71/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 25 декември 2002 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВААТ
а) Член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на општина Миравци за 2002 година, донесена од Советот на општината на 30 декември 2001 година;
б) Член 6 од Одлуката за извршување на Буџет от на фондот за уредување на градежното земјиште, локални патишта и улици на општина Миравци за 2002 година, донесена од Советот на општината на 30 декември 2001 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавување во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Сунчица Петковска градоначалник на општина Миравци со Решение У.бр.71/2002 од 20 ноември 2002 година поведе постапка за оценување законитоста на актот озн ачен во точката 1 од оваа одлука.
Постапката беше поведена затоа што основано се постави прашањето за согласноста на член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на општина Миравци и член 6 од Одлуката за извршување на Буџетот на Фондот за уредување на градежно земјиште, локални патишта и улици на општина Миравци со Законот за локална самоуправа.
4. Судот на седницата утврди дека во член 6 од Одлуката за извршување на Буџет на општина Миравци е предвидено дека “Средствата предвидени во ставката 426 подставка 426716- други стручни услуги ќе ги извршува градоначалникот на општината по претходно добиена согласност од Совет на општина”.
Понатаму Судот утврди дека во дека во член 6 од Одлуката за извршување на Буџет на Фондот за уредување градежно з емјиште, локални патишта и улици на општина Миравци е предвидено дека ” Средствата во ставот 4267 подставка 426716 други стручни услуги ќе ги извршува градоначалникот на општина по претходно добиена согласност од совет на општина”.
5. Според член 50 ста в 1 точка 8 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” ; бр.5/2002) градоначалникот го извршува буџетот на општината.
Според член 4е од Законот за буџетите, буџетот на единицата на локалната самоуправа ги содржи средствата на советот, гра доначалникот и управните и административни органи, како и буџетот на Фондот за комунални работи, улично осветлување и градска рента Фондот за патишта, Фондот за јавни зелени површини, Фондот за пошумување.
Од наведените одредби произлегува дека градонач алникот на единицата на локалната самоуправа го извршува буџетот на единицата на локалната самоуправа во кој влегуваат средствата на фондот за уредување на градежно земјиште и фондот за локални патишта согласно Законот за буџетите, кои фондови согласно законот како јавни служби ги основа советот.
Со оглед на тоа што во член 6 од Одлуката за извршување на буџет на општина Миравци и член 6 од Одлуката за извршување на буџет на Фондот за уредување на градежното земјиште …. е предвидено за средствата по одделни ставки односно подставки да одлучува градоначалникот по добиена согласност од советот на единицата на локална самоуправа, Судот оцени дека на овој начин се ограничува извршната власт на градона?алникот на општината и одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
6. Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.71/2002
25 декември 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Др. Тодор Џунов