У.бр.221/2001

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 10 април 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на

а) Одлуката за распишување на избори на органите на Месната заедница”Брвеница” бр.08-365/1 од 26.09.2001 година, донесена од градоначалникот на општината Брвеница.

б) Заклучокот бр.07-398/3 од 1.11.2001 година, донесен од Советот на општината Брвеница и

в) Решението бр.08-470/3 од 5.12.2001 година, донесено од градоначалникот на општината Брвеница.

2. Петре Петрески од Брвеница на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актите означени во точката 1 од ова решение, затоа што не биле во согласност со Уставот, со Законот за локалната самоуправа и со Статутот на општината Брвеница.

Имено, според наводите во иницијативата оспорената одлука била во спротивност со Уставот, а пред се со Статутот на Општината Брвеница, бидејќи истата не била објавена во слу`беното гласило на општината, ниту преку јавните медиуми, со цел граѓаните навреме да бидат информирани за местото и времето на одржувањето на собирот и да го искористат своето право на избор. Напротив, Одлуката била истакната само на одделни дуќани во с.Брвеница и тоа после денот на одр`увањето на изборите. Исто така, според наводите во иницијативата, со оспорената одлука не бил запазен и рокот за одр`ување на изборите на органите во месната заедница, кој согласно член 21 од Статутот изнесувал најмалку 5 дена од денот на објавувањето, односно истакнување на актот за свикување на собирот на граѓани до денот на неговото одр`ување, а во конкретниот случај одлуката била донесена на 26.09.2001 година, а изборите биле закажани за 29.09.2001 година, а самата одлука била истакната после денот на одр`увањето на изборите, односно на 30.09.2001 година.

Понатаму, во иницијативата се наведува дека во меѓувреме, пред Советот на општината да го донесе оспорениот заклучок, членови на стариот Месен одбор организирале Собир на граѓани, онака како било предвидено во Статутот на општината, кој се одр`ал на 28.10.2001 година, на кој бил избран нов Месен одбор, на кого му биле предадени печатите и целокупната архива, од претседателот на стариот Месен одбор.

И покрај тоа што новоизбраниот Месен одбор благовремено го информирал надлежното работно тело на Советот на општината за спроведените избори од 28.10.2001 година, Советот на општината на седницата одр`ана на 1.11.2001 година го донел оспорениот заклучок со кој се потврдува изборот на Месниот одбор според одлуката на градоначалникот. После овој заклучок, органите на општината на нелегално избраниот Месен одбор им издале нови печати, така што фактички сега имало два месни одбори на Месната заедница Брвеница, со два печати.

3. Судот на седницата утврди дека во членот 1 од оспорената Одлука е утврдено дека се распишуваат избори за членови на Одборот на месната заедница и претседател на Месната заедница Брвеница. Во членот 2 е утврдено дека изброите ќе се спроведат на Собир на граѓаните на месната заедница, а според членот 3, Собирот го свикува досегашниот претседател на месната заедница, а во немо`ност тоа да го стори претседателот, Соборот го свикува досегашниот одбор на месната заедница. Во ставот 3 на овој член посебно е утврдено дека свикувањето на Собирот треба да се изврши на најпогоден начин со цел да бидат информирани сите граѓани на месната заедница.

Во членот 4 се утврдени денот, часот и местото на одр`увањето на собирот за избор на органите (29.09.2001 година, во 19.00 часот во м. сала), а во членот 6 се утврдува дека собирот ќе го отвори свикувачот и со него ќе раководи се до изборот на работното претседателство.

Според членот 7, мандатот на членовите на одборот и на другите органи трае 4 години.

И на крај, во членот 8 се утврдува дека оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Судот, исто така, утврди дека во оспорениот заклучок на Советот на општината Брвеница фактички се потврдува дека Одлуката донесена од страна на градоначалникот за избор на Месен одбор на с.Брвеница е спроведена и дека спроведениот избор на Месниот одбор е одр`ан на 29.09.2001 година и истиот се потврдува со записник.

Во точката 3 на Заклучокот, пак, е констатирано дека на изборот на Месниот одбор с.Брвеница се избрани членови на претседателството и е избран претседател на претседателството, г-дин Жарко Стојаноски.

И, според точката 4, овој заклучок влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Слу`бен гласник на општина Брвеница”.

Во врска, пак, со оспореното решение на градоначалникот Судот утврди дека со него се врши прогласување на Заклучокот по однос на изборот на Месниот одбор на с. Брвеница, донесен од Советот на општината.

5. Според член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.

Според член 28 од Деловникот, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по барањето во иницијативата и ако постојат и други процесни пречки за тоа.

Според член 114 од Уставот на Република Македонија, на граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа која се уредува со закон и дека во општините, како единици на локалната самоуправа, можат да се основаат облици на месна самоуправа.

Во Законот за локалната самоуправа, кој што важел во времето на донесување на оспорените акти, како еден од облиците на месната самоуправа беше утврдена месната заедница, која што е задржана и во новиот Закон за локалната самоуправа, кој што е моментално во важност и се применува.

Во тој Закон за локалната самоуправа, исто така, беше утврдено дека условите, постапката за основање, надлежноста, организацијата на месната самоуправа, и другите прашања се уредуваат со Статутот на општината и правилата на месната самоуправа, кои мора да бидат во согласност со Законот и статутот на општината.

Согласно наведените законски одредби, Судот утврди дека, меѓу другите прашања, во Статутот на општината Брвеница се уредени и начинот и постапката за избор на органите во месната заедница, и тоа во членовите од 106 до 109 од Статутот.

Со оглед дека во конкретниот случај не се оспорува Статутот на општината Брвеница, туку се оспоруваат акти донесени во врска со спроведување на избори за органите на Месната заедница Брвеница, Судот утврди дека тие, по својот карактер и содржина се конкретни, односно поединечни акти, а не прописи во смисла на член 110 од Уставот, поради што и оцени дека не е надлежен да одлучува за нивната уставност и законитост.

6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.221/2001
10 април 2002 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов