117/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 11 декември 2002 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА член 9 став 2 алинеја 2 од Законот за техничката инспекција (“Службен весник на РМ” бр.48/99).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесената иницијатива на Стамен Филипов од Скопје, со решение У.бр.117/2002 од 16 октомври 2002 година поведе постапка за оценување уставноста на член 9 став 2 алинеја 2 од Законот за техничка инспекција.

Постапката беше поведена затоа што пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на наведената одредба од Законот со Уставот на Република Македонија.

4. Судот на седницата утврди дека според член 8 став 1 алинеја 1, 3 и 4 од Уставот на Република Македонија, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Според член 13 став 1 од Уставот, лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука, а со членот 14 став 1 од Уставот е утврдено дека никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.

Согласно член 23 од Уставот, секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.

Со членот 32 став 1 од Уставот се уредува дека секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална безбедност за време на привремена невработеност, а според став 2 на овој член од Уставот, секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.

Според член 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Согласно член 98 став 1 од Уставот, судската власт ја вршат судовите, а според став 2 од овој член судовите се самостојни и независни и судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Законот за техничка инспекција (“Службен весник на РМ” бр.48/99), во членот 9 утврдил услови кои треба да ги исполнува одредено лице за да може да биде назнаеено за инспектор во Инспекторатот за техничка инспекција. Во ставот 2 алинеја 2 од овој член на Законот, е утврдено дека услов за назначување на испектор е против него да не се води кривична постапка и да не е осудуван за кривични дела против државата, службената должност, против јавните финансии и стопанството, како и за кривиено дело извршено во умисла за кое може да се изреее казна затвор во траење од најмалку една година.

Тргнувајќи од погоренаведените уставни одредби, а имајїи ја предвид содрюината на оспорената одредба од ?ленот 9 став 2 алинеја 2 од Законот за техничка инспекција, според која текот на водењето на кривична постапка или осудуваноста на граѓанинот за оддделни кривични дела, е ограничувачки фактор лицето да врши функција на инспектор во Инспекторатот, по сила на самиот закон, а не како последица од конкретна казна (забрана) што ја изрекол судот со правосилна судска одлука, според мислењето на Судот тоа е повреда на уставниот принцип на претпоставена невиност и принципот на законитост во казнувањето, се ограничува правото на работа и учеството на вршење на јавна функција.

Имено, правните последици од осудата не можат да настапуваат автоматски по сила на закон, туку тие настапуваат само со правосилна судска одлука. Казнено-правниот однос се исцрпува на релацијата на казнивото дело и судски изрееена казна за неговиот сторител и натамошни последици од неговото извршување односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изрично утврдено со Уставот.

Со оглед на тоа, Судот оцени дека оспорената одредба од членот 9 став 2 алинеја 2 од Законот за техничка инспекција не е во согласност со напред наведените одредби од Уставот на Република Македонија.

5. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.117/2002
11 декември 2002 год.
С к о п ј е
лк.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов