77/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 9 октомври 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на Глава “XII Генерален секретаријат како стручна служба на Владата” и член 125 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.38/2001).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија означени во точката 1 од ова решение.

Бидејќи Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата на Република Македонија не бил предвиден во Законот за Владата на Република Македонија, подносителот смета дека тој не може да се основа со Деловникот за работа на Владата. При тоа, во иницијативата се наведуваат членовите 5, 11, 36, 39 и 40 од Законот за Владата на Република Македонија, од кои што, според подносителот на оваа иницијатива, не произлегувала мо`ност Владата на Република Македонија со Деловникот да го основа Генералниот секретаријат како стручна слу`ба.

Поради наведените причини, подносителот смета дека со оспорената глава и оспорениот член од Деловникот се повредувале членовите 8 став 1 алинеите 3 и 4; 51; 88; 89 став 6 и 91 алинеја 14 од Уставот, како и напред наведените членови од Законот за Владата и затоа предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување на нивната уставност и законитост.

3. Судот на седницата утврди дека Главата ЏИИ со назив “Генерален секретаријат како стручна слу`ба на Владата” го содр`и само оспорениот член 125 и тој гласи:

” (1) Генералниот секретаријат во согласност со Законот за Владата на Република Македонија и актот за неговото основање обезбедува законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата.

(2) Со актот за организација и систематизација за работа на Генералниот секретаријат, а врз основа на овој деловник, обезбедува логистичка поддршка на Владата во целина, на претседателот на Владата, замениците на претседателот на Владата и членовите на Владата”.

4. Според член 89 став 1 од Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија ја сочинуваат претседтел и министри, а според ставот 6 од истиот член на Уставот, организацијата и начинот на работата на Владата се уредуваат со закон.

Врз основа на ваквата уставна определба, организацијата и начинот на работата на Владата е уредена со Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000).

Од аспект на наводите во иницијативата, посебно се значајни членовите 5, 36, 39 и 41 од овој закон.

Имено, во членот 5 од Законот за Владата на Република Македонија, предвидено е дека Владата донесува Деловник за работа со кој, во согласност со овој закон поблиску се утврдува внатрешната организација, начинот на работата, како и други прашања од значење за работата на Владата.

Согласно член 36 став 3 од Законот, со одлука Владата основа стручни и други служби за своите потреби и заеднички служби за потребите на Владата и на министерствата и другите органи на државната управа.

Според членот 39 од Законот, Владата има генерален секретар, кој во однос на стручната служба на Владата ги има правата и должностите на директор кој раководи со орган на државната управа, а неговата работа се утврдува со Деловникот за работа на Владата на Република Македонија.

Во член 41 од овој закон е утврдено дека Владата за своите потреби основа самостојни или заеднички стручни и други служби и дека со актот за основање на овие служби се утврдува нивната организација и делокруг на работа.

Од друга страна, и од дикцијата на членот 3 став (2) од Законот за државните слу`беници произлегува дека, освен во другите органи на државната власт, и во Владата на Република Македонија постојат, односно можат да се основаат стручни слу`би на кои се однесуваат и применуваат одредбите од овој закон.

Врз основа на членот 5 од Законот за Владата, таа, на 18 април 2001 година го има донесено Деловникот за работа, во кој што поблиску се утврдува нејзината внатрешна организација и начинот на работа, како и други прашања од значење за работата на Владата.

При тоа, во членот 18 од Деловникот е утврдено дека Генералниот секретар на Владата е највисок раководен државен службеник, во членот 21, се утврдува дека генералниот секретар раководи со Генералниот секретаријат, како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и дол`ностите на директор кој раководи со самостоен орган на државната управа, а во оспорениот член 125, пак, се утврдени начелно функциите, односно задачите што ги врши генералниот секретаријат, во согласност со Законот за Владата, актот за неговото основање, како и актот за неговата организација и систематизација за работа.

Од наведеното произлегува дека според Уставот, организацијата и начинот на работата на Владата на Република Македонија се уредуваат со закон и дека овие прашања на соодветен начин се уредени со Законот за Владата, кој закон, пак, упатува нејзината внатрешна организација и начин на работа во согласност со овој закон поблиску да се уредат со Деловникот за работа на Владата.

Од наведеното, исто така, произлегува дека членовите 18 и 21, како и оспорениот член 125 од Деловникот, за своја основа ги имаат токму членовите 36, 39 и 41 од Законот за Владата на Република Македонија, во кои се предвидува постоење на стручна служба на Владата, со која раководи генерален секретар и дека за основање на оваа и другите стручни слу`би одлучува Владата. Впрочем, за основањето на Генералниот секретаријат, како стручна слу`ба на Владата на Република Македонија, Владата има донесено и соодветна одлука (која Уставниот суд веќе ја оценувал).

Оттука, според мислењето на Судот, неосновани се наводите на подносителот на иницијативата, дека со оспорениот член од Деловникот фактички се основа Генералниот секретаријат, како стручна слу`ба на Република Македонија бидејќи во самиот член се упатува на посебен акт за неговото основање.

Со оглед дека самото основање на Генералниот секретаријат, како стручна служба на Владата на Република Македонија со било кај нејзин акт не може да се доведе во прашање ниту од уставен ниту од законски аспект, Судот оцени дека оспорената одредба сфатена и во наведената смисла не е во несогласност со уставните и законските одредби во однос на кои таа се оспорува во иницијативата.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.77/2002
9 октомври 2002 год.
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов