено со признавањето на високообразовните квалификации или дел од високообразовните студии поминати во странство, врз основа на стручен предлог од соодветна високообразовна установа на Република Македонија, министерството надлежно за работите на високото образование формално ги потврдува вредноста, квалитетот и споредливоста на странската високообразовна квалификација со домашната, односно признавањето на сите права кои таа диплома или свидетелство ги даваат во државата во која се стекнати.
Според членот 168 на овој закон, министерот надлежен за работите на високото образование врз основа н а предлогот од стручна комисија на високообразовна установа (во натамошниот текст: стручна комисија) одлучува за секое барање посебно за признавање на високообразовни квалификации стекнати во странство или на еден дел од студиите поминати во странство.

Стручната комисија од ставот 1 на овој член, на барање од министерот ја формира наставно-научниот, односно наставничкиот совет на високообразовната установа која е најблиска до наставно-научната област за признавање на странска високообразовна квалификација.
Стручната комисија утврдува предлог по разгледување на целокупната документација поднесена од страна на барателот и по добиеното мислење од страна на информативниот центар, во рок од 60 дена од денот на доставувањето на барањето од страна на министерот. Ако комисијата не го даде своето мислење во овој рок, министерот може да формира комисија во нов состав.
Согласно членот 173 став 1 и 2 на овој закон, во одлуката за признавање на квалификацијата е содржано дека странската квалификација ги исполнува општите и посебните барања поставени за пристап во високото образование или вработување во Република Македонија.
Предлогот на одлуката за признавање на квалификацијата ја потпишува претседателот на стручната комисија. Одлуката ја потпишува министерот надлежен за работите на високото образование.
Со членот 178 од законот е предвидено дека барателот кој не е задоволен од одлуката за признавање на странската високообразовна квалификација може да поднесе приговор до стручната комисија во рок од 15 дена.
Ако барателот не е задоволен од одлуката на стручната комисија по поднесениот приговор, може во рок од наредните 30 дена да поднесе тужба до Врховниот суд на Република Македонија.
5. Согласно членот 8 став 1 алинеја 1 и 3 од Уставот, како темел ни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се основните слободи и права на човекот и грачанинот признати со мечународното право и утврдени со Уставот, како и владеењето на правото.
Уставот на Република Македонија, во членот 44 утврдил дека секој има право на образование и дека образованието е достапно на секого под еднакви услови, а во членот 45 од Уставот е утврдено дека грачаните имаат право, под услови утврдени со закон,да основаат приватни образовни установи во сите степени на образо ванието, освен во основното образование.
Според членот 46 од Уставот, на универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.
Согласно членот 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Со членот 58 од Уставот, е утврдено дека сопственоста на трудот се основа за управување и учество во одлучувањето.
Учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.
Законот за високото образование (“Службен весник на РМ” бр.64/2000), во членот 1 определи л дека предмет на уредување на овој закон,се условите и постапката за основање, финансирање и престанок на високообразовните установи и се утврдуваат основите за организација, управување, развој и за вршење на високообразовна дејност.
Во членот 2 став 1 точка 36 од Законот, е дадена дефиниција на универзитетот, дека таа претставува највисока автономна високообразовна, научна, односно уметничка установа која ја сочинуваат високообразовни установи, основани според овој закон.
Според член 10 став 1 од За конот, високообразовните установи ја вршат својата дејност врз принципот на академската автономија, а според став 3 од овој член автономијата на универзитетот вклучува академска слобода на високообрзовните установи, автономија на управувањето со високообразовните установи и неприкосновеност на автономијата.
Со одредбите од членовите 165 до 180 од Законот, се уредени прашањата за признавање на високообразовните студии.
6. Според изнесените уставни определби основните слободи и права на човекот и грачанин от оригинерно се утврдени во самиот Устав и за нивното остварување и заштита се утврдени и соодветни уставни услови и основи, особено преку гаранциите на основните слободи и права, мечу кои, во сферата на образованието, е и гаранцијата на автономија на универзитетот.
Интенцијата на Уставот е со закон да се утврдуваат норми кои че обезбедат усогласен сооднос со уставно утврдените слободи и права, во кои е содржано и правото на образование и посебно потенцираниот автономен институционален облик на универзитетот со автономниот статус во обавувањето на дејностите од сферата на образовниот и научен труд.
Оттука , според Судот владеењето на правото како темелна вредност на која почива уставниот поредок на Републиката, треба да обезбеди постоење на правни претпоставки преку законска регулатива заради остварување на фундаменталните компоненти на универзитетот. Тоа се автономијата и правото и одговорноста на универзитетот да управува и одлучува во рамките на својата установа во која го создава и реализира соодветниот степен на образовен и научен труд.
Поаѓајчи од суштината на универзитетската установа која е носител на правото и одговорноста за професионално, стручно и компетентно вршење на високообразовните дејности, според мислење на Судот произлегува и основот на високообразовната установа за одлучување за прашања од овој домен врз принципите на стручност и компетентност кои Уставот ги детерминирал.
Меѓутоа, од анализата на изнесените законски одредби, со кои се уредени прашањата за надлежноста и постапката во одлучувањето за признавање на високообразовни квалификации стекнати во странство, Судот оцени дека високообразовната установа има само елементи на партиципирање и учество во одлучувањето за признавање на високообразовните квалификации стекнати во странство. Нејзината позиција е сведена на формирање на стручна комисија и изготвување и достава само на предлог, по барање на министерот надлежен за работите на високото образование, во определен рок, за конкретен предмет на лице кое бара признавање на високообразовни квалификации стекнати во странство, а одлуката ја донесува и потпишува министерот. Меѓутоа, во постапка по приговор против одлуката на министерот, со своја одлука одлучува стручната комисија на високообразовната установа, а против второстепената одлука странката може да заведе спор пред Врховниот суд на Република Македонија.
Воедно со Одлуката за признавање на високообразовните квалификации стекнати во странство, Министерството и формално ги потврдува вредноста, квалитетот и споредливоста на странската високообразовна квалификација со домашната и ги признава сите права кои таа диплома или свидетелство ги даваат на државата во која се стекнати.
Имајќи го во предвид изнесеново, Судот оцени дека наспроти надлежноста на универзитетот за издавање дипломи за високообразовни квалификации стекнати во Република Македонија, која согласно членот 17 од Законот за високото образование е определена во рамките на дејностите на работењето на универзитетската автономна установа, со оспорените законски одредби утврдено е дека одлучувањето за признавање на високообразовни квалификации стекнати во странство е во надлежност на посебни органи на државната власт и со учество на универзитетот. Имено, различното законско третирање на прашањето за надлежноста во одлучувањето за издавање и признавање на дипломи за високообразовни квалиф икации стекнати во Република Македонија и во странство, според Судот претставува во основа издвојување и на елементите на стручност и компетентност по ова прашање за надлежноста во рамките на автономијата на универзитетот и надвор од неа. Со оглед на тоа поаѓајќи првенствено од уставната определба во членот 58 став 2 од Уставот, каде управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се поврзува со принципите на стручност и компетентност, во следењето на оваа уставна норма, пред Судот основано се постави прашањето за уставната усогласеност на оспорените одредби од Законот кои пропишале постапка според која сосем извесно е одлуките за признавање на високообразовните квалификации стекнати во странство да не бидат адекватни и соодветни на стручниот наод и научните познавања на автономната универзитетска установа во која се создава и реализира високообразовниот и научен труд.
Оттука, за одредбите од член 165, член 168 и член 178 од Законот за високото образование, Судот оцени дека се повредува принципот на владеење на правото втемелен во уставниот поредок на Република Македонија според членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, и за повреда на членот 46 и членот 58 став 2 од Уставот со кои е загарантирана автономноста на универзитетот и е утврдена уставната определба дека управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се поврзува со принципите на стручност и компетентност.
7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
8. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљам и, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.181/2002
26 февруари 2003 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов