39/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 27 ноември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 2 став 2, член 16 став (1) точка 8) и став (2), член 96 точка 2 и член 120-б од Законот за осигурување (“Службен весник на РМ” бр.49/97, 79/99, 13/01, 26/01 и 4/01).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на членовите од Законот означени во точката 1 од ова решение, со тоа што во иницијативата се повикува на броевите со кои овие членови се означени во Пречистениот текст на Законот за осигурување (“Службен весник на РМ” бр.35/01).

Според наводите во иницијативата оспорениот член 2 став 2 од Законот не бил во согласност со членовите 8 став 1 алинеја 3 и 4, 51, 61 став 1, 68 став 1 алинеја 2, 88 став 1 и 91 алинеи 1 и 5 од Уставот на Република Македонија, бидејќи со него се утврдувало овластување на Владата на Република Македонија за уредување на прашања, кои според мислењето на подносителот, требало и можело да се уредат само со закон, а не и со подзаконски акти.

Оспорените делови на членовите 16 став (1) точка 8) и 129 став (3) точка 7 од Законот не биле во согласност со принципите на казнено-правниот однос утврдени во член 13 став 1 и член 14 став 1 од Уставот, затоа што со овие законски одредби иницијаторот смета дека на граѓаните на посреден начин им се ограничувале нивните права како последици од осудата што настапувале по автоматизам на самиот закон, а не од извршување на судска одлука, со која е изречена мерка, односно забрана за вршење на определена дејност односно професија.

Поради наведените причини овие две оспорени законски одредби не биле во согласност и со членовите 8 став 1 алинеја 3, 32 став 1 и 2, 51 и 54 од Уставот.

Во однос на оспорениот член 91 точка 2 кој според својата содржина одговара на членот 96 точка 2 од изворниот текст на Законот, не се наведуваат членовите од Уставот ниту причините поради кои иницијаторот ја оспорува нивната уставност.

Оспорените делови од членовите 16 став (2) и 129 став (4), а кој соодветствува на членот 120-б од изворниот текст на Законот, не биле во согласност директно со член 32 став 5 од Уставот, а индиректно и со членовите 8 став 1 алинеја 3 и 4, 9, 51 и 96 од Уставот бидејќи прашањата што со овие одредби се предоставале да ги пропише министерот за финансии можеле да се пропишуваат само со закон.

Освен тоа, со напред наведените оспорени одредби не биле определени ни основите ни рамките на овластувањето на министерот во кои тој би се движел при пропишување на прашањата за кои се овластува според овие одредби.

Поради сето напред наведено се предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување уставноста на оспорените одредби од овој закон.

3. Судот на седницата утврди дека со влегувањето во сила на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на РМ” бр.27/2002), престануваат да важат сите одредби, ме?у кои и оспорените, од Законот за осигурување, освен одредбите на дел петти кои се однесуваат на задолжителното осигурување и казнените одредби на членовите 122 и 138 од овој закон.

4. Согласно член 28 од Деловникот на Уставниот суд, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат процесни пречки за одлучување по барањето во иницијативата.

Бидејќи оспорените одредби од Законот за осигурување престанале да ваюат и повеїе не се дел од правниот поредок на Република Македонија, Судот оцени дека во конкретниот слу?ај постојат процесни пречки за одлучувањето по барањето во иницијативата во смисла на членот 28 од Деловникот, поради што одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.39/2002
27 ноември 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов