Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 2 октомври и 13 ноември 2002 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на членот 26 од Законот за вршење на земјоделска дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/02).
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 18 точка 4 и член 36 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение.
3. Стамен Филипов од Скопје, на Устаниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на законот означен во точките 1 и 2 од ова решение.
Според наводите во иницијативата, членот 26 од Законот не бил согласен со Уставот, затоа што според него даночните обврски се утврдувале паушално со пропис на Управата за јавни приходи, а не со закон, како што предвидувал Уставот.
Точката 4 на член 18 од Законот, како еден од условите за вршење на земјоделска дејност, предвидувала на индивидуалниот земјоделец со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на дејност, поради што била несогласна со членот 106 точка 5 од Кривичниот законик на Република Македонија, според кој никој нема право да бара од граѓаните на Република Македонија да поднесуваат докази за својата осудуваност или неосудуваност, што воедно ја правело несогласна и со членовите 8 став 1 алинеи 3 и 4, член 9, член 13 став 1, член 14 став 1, член 32 став 1 и став 2, член 51, член 54 став 1 и член 98 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија.
Одредбата од членот 36 став 2 од Законот се оспорува затоа што предвидувала проверување на стручната способност на трговецот како вршител на земјоделска дејност, што било несогласно со Уставот на Република Македонија
4. Судот на седницата утврди дека согласно членот 26 од Законот, индивидуалниот земјоделец не води деловни книги, а неговите даночни обврски се утврдуваат паушално, со посебен пропис на Управата за јавни приходи.
Согласно член 68 став 1 алинеја 3 од Уставот, Собранието на Република Македонија ги утврдува јавните давачки.
Согласно член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки.
Од содрюината на оваа одредба, се гледа дека Уставот содрюи императивна норма со која секој се задолюува да плаїа данок и други јавни дава?ки, при што упатува начинот на нивното плаќање да се уреди со закон.
Така, во Законот за трговските друштва (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/02) при водењето на сметководството, трговските книги и годишните сметки за трговец поединец и други физиеки лица кои вршат самостојна дејност, се применуваат одредбите од Законот за пресоналниот данок на доход.
Согласно членот 19 став 1 од овој закон (Закон за персоналниот данок), кој спаѓа во главата “Приходи од земјоделска дејност” обврзник на данокот од доход кој остварува приходи од земјоделство и шумарство е физичко лице кое како сопственик или корисник на земјиштето се води во катастарските книги со состојба на 31 декември во годината што и претходи на годината за која се утврдува данокот.
Согласно членот 20 од овој закон, основа на данокот од доход за приходите од земјоделска дејност е катастарскиот приход од земјоделското земјиште и шумите што е утврден со прописите за утврдување на катастарскиот приход.
Ставот 2 на овој член од Законот предвидува ако обврзникот пред почетокот на годината се определи за оданочување според вистинскиот приход од земјоделство и шумарство, основа претставува доходот.
Имајїи ја предвид содрюината на наведените одредби од Законот за пресоналниот данок од доход, Судот смета дека законодавецот го уредил праѓањето за дано?ните обврски на индивидуалните земјоделци, поради што Управата за јавни
приходи не е овластена да донесува пропис со кој ќе ги утврдува нивните даночни обврски.
5. Судот, на седницата, исто така, утврди дека согласно член 18 точка 4 од Законот, индивидуалниот земјоделец може да врши земјоделска дејност под услов со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на дејност.
Овој член се оспорува од аспект на неговата согласност со Кривичниот законик на Република Македонија, за што согласно член 110 од Уставот, Судот не е надлежен да одлучува.
Меѓутоа, содржината на оспорената одредба наведува на размислување дали во случајов не станува збор за правна последица од осуда за што, според ставот на Судот, правниот однос за стореното кривично дело се исцрпува на релацијата на казнивото дело и судски изречената казна за неговиот сторител и дека натамошни последици од неговото извршување, односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не се допуштени, освен ако тоа не е изречно утврдено со Уставот.
Според Судот, ова не се правни последици од осуда од причина што текстот на оспорената точка 4 од став 1 на член 18 од Законот гласи: “со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на дејност, што значи дека доколку таква пресуда е изречена нејзиното дејствие за забрана се уште трае. Имено, одредбата не гласи: “ако му била изречена (ако издржал) мерка на безбедност забрана на вршење на дејност” што би значело дека сторителот си ја издржал судски изрееената казна и дека, во случајов, би трпел натамошни последици од веќе издржаната казна.
Од тие причини, Судот смета дека не може основано да се постави прашањето за согласноста на член 18 точка 4 од Законот со ставот 1 од член 54 од Уставот, според кој слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
6. Понатаму, Судот на седницата утврди дека согласно ставот 2 на членот 36 од Законот стручната способност на трговецот се проверува од комисија формирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Согласно член 32 став 5 од Уставот остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.
Од содржината на оваа одредба произлегува дека Уставот го упатува законодавецот да ги уреди правата на вработените и нивната положба.
Во тој контекст Законот за работните односи во членовите 13 и 9б3, меѓу другото, предвидува можност, пред донесување на одлука за избор на определено работно место, да се врши проверка на способноста за вршење на работите на работното место, ако е тоа утврдено како услов за засновање на работен однос.
Со други зборови, законодавецот предвидел не обврска, туку можност за вршење проверка на работната способност на работникот за вршење на определени работи и работни задаеи, а со одредбата од ставот 2 на член 36 од Законот за земјоделска дејност законодавецот, всушност, ја користи оваа можност и предвидува проверка на работната способност.
Во тој контекст, судот, исто така, направи увид и во Колективниот договор за вработените од земјоделството и прехранбената индустрија.
Притоа, утврди дека во членот 6 од овој договор, меѓу посебните услови за засновање на работен однос, е предвидена проверка на способностите за вршење на работите и работните задачи на работното место.
Од тие причини, Судот оцени дека е согласно со Уставот, на трговецот, како вршител на земјоделска дејност со стекната диплома за завршено соодветно средно земјоделско училиште, да му се проверува стручната способност, поради што не може основано да се постави прашањето за согласноста на член 36 став 2 од Законот за вршење на земјоделска дејност со Уставот.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 на ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.61/2002
2 октомври и 13 ноември 2002 г.
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов