17/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 27 и 28 февруари 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работата на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (“Службен весник на РМ” бр.111/2000) и тоа

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на деловите од Правилникот означени во точката 1 од ова решение, затоа што тие делови немале основа во член 20 став 3 од Законот за здравствено осигурување после укинувањето на делот “надлежноста” од таа законска одредба од страна на Уставниот суд (со Одлука У.бр.173/2000 од 4 април 2001 година), како и во член 1 од тој закон и член 61 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, а со тоа се повредувале и член 8 став 1 алинеја 3 и членовите 34, 51 и 96 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека наведениот правилник беше предмет на оценување во целина, па и во сега оспорените делови, од овој Суд, од иницираниот аспект и од истиот иницијатор (Решение У.бр.74/2001, 77/2001 и 78/2001 од 21 ноември 2001 година); притоа, Судот застана на стојалиште дека Правилникот всушност не уредува прашања на надлежноста на лекарските комисии иако го користи тој израз, туку дека го определува начинот на работата на лекарските комисии со цел остварување на правата на граѓаните определени со Законот за здравствено осигурување.

4. Со оглед на тоа што оспорените делови од Правилникот беа предмет на оценување од иницираниов аспект, а сега нема основи за поинакво одлучување, Судот, согласно член 28 став 1 алинеја 2 од Деловникот на Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр. 17/2002
27 и 28 февруари 2002 год.
Скопје
лк.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов