У.бр.248/2001

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одр`ана на 6 март 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ОТФРЛА барањето на Зоран Арсовски од Куманово за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

2. Зоран Арсовски од Куманово, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе барање за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, од причина што смета дека треба да му се признае стручната подготовка која ја имал за полицаец, а ја остварил во Србија во време на поранешна Југославија и работниот ста` како полицаец, заведен во работната книшка, а остварен исто така во тој период. Подносителот на барањето исто така бара да биде вработен како полицаец, со оглед на курсот за полицајци кој го има завршено во наведениот период.

3. Согласно член 52 од Деловникот на Судот, во барањето за заштита на слободите и правата потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд.

Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување.

Со оглед на тоа што и покрај ука`увањата на Судот, подносителот не го дополни барањето во смисла на идентификувањето на слободата или правото кое тој смета дека му е повредено, ниту наведе со кој поединечен акт или дејство му е повредено правото, не наведе ниту причини, факти и докази на кои ќе го заснова барањето, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за одлучување по барањето.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од Претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.248/2001
6 март 2002 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов